1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крадење на убавината (Stealing Beauty) [1996]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 8 јули 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Stealing Beauty - филм во режија на легендарниот Bernardo Bertolucci кој е дефинитивно еден од моите најомилени филмови и кој никогаш не ми е здодевно да го извадам од мојата скромна колекција и да го пуштам по не знам веќе кој пат.

    [​IMG]

    Зошто? Заради магијата која ја пренесува со секоја секунда помината во гледање. Елегија преточена во филмски кадри. Поезија, уметност, прекрасната Тоскана и можеби најдобриот филмски саундтрак кој воопшто сум го чула.

    Лив Тајлер и Џереми Ајронс во главните улоги се прекрасни. Темата е интересна - девица доаѓа за распуст во Италија. Да се заљуби или да го открие своето потекло?! Фрлена во една неконвенционална измешана средина на интелектуалци, уметници, секс фрикови, Луси (Лив Тајлер) се соочува со повеќе предизвици.

    Дали сте го гледале филмов? Каков впечаток ви оставил?
    (патем ако не го погодив преводот ја молам модераторката да ме поправи)

    Повелете трејлер. Ако не сте го гледале од се срце ви го препорачувам, верувам дека и вас ќе ве маѓепса...минимум сцената во која се слушаат познатите звуци на Portishead :)

    http://www.youtube.com/watch?v=A_vhVORv-Lk
     
    На boomsleng, elimkd, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Не сум го гледала филмов,ама толку убаво го опиша што морам да го симнам се надевам ќе го најдам :)
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Значи моментот кога го видов филмов во темава, знаев дека Пирамитка го ставила ептен е нејзин стил :)

    Според мене ова е еден од најдобрите филмови некогаш снимен. Во состојба сум да го гледам секогаш, без разлика на расположение и после тоа секогаш имам една насмевка џоа наркоман кој не видел дрога со денови па денес му се посреќило.
    Сцените, совршената Тоскана, поезијата, уметноста, страста на глумците....се апсолутно се си е на место. Секој израз на лицето ја доловува атмосферата.
     
    На boomsleng, elimkd и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Значи филмов е најнајнајпрекрасен.Дејстивито се случува во Италија и кастингот е предобар, барем мене лично ми се допадна.Лив Тајлер ми е многу убава во филмов, а за сценариото немам зборови ОДЛИЧНО. :)

    Ах Италија....... :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Филмов е од ретките кои по завршувањето истиот ден чекав прилика и повторно го пуштив. Преубави пејсажи, природа, занимливи карактери, Лив Т. прекрасна, невина, наивна, баш ја долови улогата, лето кое и одржа животна лекција и ја претвори во жена.
     
    На Snowflake99 и boomsleng им се допаѓа ова.
  6. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Филм што не се заборава и вреди да се гледа. Класика, ретко има толку добри филмови сега како филмовите од 80 и 90-тите.
     
    На elimkd и boomsleng им се допаѓа ова.