ЕВЕ ЕДЕН МАЛ ФАКТ: Вие ќе умрете. Дали ова ве загрижува? Ве замолувам да не се плашите. Ако ништо друго, јас сум праведна. Вака започнува книгата, целото дејство го раскажува Смртта, каде што авторот сакал да прикаже дека дури и смртта понекогаш има срце, не е црна каква што ние ја знаеме. Со ова што ви го пишувам свесна сум дека нема да можам целосно да ви ги пренесам емоциите кои што ги почуствував додека ја читав книгава. Единствената книга која што успеа да ги извади солзите од моите очи, не успеав да се воздржам Настаните се случуваат за време на Втората Светска војна. Како што кажав раскажувачот во оваа приказна е Смртта, лик кој што секогаш е присутен помеѓу неа, лик кој што успеал да види многу работи. Станува збор за Крадачка на книги, и заедно со неа ја дознаваме судбината на сите останати ликови во книгата. Се работи за : – Едно девојче сираче – Еден хармоникаш со сребрени очи – Неколку Германци фанатици – Еврејски боксер скриен во подрум – Многу запалени книги – И многу кражби Таткото кој ќе го усвои девојчето, со сребрени очи кој ќе ѝ помогне да се навикне на животот во новиот дом, добродушниот човек кој дава ветувања и истите знае да ги исполни, кој прекрасно свири хармоника, човекот кој му подарува парче леб на еден стар депортиран Евреин, ризикувајќи го својот живот.Мајката, отсечна, груба жена, но со огромно срце, како малкумина во тоа време. Руди, нејзиниот најдобар другар, соучесник во детските авантури, љубовта на нејзиниот живот, ветениот бакнеж. Макс, еврејски боксер, со коса како птичји перца, сокриен во нивната визба, кој црта и пишува зборови само за неа. За Крадачката на книги. И уште многу други мали, поетски насликани ликови на една прекрасна книга. Во оваа книга е претставена другата страна на Германија, онаа добрата страна која што ја сочинуваат добрите луѓе и насмеаните деца кои што неуморно си играат на улиците. Но да не откривам многу, останатото ви го препуштам на вас. Прочитајте ја, но ве предупредувам земете со вас додека ја читате марамчиња бидејќи нема да останете рамнодушни.
Крадачка на книги - Маркус Зусак АУуу ама се напнавте со книгава. Верувам дека е убава, ама штом има филм што излезе пред да почнат сите да паѓаат во несвест од кога излезе книгата не сум заинтересирана за истата има многу подобри книги со многу подобра тематика за читање од книги според кои се направени филмови, според мене. Па кој/а како си сака.
Крадачка на книги - Маркус Зусак Тие што го немаат гледано филмнот нека ја читаат верувам дека е преубава, ама јас не можам од кога ќе го изгледам филмот книгата да ја читам. Извини, за претходниот пост.
Го имам гледано само филмот и 1-10, чиста 10ка. Ни во еден миг не ми стана досаден . И книгатаво скоро ќе почнам да ја читам.
Од книгава имав големи очекувања..но морам да кажам дека не ме фрапира ама не ме ни разочара. Книгата е добра, деловите каде што се опишани Германија, Хитлер, улицата Химел, Ханс Хуберман делот каде што е претставен Михаил и Сталинград, бомбардирањето баш ми се допаднаа. Мислам дека Маркус би можел да се потруди малку повеќе за другото...Небитно.. се на се супер е. Пораката е неизбежна во секој случај.
Филмот го гледав и ме фасцинираше.. на план сум и книгата да си ја купам...знам дека ќе биде исто толку добра колку и филмот ако не и повеќе
Мене лично книгата ми е 10 пати поубава од филмот. Во филмот се прескокнати толку важни сцени, што не ми се веруваше кога го гледав.
Јас прв пат ја го фледав филмот 2013 2014 година веднаш штом излезе, се опседнав и веднаш ја купив книгата окако дознав дека ја има кај нас. Тогаш ја имаше само на англиски, но сега ја има и на македонски скоро вп сите книжари, доста ја рекламираат. Филмот беше далеку од лош но кногата според мене доста подобра. Прва книга што ме расплака.