Da mene pedijataroy mi preporaca tetrapak mleko da mu davam,bidejki vo kravjoto domasno moze da ima nekoja bakterija a dedeto seuste nema imunitet i dobro si napreduva deteto Sekako prvo se konsultirav pa pocnav da mu davam nisto na svoja raka
Смени си го педијатарот и кажи му да си ја фрли дипломата. Подобро најди козјо млеко ако веќе даваш тетрапак. Си пробала да смениш со друга марка адаптирано, може тоа што со го давала не му одговарало. Си му проверила крвна слика скоро?
Мајка, како кравјо тетрапак на 5-месечно бебе? Свесна ли си за последиците? А за педијатарот твој немам коментар, Т.Е. не ме чуди ништо веќе. Смени го одма.
Би ти препорачала да побараш и втото мислење од друг педијатар тој што ти кажал дека е во ред да даваш тетрапак на 5 месечно бебе не е за верување. Кравјото било домашно или тетрапак е штетно за деца под 12 месеци, протеинот што го содржи тоа млеко бебешкиот организам не може да го свари и не дај боже може да дојде до оштетување на бубрезите,анемија плус има многу содиум недостаток на железо,витамин Е и многу други минуси.
Каде живеш ако не е тајна, што има вакви " Учени" педијатри кој препорачуваат кравјо млеко на бебе. Мене мојот перијатар ми има кажано " Кравјо млеко во животот воопшто не му треба, ако даваш млеко подобро давај козјо. Моево дете е 15 месеци па јас сеуште давам адаптирано барем до 2 години.
Мaјки ние сме 8 месеци ,пoчнa дa ми гo oдбивa aд млекoтo и денес му дaдoв крaвјo.Гo прифaти без прoблем.Ме интересирa кaкo дa гo дaвaм,пoлa сo вoдa или?
Малата моја е 13 месеци и сеуште цица.Сакав да воведам млеко во шише да пие барем пред спиење пошто ќе тргнам на работа а и да ја отргнам малку нон стоп би цицала.Пробав со адаптирано ми го одбива се мислам да пробам со кравјо млеко.Кое го давате вие и кое е најдобро и совет како да почне да пие млеко од шише.
На 13 месеци може без да цица неколку пати на ден, кога те нема. Кога си дома, нека цица. Не му треба друго млеко. Не го учи да заспива со шише.
Мојот од кравјо млеко до сега неколку пати пробано дали од село донесено дали од маркет купенопа сварено добива грчеви и не спие по цела ноќ макар биле прбани и две голтки од него. Сеуште цица а после цицањето ќе пробам до козјо.
За бебиња до година дена само консултација со педијатар. јас знам дека до година дена не се дава кравјо/козјо и било какво млеко што не е АД заради ризик од анемија и слично. Инаку кога се дава млеко и млечни произовди се даваат со полна масленост. Не мора да и нудиш да пие млеко од шише за спиење над година дена. Млекото нека и биде дел од оброци за да внесува млеко и/или млечни производи. Треба да внесува околу 300-500 милилитри млеко или млечни производи од 1 до 3 години. Се додека ја внесува таа количина ОК ќе биде. Може ако сакаш ти и таа да си цица кога ќе се вратиш од работа.
тешко е кравјото. Кај тие деца што нема грчеви не значи дека им е лесно на меше. козјо ти е добра одлука . полесно е од кравјо 100 пати