И мене ми потенцираат дека е прашок, а битолско тетрапак што е? Абе смешни се таквите, мајке ми. А и свекрва ми ко ќе лупне да и давам тетрапак, само и упатувам остар поглед и одма заќутува
И мене ми е смачено од тоа, зарем уште му даваш вештачко? Им одговарам не е вештачко адаптирано за потребите на детето е. Еее па ти јас од четири месеци му давам кравјо. Твоето е големо 20 месеци. Им велам јас нема да му го заменам со кравјо, па добивам една фаца и мафкање со рака како демек будала сум јас, плус и најскапо сум давала аптамил, и тоа водат грижа. Викам, а како му е крвната слика на твоето. Вика супер. Ок тогаш. Му кажувам пример за дете што од осум месеци беше на кравјо и стигна до анемија на 20 месеци и му рекоја веднаш да му го прекини кравјото и го пратија на испитувања скопје на државна оти приватно било 400 евра. Е не му било до кравјото оти тие знаат, педијатрите не. Нив им се погодила кравата
Во право си точно се кажано.Јас како мала бев анемична,а сега нема на што не сум алергична.Затоа сега јас на баба ми ќе и земам крава да си ја молзе и 24 часа да пие млеко
Не мора. Еве, големиот не пие, не пиел никогаш освен една две чаши во градинка, и малово не сака и не форсирам. Пијат јогурт, јадат изварка и сирење, доста им е. Ќе си пораснат и без млеко.
Синчето до 10м цицаше и сам се одби.. се боревме една недела, не бе не сакаше веќе да цица, ми дуваше во гради наместо да влече и ме буткаше. Прејдов на адаптирано Нан, но не пиеше повеќе од 100мл, па ни толку... На 1год пробав да му дадам кравјо и тоа не го сакаше. Ама затоа јогурт, к.млеко, сиренце, кашкавал си крка.. и ден денес ретко да се излаже да пие млеко. Пие ако јас пијам нескафе, па и тој сакал "кафе", па му правам несквик Јас нематено го пијам, па примети еднаш дека е различно моето и ми бараше од тогаш никако во проѕирна чаша
За цврсти коски улога не игра само калциумот, тука најбитно е Д3. Џабе калциум ако нема Д3. А за забите не е толку важен иако помага во млечната и првите години од трајната дентиција, а со тек на време нема баш некоја улога во нивното здравје. А има толку многу други извори на калциум, кои се дел од секојдневната исхрана. Факт е дека најмногу калциум содржи свежото сирово млеко, а такво не би дала, барем не непастеризирано. А и некако порадо би го примала и јас и децата од други извори, знаејќи дека кравјото млеко води до анемија и микрокрварења во цревата, бидејќи ги оштетува ресичките на нивните ѕидови. Листестиот зеленчук, гравот, леќата, од млечни производи изварката (не урда), тврдите сирења, јогурт или кефир. Сардините исто содржат големи количини калциум. Семињата (сусам, чиа, целер, мак, сончоглед) исто содржат доста калциум. Морската храна, сувото овошје, бадемите...сите тие содржат калциум. Така што, немаш причина за грижа.
ааа епа добро тогаш, таман сте за тетрапак! Добро бе, се информирате ли за некои последици пред да донесете одлука? Тетрапак на 4 месечно?!?!
I na 2 mesecno davaat..nemam komentar Bitno im e da kazat: "dobro go prifati" Sin mi vo juli ke polni 2 godini pa seuste e na ad.
Даваат и на помали од 2 месеци, да не речам, тукушто родени. Ама оди убеди се: имаме човек со проверена крава, е подобро од вештачко и кузнае шо има внатре
Не сакам да бидам сфатена погрешно. Зошто некои се одлучуваат да раѓаат кога не се во можност да си го хранат детето со она што е за бебе, а тоа е ад ако не може мајката да дои Значи тетрапак на 4 месечно бебе, немам коментар навистина
Iskreno ne znam sto e pricinata, jas mu go davam nego od dm- babylove. Evtino e i pie samo pred spienje. Gledam mnogu go davaat i na bebinja. Znaci ima resenie. A koa ke procitam ej nie, ej nasite..vaka taka rasteni Epa aj ako ne da se vratime u toa vreme da ziveeme, beter od amishite.
бебето може да ти добие крварење на цревата поради тетрапак млекото.Исфрли го од употреба и до годинка не ни помислувај на него
Auu fala vi na prekrasnite zborovi..... voodusevena summ Ama koga pedijatar ke ti preporaca tetrapak vas li da ve slusam ili nego???? Pobarav pomos za povekje mleko a ne da mi solis pamet dali sum sakala da ragam ili ne ... stom sum ja rodila znaci deka sum ja sakala poveke od se MAJKA !!!