Доста е, максимум 500 мл во цел ден треба да биде. Не му е веќе млекото основна храна, си јаде и друго.
Дали го спремате гризот со кравјо млеко? 8 месеци сме, сакам да го воведам сега ама ме буни моментот со кравјото млеко. Не е многу мал за тоа? Додуша пробавме јогурт, кисело млеко, урда (не е баш фан). Од кога им дававте?
Можеш да го користиш кравјото за готвење, само не да го даваш за пиење јас додуша ставам малку колку да смени малку на вкус, повеќе вода ставам или некогаш заборавам и само со вода го правам ама користам кравјо млеко за во рецепти
Генерално алпско, ама знам да ставам и што имам дома за нас ако е мала количина за го мафини, и сл. (обично некое од стокомак)
Скоро 2годинки ке полниме и уште сме на Хипп3.Не дека нешто ми пречи супер напредува хранливо е.Сакам да давам кравјо после втората година.Какво давате вие или сеуште сте на тие адаптираните.
Ќе правиме скоро 1година, на 2 шишиња сме сега аптамил 2 , како да ги исклучувам полека, наутро кога ке стане плаче одма за млеко, што да давам сакам да завршиме со АД после 1г, дали смеам со кравјо да заменам ?
Ако уште сака да пие млеко, продолжи до АД. Уште нема годинка, не брзај со крајво млеко. Тоа ионака нема ништо хранливо во него. На другар близок, работи во млекара, самиот ни кажа, дека ни м од млеко нема во тетрапак. Ама секој си одлучува како мисли.