Крајно време е да почнам да учам, и секако да ослабам.. ахх да и да одам на фризер ке ми стане косата жолта од цветот....
Значи крајно крајно време е да си го згреам столчето зашто отцените ми се дизастер добро не до толку ама може да се каже потоа да ослабнам малку не оди веќе вака и најважното крајно време е да станам малку полоша ова добрина не бидува веќе те гази кој како стигне
Крајно време е да престанам да се нервирам, зошто во последно многу често го правам тоа, потоа да се кандисам совреме да ги изработам семинарските и проектите и најкрајно е да накачам 2 килца + да ги активирам мускулите...
Крајно време е да седнам да учам и секако да подругарувам малце со поезијата, греота е, од јануари сама ја оставив.
Крајно време е да потстанам малце и да одам да вечерам. Бебево се потруди вечера да ми зготви, неќам да ми се олади
Крајно време е да си посветам повеќе време за мене,од колку да се трудам да му погодам на сите околу мене кои не се благодарни. И крајно време е да најдам некого,бидејќи колку и да се правам храбра едноставно неможам повеќе да бидам сама!!!
Да си ја издадам стихозбирката и да си дадам себеси еден громогласен аплауз. А, да, и да ја средам дипломската.