1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кратово

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 5 септември 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Сте биле ли во Кратово и каков впечаток имате за ова место. Јас да ви кажам убаво е за еден ден да отидеш, па прошаташ, ама за млади таму да живеат не е. Не се криви луѓето, некој таму се родил кај да оди, ама сепак мислам дека државата треба да ги заживее овие мали места. Да се отвори некоја фабрика, да имаат луѓето каде да работат макар за 150 евра, верувам ќе бидат благодарни. Ќе заживее местото.
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Се согласувам со тебе. Треба да се инвестира во сите делови од Македонија за да се врати животот во помалите места. Јас сум родена во Скопје и живеам тука, но искрено мене воопшто не ми се допаѓа. Многу сакам да живеам во планина, имам и викендичка на една планина во Западна Македонија но за жал нема каде да се вработиме и има многу малку луѓе кои живеат таму. Скоро сите доаѓаат за време на летниот и зимскиот распуст. Скопје е многу загаден град, голем е, но животот е стресен и добра работа за нормална плата тешко се наоѓа. Имам желба во иднина да се преселам во помало градче како Маврово, Охрид или пак Струмица, а во Скопје би доаѓала 2 пати во месецот :D
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Во право си од многу наплив и во СК нема леб веќе. Јас работев таму 3,5 год, ама откако ми пропадна фирмата си најдов работа во мојот град за солидна плата и добро е. И јас така сум мислела да заштедам пари па да си направам виекндичка, макар монтажна, аам палц немам па би искористила нива од моите. Ама тоа е далеку од град. Работата не врзува за градот. Инаку има убави мали места ама без работа и без пари џабе. Само Скопје се гради, а другиве места се исти 100 години. Баш за кратово познаници од таму ми кажувале - абе да дадат колку за опашка од лавовите Кратово ќе мрдне.
     
  4. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Ее и едно големо ДА за нивите :) Со оглед на тоа колку е скапа храната денеска многу е исплатливо да имаш нива барем нема да се плашиш дали утре ќе имаш за леб. А за куќа доволно е да се има и една помалечка, па во времето на дедо ми 10 души спиеле во 2 соби, а сите од нив станале луѓе :) Си требаат инвестиции надвор од Ск и тоа како (фабрика, школо, болница). Во Скопје еве ќе работиме ама за колку пари? За 8 000 денари месечно, а како што се цените високи со тие пари не се живее. Затоа нивата е добра инвестиција ,можеби работата е напорна, ама па подобро тоа отколку да работиш во некоја фирма за ич пари кајшто нервите ќе си ги уништуваш секојдневно од прости и невоспитани луѓе, како и работодавци чија главна цел е да заработат многу пари на туѓ грб.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124

    Сум чува дека провинцијалците кога ќе дојдат во Ск, на газдите им предложуваат да работат за помалку пари само тука да останат. А што ќе прави некој од страна со 12000 на пример?
     
  6. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Да да и мене ми е тоа чудно :^) Они плаќаат и стан, плус патот до дома ги кошта како издржуваат јака им душа... Ним им се допаѓа Скопје зошто е голем град и има повеќе можности, и се надеваат дека ќе им се посреќи еден ден :) Тоа се луѓе кои се спремни да се жртвуваат пред се :)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ај бе не одете офф топик, темата е Кратово а не Скопје и работата во Скопје.
    Кратово е град од кој потекнува едната моја половина. Убав град е, го сакам, пријатно ми е кога го посетувам, крие некоја мистичност,тајна,своја историја. Доколку го посетувате прв пат, најдете некој кој ја познава историјата на овој град и да ви раскажува.
    Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, сместен во гролто на изгаснат вулкан. Градот е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.
    Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Турците. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.
    Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во које се наоѓа градот“.
    Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер.
    Зa постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп "Илијада" во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.
    Во втората половина на 14 век, Кратово потпаѓа под Отоманска империја. Во 16 век и во 17 век, во составот на новоосвоените територии на Османлиското царство, градот станал подрачен центар. Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Од 1689 до 1805 градот бил запустен.
    [​IMG]
    Седумте камени мостови биле изградени во 18 и во 19 век. Чаршискиот, Грофчанскиот, Јокширски мост и Горномаалскиот мост ја премостуваат Табачка река, а другите два, Аргулички мост и Радин мост се над Манцева река.
    За секој мост има по неколку приказни и секој мост со својата форма носи некаква скриена порака. Грофчанскиот мост има два свода со отвор на средината и за него се вели дека го прикажува ликот на градителот, кој немал носна коска. Најтежок да се изгради бил Јокширскиот мост или Свински мост (на кратовски јокшир е свиња). Едното предание зборува дека мостот го градела цела армија ѕидари, за кои биле заклани многу свињи за да се нахранат, па оттука го добил и името. Според другото предание, толку било тешко да се направи мостот, што го чувствувале како ѕвер, кој морале да го нахранат со многу свињи за да можат да го изградат.
    Најпрочуениот меѓу денешните кратовски мостови е Радин мост на Манцева река. Според една народна песна, мостот го граделе деветмина браќа, но тоа што ќе го изѕидале преку ден, преку ноќ се уривало. Така било се’ додека во темелите на мостот не ја заѕидале невестата на најмалиот брат, Рада, која дошла да да им донесе ручек на мајсторите.
    [​IMG]
    Во градот постојат шест од некогашни 13 средновековни кули, кои служеле како живеалишта и како трезори за чување на парите што се ковале по нарачка во кратовските ковачници.
    Денес од нив се останати Симиќевата кула, Златкова кула или Кула на Асан Ефенди, Саат кулата, Крстева кула, Еминбегова кула и Хаџи-Костова кула. Од нив во најдобра состојба е Саат кулата, во која е поставена изложба на тема Кратово низ вековите.
    Под секоја кула некогаш имало тајни ходници за евакуација, кои завршувале на периферијата на градот, кај Радин мост, низ кои некогаш се спасила убавата Сара бегајќи од Турците.
    [​IMG]

