Јас од пред еден месец почнав да им давам Кравјо. На 10 месеци. Едноставно снемав дома Babylove од дм, го немаше ни да се купи, им дадов кравјо немаа реакција никаква и си продолжив. Мегле им давам тетрапак.
Mamicki da ve prasam vo vrska so mlekoto na vasite doencinja. Skoro ke sme 8m i koristime Novalak2 (po preporaka na maticen normalno) , megutoa sum citala i na net so kravjo pred godina nikako, (kravjo kozjo ovco) malu me pritiskaat da ja prefrlam na kravjo moite ... kako gi hranite vasite angelcinja? P.s. cicana e 4 ipol m (mi sekna)
Зошто те притискаат? Мојата е на ад и до годинка ќе и давам. Кравјо може еве во кашички да ставам некогаш, ама да пие ми е нон сенс. Кога гледам како мајки на 4-месечни бебиња им даваат кравјо, немам коментар. Претпоставувам и твоите затоа ти викаат да даваш зашто слушнале дека други бебиња пијат.
Препорачуваат со ад до 12 месеци. Ние сме со аптамул од раѓање и ќе тераме така до 13 месеци (така планирам).На тие што инсистираат подобро објасни им зошто е тоа така, и не надевам дека еден од нив не е мм
А зашто кравјо млеко кое не е своиствено да го пијат бебиња како оброк. Ок да се става во кашички и јас ставам. Ама се знае што треба да пие...млеко наменето за човек за бебе. Ако се нема мајчино тогаш се знае дека замена е АД кое е најприближно до мајчиното и со сите потребни витамини. Кравјо нема витамини и е кравјо млеко. Можеш само да направиш беља т.е. нетолерантност и подлога за алергии и да бебе дојде до анемија. За мое дете јас одлучувам и колку што јас го сакам и му мислам добро, не постои виша сила која би ми давала несвоиствени совети. Ако станува збор за финансии сепак веќе е скоро 8мес и сигурно не пие количина колку што пие помало. Значи горе доле не е дека е којзнае колку пари трошок. Поубаво трошок на АД отколку по лекари и медикаменти за алергии и анемија. Ниеден стручен педијатар, неонаталог,алерголог па ни било кој доктор од било која бранша во медицината нема да дозволи и се категорично против за бебе да пие кравјо млеко. Твое дете и ти одлучуваш и нема што да слушаш околина, ако сакаат нека си пијат они кравјо. Јас имам 38г и никогаш кравјо млеко не сум пиела,ок во кафе или некој оброк ама онака чаша млеко да пијам никогаш. Не слушај глупости и давај си АД соодветно за месеците и немој да дозволиш дете да дојде до анемии и алергии. Имаш за ова милион истражувања и статии медицински и научни за до што може да дојде доколку бебе пие кравјо млеко како оброк.
Не дозовлувај друг да влијае за твоето дете. За кравјо и до 2 год не се препорачува, така да гледај да го избегнуваш највеќе што можеш. Ѕирни на ју туб видео исхрана кај доенчиња со сајковски и појасно ќе ти стане за некои работи посебно околу млекото. јас кравјо немам дадено, сега знам во градинка со доручек ќе му дадат ама и тоа ќе е мала количина, а скоро 17 месеци сме.
Точно така. На јатрвата детето бидејќи пиеше кравјо, сега и е анемично и не може да се опорави. А замисли уште му дава Не знам како некои луѓе немаат пари за ад да купуваат, а за други глупости имаат.
Ако си дала јогурт, урда, сирење и слично си дала кравјо млеко. Исто е. Внло детето кравји протеини. Не е кравјото млеко отров, сите го консумираме секојдневно па и бебиња штом ќе почнат со кисело млечни производи. Околу давањето млеко си има правила. До година дена не се дава на бебе како замена за мајчино или АД млеко пред се заради можноста од анемија (има многу калциум и не дозволува врзување на железото). После година дена се дава најмногу 500 милилитри млеко или млечни производи вкупно во денот. При тоа се знае дека на пример 30 грама сирење/урда менува 100 грама млеко/јогурт. @sofi2107 ако детето е алергично на лактоза само тогаш ќе му смета обично млеко. Ако е алергично на проетини од млеко ќе појави алергија и на било кој млечен производ. Не стварајте фама околу давањето млеко. @Marija_Magdalena барем до година дена па и подолго бебето треба да пие АД како замена за мајчино никако кравјо.
