Крајно време е да почнам да држам диета и да вежбам... но секогаш почнувам "од утре". Но овај пат почнувам дефинитивно од утрее ! Посакајте ми среќа ...
Па ајде со среќа... биди упорна и не се откажувај! Крајно време е да почнам да си легнувам порано за да можам да станам порано
Крајно време е да седнам да учам, и да го исклучам компјутерот! Крајно време е да почнам да вежбам и да почнам со мојата диета Епа крајно време е!!!
Крајно време е... да започам со физичка активност, бидејќи си ја чувствувам закржлавеаноста на телото и целулитот и крајн време е ова време да се стопли за да можам да почнам со активностите .......
Крајно време е да го помрднам задников од местово и да станам да земам книга да учам, ако си поседам овде до утре останав (ама ич не ми се учи мајку му, ама морам! па после ќе уживам е вака мора да се утешам )
Крајно време е да положам за Б - категорија, да си ја возам колата без придружба и без да ме трујат за првилата на возење!
Крајно време е до израз да дојдат моите вистински вредности и можности, без да ги „извалкам“ со некоја непромислена и брзоплета постапка.
Крајно време е да се исчисти собава од секакви дрембулии што ги носам еднаш во годината и од пакетшиња смоки што ги има дури и под масата
Да си ја сватам сериозно работава,затоа што ако продолжам вака тешко дека ќе го постигнам тоа што го сакам
Крајно време е да се напијам пивце веќе и тоа уште вечерва ( и тоа има литро ипол да испијам за инает на школката во ВЦ-то ) , доста ми беше ова антиалкохоличарско постболесничко прокалуѓерско однесување
Крајно време е да одлучам каде средно. Цел клас знае каде се запишувам, само мене сеуште ме мачи тоа прашање. Епа крајно време е да одлучам.