    извор

    извор

    Градот е познат особено по Селото Куклица, чие обележје се куклите за кои има повеќе легенди.
    Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.
    Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.
    Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.
    Локалното население кажува дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. "Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг в очи", кажуваат селаните.
    [​IMG]
    извор
     
    На HeartlySmile, mjauuuuuu и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  8. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас во саботата бев за прв пат во Кратово,на еднодневна екскурзија,и прекрасно си поминав. Бевме со пријатели,од кои мажот е од Кратово,и тој ни го претставуваше градот. Го видовме Радин мост,и баш тој ни ја раскажа истата легенда што ја имаше напишано Абеја,за браќата и жената на најмалиот. Потоа видовме една кула,ако не се лажам саат кулата беше тоа,ама беше затворена па можевме само да се сликаме пред неа. За жал не бевме во Куклици,затоа што немавме време ама во наредна прилика одиме таму. :) И секако,јадевме најубави пастрмајлии со сушено месо. Ммм прекрасни беа :inlove:
     
    На Julijana78 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124

    Аууу да пастрмајлиите вредат. Убави се и не се многу скапи. Во Крушево истите ги наплаќаат поскапо.
     
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш имате можност да отидете во Кратово ни случајно немојте да ја пропуштите можноста да ја пробате кратовската пастрамајлија (пастрамајка на кратовски). Нема по убава од кратовската верувајте. Каква штипска, каква велешка, оваа е најубава. Ве уверувам во тоа :)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Сместување во Кратово

    За следнава недела ми треба сместување во Кратово за 3 ноќевања. Пребарувам на интернет, никаде не можам да најдам соба, апартман некој да изнајмува. Освен х. Кратис дали има каде да се престојува во Кратово? Фала
     
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Имам идено еднаш на викенд во викендица кај другарка, супер провод. Јадевме пастрмајлии, супер беа.:inlove:
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Во Кратово често поминувам, али не сум застанал да видам што е како е. Ми се допаѓа местоположбата. Има некоја пицерија што ја фалат дека имало најдобра пастрмалија во Македонија. А која е незнам, нека каже некој што е запознаен со тоа. :?:
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Има другарка куќа во Кратово, така да сум чест гостин таму.:DУбаво градче е, за срце ми прирасна.Каде и да сакаш пешки си за 15 мин.Сите со сите се знаат, луѓето се многу интересни, комедии секој за секој се знае, па и дијалектот (сличен на кумановски, тој ми е домашен) уште поинтересно и сите си имаат надимаци по дедо татко баба:D.За шетање нема многу 3-4 кафичи има, кафанче и 2 ресторана.Во Александрија ги има најубавите пици и пастрмајлии, Домчето најубаво вино и даски, Амадеус прават журки, само немаат диско една маана.Недела сабајле сите на кафе се, денска шема.Ефтино до немајкаде е башка.
     
    На Brinetka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Многу мало гратче, куќи на каскади, кањони..., само една рамна уличка, останатото се’ е брдо. Да треба да пешачиш по маалата, душа ќе ти излезе. Интересно е ко за промена да отидеш еднаш до два пати годишно, посебно во зима на пастрмајлија, тоа е атракција, инаку нема кај да се шета многу.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Brinetka и 5 други им се допаѓа ова.