А да не пробуваш ич... Знаеш кој е ризикот од млеко и бисквити, ќе се научи на слаткичко нема да јаде друго. Подобро овесна каша направи со млеко. Мада на 10ипол мали ми се некако, ама па си викам тие од 9 што одат во градинка...
Мајка тоа е многу млеко, не е дека не ја најадува, ад е малку покалорично од кравјото, од навика се буди. Не давај млеко, намалувајќи го.
Леле менито во градинка... чоколино, чоколаден пудинг, бисквити и млеко кравјо, кашички со млеко кравјо. Секој ден
Ама ако не оди во градинка што ќе и е од сеа да јаде бисквити и млеко? Дете научи ли дека може благичко нема да јаде после друго, вие си знаете, ама додека можеме па зошто да не ги контролираме. Што знам, мое мислење, ама секоја втора мајка по групите за деца се жали од исхраната на децата.
Да да се согласувам. Се надоврзав за муабетот за градинка дека моево ќе почнува во септември на 9 ипол месеци па главна окупација ми е сега тоа. Не можам да го сварам менито.... Од една страна препораки кравјо до година не, а во градинка кашичките со кравјо млеко ги прават. Плус пудинзи, бисквити, сокови... Претпоставувам и сол дека има во манџите...
Почнува да не јаде мн и уште адд да го намалам како ке биде ? Денес и направив бисквити со битолско неразредено пола шишенце го изеде, сега да и дадам пак исто неразредено или да го разредам ? и по колку да и давам
Епа нормално дека не јаде, со млеко ја полниш, уште и бисквити внатре. Вие место да го откажувате млекото го наголемувате. Млеко после година е доволно наутро и навечер евентуално, ништо повеќе. 3 оброци и ужина, мора да јаде, од млеко не се напредува.
Кога, како и кое кравјо млеко го воведовте? 14м е, не пие АД, цица, сакам да го воведам заради градинка и ужинки (гледам пудингот од лино е со млеко - грисолино, чоколино)
Јас на син ми во кашички (пр гриз) му го воведов. Никако посебно направив гриз со млеко едноставно и толку беше. Битолско млеко. Син ми не пие кравјо млеко туку ад, кравјото му е само за во кашички. 15м има
Тоа и мене ми е план, не да пие, туку во кашички да проба да се смета за воведено. Цица мојот, пробувавме 2 месеци со АД не го прифаќа, ни за пиење ни за кашички.
И јас почнав да давам од време на време битолско во каша или со бисквити за вечера а си цица, млеко никогаш не се напил од шише.
Здраво ние сме 8 месеци и до сега бевме цело време на хип анти рефлукс но сега веќе би сакала да го сменам па до какво ад би требале да продолжиме или пак тетрапак?
Хип нормален земи си не мора анти рефлукс да земаш. Можеш да земеш да пробаш да му дадеш тетрапак доколку го пушташ во градинка зошто таму им даваат чоколино со тетрапак млеко.
Јас почнав да давам во оброци за вечера од 13-14 м со каши лино или нутрино и бисквити. Само млеко не пие, понудив не прифати, уште цица има 18м.пие само вода