Краставица диета

Дискусија во 'Диети' започната од sadgirl21, 12 мај 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план е многу едноставен: постојат само неколку намирници кои се конзумираат,а самата диета се спроведува десет дена.
    Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати: губиток од 7 килограми –секако во зависниост од нивото на физичката активност.

    Како практично изгледа краставица диетата ?

    Основата на оваа диета е салатата од краставици коja може да се конзумира во неограничени
    количини секогаш кога ќе се почувствува глад.Салатата е богата со нутритиви и не мора да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на десетодневниот режим.Останатите намирници кои се јадат во текот на денот се:

    2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од масло или 150 гр бело месо на скара.
    2 поголеми варени компири(може да се варат,печат во рерна но да не се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб.;
    500 грама свежо локално одгледувано овошје.
    Од течности се пие обична вода ,чај а дозволено е и кафето (без шеќер).Строго се забранети газирани пијалоци,алкохол и слатки.

    Со секој оброк како и помеѓу оброците –може да се јадат неограничени количини салати од краставици или да се пие шејк од краставица-значи кога ќе ве нападне гладта слободно навалете на салата или шејк.

    Пример на мени :

    Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици;

    Ужина:5 сливи или едно поглемо јаболко или праска...или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 гр.;

    Ручек: Тостиран интегрален леб+ чинија салата од краставица;

    Ужина: Шејк од краставица (види го рецептот на крајот од текстот);

    Вечера: Овошје по избор (до 300 гр )

    Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужината и оброкот)
    може да конзумирате неограничени количини салата од краставици.

    Како се подготвува салатата од краставици?

    Салатата се подготвува брзо и многу е едноставна.Потребните намирници се :

    окoлу 400 гр краставици;
    2 дцл кисело млеко или јогурт(кој има домашен кефир може да го употреби-варењето ќе му биде повеќе од благодарно);
    доколку сакате и млад кромид.

    Начин на подготовка:

    Излупете и исецкајте ги краставиците на сосема мали парчиња.Посолете ги,лесно промешајте за да правилно се распоредат и прелијте ги со кисело млеко,јогурт или кефир па повторно промешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид и ...веднаш сервирајте.

    Шејк од краставици

    Во блендер ставете : една млада краставица (заедно со кората-секако добро измиена), една рака добро измиен спанаќ,едно кисело јаболко.По желба додадете малку изрендан свеж ѓумбир или ѓумбир во прав.Добро изблендирајте го ,налите го во чаша и одозгора посипете со парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо затоа што ако стои подолго – губи хранливи материи.


    Овој напиток ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали,а посебно со витамин А и К.Напитокот е исто така богат со влакна,магнезиум,железо,витамини Ц,Е и Б како и калциум и калиум.Цел спектар на сето она што ни е потребно и сето тоа во една чаша.

    Додатни напомени

    Иако ова е многу едноставна диета ,потребно е да обрнете внимание на квалитетот на намирниците - користете само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач.
    Умерената физичка активност е битна работа кај секоја диета па и кај оваа,па получасовното брзо шетање (тоа е она шетање кога почнувате да се потите )-значајно ќе помогне во губењето на вишокот килограми.
     
    На MMReb и Avenged им се допаѓа ова.