Дали некој ги следел сите делови на филмот(или барем еден ) и како ви се допаѓа? Јас ги гледав сите 4, а прочитав дека годинава ќе излезе и 5тиот дел. Мене многу ми се допаѓа, а и ме плаши на моменти Посебно ми се допадна 4тиот дел, актерите одглумија многу добро, за разлика од 3тиот каде девојката претерано се “излигави“ ама сепак беше ок. Ме интересираат ваши мислења и импресии.
Добар е филмов. Но Ози еден дисагри заради 4тиот дел. Мене не ми беше ништо посебно. 3тиот уште помалку. Но затоа првиот и вториот беа предобри. Сметам дека целата поента се покажа во кецот, немаше потреба толку продолженија да прават. Како замисла во првиот дел беше одлична, свежа, нова. Стварно не им требаа продолженија, можеја со тој буџет некој друг филм да снимат. Али Лартер е одлична глумица, во сите филмови/серии во кои има глумено ме нема разочарано. http://www.youtube.com/watch?v=agMWDl7EMXk Ова беше амејзинг. Предобро и замислено и одглумено.
Јас само тројката го имам гледано и воопшто не ме фасцинираше. Дури немам ни желба да ги гледам другите продолженија.
Ги гледав летово сите четири. Се сложувам за тоа дека не морале 4 да снимаат зошто поентата е иста . Сите делови се исти само случките се различни и некои други ситници . Првиот ми беше интересен а после се помалку и помалку Како и да е , кога ќе искочи и 5 дел ќе го гледам Инаку за страшен , ми беше
Првиот дел беше најдобар, со авионската несреќа... другите веќе се повторуваа, интересно беше да гледаш кој како ќе умре ама поентата беше иста. Викаат дека во најновиов дел ќе се дознаело што е тоа што убива... Иначе главна улога ќе биде Emma Bell, од The Walking Dead. Се надевам ќе биде интересен... мада почнуваат да ми досадуваат веќе.
Мене ми е многу убав филмов Нешто друго, инетересно, несекојдневно! сите 4 дела ги имам гледано, и не знаев дека ќе има и 5ти...Ама сигурно ќе го гледам Ок, SAW ми е на 1во место, овој може да се каже дека ми е некаде 3-4
Ги имам гледано 1-от и 2-от дел ( 1-от мислам дека беше со авионот, а 2-от мислам дека беше со камионот). Многу ми беа страшни, но и интересни. Другите ги немам гледано, но сакам.
^Да така се, кецот е со авионот, двојката е со девојчето што ќе има визија за автомобилите на патот, тројката е со ролеркостерот, а четворката е со трките со коли. П.С ако сакате навистина хорори, не гледајте американски филмови. Има многу подобри и пострашни што не се од американска продукција.
Ги имам гледано 3 и 4 и онака интересни се, планирам да ги погледнам и другите, инаку не ми беа нешто посебно страшни но сепак, занимливи филмови
Jас го имам гледано тоа со визиите, Спојлер и незнам кој дел беше кога едни девојки изгореја во солариумот?
Тоа е третиот дел. Сите имаат речиси иста приказна, само различни начини на смрт. Сепак, интересно и морничаво...
Крајна дестинација ми има убава смисла, верувам дека никој не може да побегне од судниот час, вака или онака сите си имаме пат и го изодиме ли бај бај! Е сега мислам дека е доста со делови, слушам дека се снима и 5 дел и искрено се надевам дека не е така . Ќе ја уништат маѓијата на филмот, барем за мене.
Ги имам гледано сите 4, првите два беа интересни и језиви, ама веќе третиот и четвртиот изгубија смисла. Смислувале некои нови случки толку нереални, само колку да биде што покрваво и манијачки болно. На пр. тоа во солариумот беше многу глупаво, некако не ми е реално дека може да се случи, а пак тоа на стадионот во четвртиот дел, с..ње у боја! Преувеличано што просто ми беше досадно да го гледам. Секој нареден продолжеток е веќе банален, така да не ме влече да го гледам ниту петтиот ниту било кој нареден продолжеток.
Сите 4 делови ги имам гледано, а најголем впечаток ми остави двојката. Можеби затоа што него го гледав прв... Спојлер
На интернет ги најдов 2-от и 4-от дел од филмов, а другите два не можам да ги најдам со македонски превод. Кога ке имам време ке ги гледам
Тотално се сложувам со тебе за ова мислење и искрено мнн ме нервира кога овие од „ХолиДуф“ кога и да видат дека некој филм има предобар успех мора да се стават на ново продолжение само и само да е пропас!!!
тројката е тоа со солариумот Иначе ги имам сите делови гледано, првите три ми се супер посебно третиот ама од четвртиот се разочарав премногу вештачки, сцените беа предвреме кратени, немаше ништо добро ...