Кралска крв (Харолд Робинс)

Дискусија во 'Книги' започната од canary, 23 јули 2013.

  1. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Оригинален наслов: Blood Royal


    Харолд Робинс и овој пат воодушевува. Остави зад себе вистинско богатство на идеи за нови романи, како и дела што ги започнал. Останаа недовршени затоа што тој почина во 1987 година. Неговиот издавач и многу други луѓе работеа со внимателно избран писател на организацијата и комплетирањето на неговите идеи. Така настана овој роман на Робинс, инспириран од неговиот начин на раскажување, верен на неговиот стил.

    Љубовта, неверството и одмаздата се главните елементи на овој роман.
    Нејзиното кралско височество, принцезата од Велс, е само една обична млада жена пред да се омажи за престолонаследникот и да стане идна кралица. Нејзиното венчавање претставува светска сензација. Но, само пет месеци по венчавањето, бајката се претвора во ноќен кошмар - принцезата почнува да стравува за својот живот и насетува дека членовите на кралското семејство коваат заговор да ја убијат...
    Експлозивен трилер за гневот на љубомората и неисполнетите копнежи, за сексуалните измами на еден од најмоќните луѓе на светот и за крвавата одмазда на презрената жена.

    Топло Ви ја препорачувам оваа љубовна драма понеизвесна од трилер која предизвикува воздишка со читање на последната страна од книгата.
     

    Прикачени фајлови: