Крајно време е да станам по строга и да се затворам во себе. Да видите вие дека нема се по вас да трчкам. А да.. крајно време е да почнам порано да си легнувам оти за на школо вака не ја бива.
И јас така мислам Реинбоу. Ти си многу паметна девојка, само треба малку да се активираш и да поучиш Ајде цела фемина ти држиме среќа не да положиш некој испит, туку да дипломираш
Крајно време е да престанам да бројам до 10 пред секоја реченица затоа што заслужуваат да им го кажам тоа што го мислам
Крајно време е да се вработам и да отидам некаде на продлжен викенд со дечко ми,надвор од целава скопска бучава ,мешаница ,фрустрација...
Крајно време е да си купам кафени ракавици, инаку ќе ми смрзнат рацете! А црните не ми одговараат на кафеното палто
крајно време е форумов да се врати во нормала. аман веќе од иронија и сарказам зарем малку ни беа претходно па сега секој нов член не труе со тоа.
Крајно време е да ја земам книгата и да ги закопам очите во неа, оти утре професорката ќе ми ја залепи 5ката и ќе рече ќе се видиме колешке наредната сесија. Пу, пу скраја да е...одам да учам