хахаха, само што почна серијава, и јас тема да пишам Tука можеме да коментираме за серијава, која почна сега на пинк15 Cе работи за 23 годишната Tереза, која се заљубува и живее со дечкото, кој е дилер на дрога,а кој треба да биде леквидиран.... Cеријава се работи за мафија, картели, GODFATHER и тако даље сами ќе видите
Lа reina del sur (Pink15) Содржина: Во серијата се зборува за Тереза Мендоза, која од млада и невина девојка со сиромашно мексиканско потекло се претвора во кралица на мафијата и трговијата со луѓе и дрога во Европа. Еден телефонски повик ќе го смени животот на наивната Тереза од корен и од неа ќе направи жена пред која и најголемите нарко дилери и мафијаши ќе се поклонуваат. Нејзиното момче Геро Давила е убиен од мафијата поради тоа што ги прекршил нивните правила и поради тоа што открил доверливи информации на јавноста. Со тоа и животот на неговите најблиски е загрозен, меѓу кои и Тереза. Таа е приморана да бега од малото мексиканско гратче кон Шпанија и да стане моќна кралица на мафијата за да ја одмазди смртта на Геро. Имате голема препорака за серијава јас познавем луѓе кој што веќе ја имаат изгледано серијава и велат дека е феноменална. Има вкупно 63 епизоди и е една од најскапите серии снимени досега. Јас денес ја гледав првата епизода и ми се допадна серијата, од мене добива зелено светло и ќе продолжам да ја гледам. Инаку серијава се емитува на Пинк 15 од понеделник до петок во 18:30 часот http://www.youtube.com/watch?v=EZo8-EEMSg4 http://www.youtube.com/watch?v=LHbrMIe6rfg
Lа reina del sur (Pink15) Добро бе никој ли не ја гледа серијава, нема коментари ??? Инаку јас денес ја пропуштив втората епизода, Лудото19 ако си ја гледала денешната (втора епизода) ќе може ли накусо во кратки црти да ми кажеш што бидна со Тереза и што се случуваше во епизодата ?
Lа reina del sur (Pink15) а ќе има сабота или недела реприза на сите пет епизоди.Јас денес на фемина прочитав дека почнале да ја давааат на Пинк 15
Lа reina del sur (Pink15) Мислам дека нема репризи во сабота/недела. Али можеш на линкот да си ги изгледаш првите 3 епизоди и после да продолжиш на Пинк 15 да си ја гледаш серијата, утре (поточно денес, 5 часот сабајле е ) ќе биде четврта епизода. На овој линк ги има сите 63 епизоди од серијата http://msnlatino.telemundo.com/novelas/ ... Sur/videos
Lа reina del sur (Pink15) Мајка ми ми рече дека ја немало вчера во 18:30... Како што дотогаш било... Може некој да ми каже во колку ја даваат премиерата а во колку репризата... Фала однапред
Lа reina del sur (Pink15) Kралица на југот, јас сега дознав инаку за тие што ја следат од 15 часот оди, супер е серијава, фала богу умре шпанската романтика, сега се повеќе мафијашици стануваат цуриве
Кога ја видов темата помислив на форумџиката La reina del sur Се велам што е оваа работа да не треба да ја коментирам форумџиката Инаку la reina del sur да не значи кралица на југот Не сум сигурна за sur што значи
Еве бидејќи јас одлично знам шпански (да не речам ми е како втор мајчин јазик ) , преводот е перфектен. La (тоа е член пред именка) Reina (Кралица) del (на) Sur (Југ) La Reina del Sur = Кралица на југот
де бе луѓе никој не ја гледа серијава??? Mногу е добра, спроед книга е правена леле ама беше убаво во галицијаааа Mногу убав пар ми се Tереза и Cанти, Spoiler баш ми е жал што мафијата ќе го скине и него, како и предходниот нејзин дечко Aма опасна е Tереза не можам да дочекам кога ќе стане мафијашица
Изгледа од форумов само јас и Лудото19 ја гледаме серијава Како и да е, досега јас сум фасцинирана од серијава ... едноставно неможам да најдам зборови со кои што ќе ја опишам колку е добра серијава. Досега до 20 епизода беше одлична, но сега од 20 епизода па натака со самото појавување на новите ликови и вмешувањето на Руската мафија серијата ќе стане уште понапета. Инаку незнам тие што ја гледаат серијава дали сте приметиле дека во серијава глумат Шпанци, и зборат баш вистински шпански јазик, вистинскиот Шпански јазик се разликува по акцентот, шпанците зборат онака пооштро, поотсечно и побрзо, а додека останатите актери од Мексико и Колумбија зборат помеко. Таа Пати плавушата (лезбејка е) она збори баш вистински Шпански јазик. И еве еден многу убав трејлер, погледнете го: http://www.youtube.com/watch?v=FLxaEIqKV3Q
Е јас да си кажам дека ја изгледав серијава ... Крајот не беше фасцинирачки, али јбг тоа е xD... Spoiler Тереза лезбејка ќе испаднит и заедно со Пати ќе завршит иначе ептен ја сакам серијава, а и книгата е феноменална (5пати сум ја прочитала)... сеа ќе си ја гледам пак, на една страница на нет за теленовели
Се емитува ли уште серијава на пинк 15 или заврши? Ако заврши, дали има нова серија на нејзино место во терминот од 15 часот? И која е?
Не е фер Јас ли бев или стварно така заврши... на интернет имаше инаков крај серијава ај кажите ко ќе завршит на пинк15 каков е крајот ради што јас досега 3 различни краја сум видела до мене ли е или до нив ??
леле прв пат ја гледам темава... серијава баш вчера заврши на ПИНК (обичната).. навистина ќе ми недостига серијава.. имаше само 63 епизоди и небеше воопшто како другите шпански лимонадки.. и крајот ме бендиса.. актерката е преубава Пoследна епизода: Spoiler Тереза се враќа во Мексико за да сведочи против Епифенио.. син му од Епифенио му ја убива цела фамилија на Бетмен, и потоа се обидува да ја убие на Тереза, но во таа пресметка Тереза ќе го убие него.. Тереза сведочи против Епифенио и него ќе го приведат, а Тереза почнува од почеток нов живот, сама со бебето што го очекува
ЈА гледав и интересна беше серијата некако те тера да навиваш за мафијата ама тереза ме нервираше понекогаш некоја опасна се правеше ама се на се пак беше добра