1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крадец на колачиња (Џерис О. Авад)

Дискусија во 'Книги' започната од fashion.owl, 15 август 2013.

  1. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Секој живот е приказна која вреди да се раскаже. Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна.

    Во тешкото и искусувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот. Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да не потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак се сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.

    Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе.


    Мое мислење:
    Книгава е неверојатна. Има многу приказни во кои ќе се пронајдете. Ќе ве остави да се запрашате и ќе ве научи на многу важни работи во животот. Ја препорачувам на секого.
    Искористете ја за да направите промена. Промена кон подобро. ;)