како исто кога не е исто? кравјо е да, но не е млеко. јогурт е ! ако прашаш педијатар што е подобро јогурт или кравјо млеко ќе ти рече јогурт.
Исто е од аспект на хемиски состав. Јогуртот е само полесно сварлив зашто е веќе ферментиран и има помалку лактоза (само лактозата како млечен шеќер ја има помалку зашто габичките се хранат со неа). Исто како што во вино како феремниртрано грозје има помалку шеќер од гроздов сок. Јогуртот полесно се вари бидејќи млекото прво во желудник ферментира па потоа се разложува на други компоненти, јогуртот стигнува веќе ферментиран. Проста хемија од 7 одделение. И не е во сите земји препорака дека се почнува со јогурт. Еве официјална препорака во Британија од нивниот здравствен систем. Си пишува после 6 месеци може да се воведе млеко во исхраната на бебињата ама само за готвење не како замена за мајчино или ад млеко. https://www.nhs.uk/Livewell/Goodfood/Pages/milk-dairy-foods.aspx
Како што кажа, јогуртот е полесно сварлив. Кравјото млеко е потешко сварливо, уствари најтешко од било кое млеко. Иако козјото не содржи фолна како кравјото, сепак е полесно за варење и поблизу до мајчиното. Кравјо се препорачува количински колку да направиш сутлијаш или пире. Не повеќе.
Јогурт ќе му дадеш да се напие еднаш или да ставиш во солена каша. Тука збориме за хранење со кравјо на 3 саати што ми е незамисливо, а има и на 4-месечни бебиња им даваат зашто немале пари за ад.
Не се слагам. Нетолерантност и можност да цревната флора попушти и дојде до подлоги за алергии има големо влијание и кравјото млеко, а највеќе појавата на алергии. Не се дига фама за нешто што научно е докажано дека е така и има истражувања и факти. Кравјото млеко се употребува за додаток во напиток или оброк. А како целосен оброк не...зашто е кравјо млеко и е од крава која намената му е за прехрана за своето бебе/теле. И не е исто кравјото млеко со јогуртот или киселото млеко. Сосема различна приготовка, состав, волумен и хранливост. За подетално има стотици студии па и педијатар или алерголог да се праша тоа ќе го обкасни и образложи. Еве еден линк кој убаво сце е објаснето за кравјо млеко и дали е исто со јогурт или к.млеко. http://www.milijanadelibasic.com/kiselo-mleko-ili-jogurt/ Едит: друго е да го ставиш кравјото во оброк малку па и рерко се користи освен кога правиш некоја од кашине во кутија. А друго е да го даваш на бебе како оброк т.е. замена на м.млеко или АД неколку пати дневно како оброк. За тоа зборевме а не за минимална количина користење во оброк да додадеш. Што нормално сите го користиме. Ете јас фрутолино со Алпско без лактоза правам. Ама давам 1днаш наквеќе 2пати неделно.
Не, не го кажа истото. Ми велиш исто било да дадам јогурт и млеко. Не е исто. Баш дека е проста хемија од 7мо одд треба да се знае што значи ферментација на производ.
А да прашам кога веќе е развиена дискусијава за кравјо млеко. Од 7+ сакам да му воведам кисело млеко на синчето (кравјо и козјо). Тоа верувам ќе речете океј. Кога ќе тргнам на работа на негови 9+ планирам да продолжи да цица, но во времето кога не сум дома ако бара млеко уште сум во мисла дали да давам ад или козјо млеко (домашно можам да најдам ама купечкото посигурно е во однос на чистота). Може и ќе останам на ставот да пие ад ако бара млеко, а само млечни каши да му правам со козјо. Вие како би направиле? Би дале ли козјо? Јас би ад ама иако има пиено кога имаше месец сега не го сака имам пробано, па не знам дали ќе го прифати и на 9 :/ па не знам дали д афорсирам или да дадам козјо.
Можеш и да се одмолзуваш и да стои во фрижидер и од тоа да пие. Ако немаш доволно млеко пробај со ад, сепак ад е подобро зашто е приспособено за бебешки стомак, но ако одбие онда оди на козјо.
Ako me veruvas, sekoe doaganje samo prasuvaat..i .. koga ke ja prefrlis na kravjo? Doagaat svekormi i svekrvami i oni. Koga na kravjo ta koga.. eh si vikam.pijtego kafeto i da ve nema ke si teram so formula i ako me prasaat pak ke im recam kravjo e be ela probaj