Крајно време е да ги извадат овие Спојлер . :geek: Надвор врне, олуи маваат, ветришта а околу мене се кларк кентови. Секој момент очекувам некој Супермен/уоман да ми прелета, жими се. Јас сфаќам дека се убави, модерни и дека се интересни за носење, ама во секоја проклета прилика... Во дискотека бе ми влегува со овие. На школо седнала на прва клупа, па тоа ми е како да седиш со наочари за сонце внатре. Чудни луѓе, чуден свет, што се чудам јас... :geek:
Никогаш не ми текнало да ја отварам темава..а секогаш кога ќе го прочитам насловот ми доаѓа една мисла "крајно време е да си најдам дечко/мувач..." хахаха
...да огрее сонце!!! http://www.youtube.com/watch?v=gm4hhLc3bZg Rain rain go away, Come again another day, All the world is waiting for the sun.
уффф крајно време е да се вратам во нормала , да излезам од овој лавиринт во кој сум сега , и да почнам да размислувам малце по трезвено за моиве 20 години
Крајно време да си ја спремам изложбата и да не чекам до последен момент. И да станам малку поорганизирана.
крајно време е да се сменам и да си ја лупнам главата од зид за да сватам некои ствари!!! крајно време е да почнам да се ценам самата себе.
Крајно време е да си ги соберам сите козметички тракатанци и правец купатило на спешл спа бај ми,мајселф енд ај,ме чека полн бојлер само за мене да го испразнам до капка јес,ама пуста некоја мрза ја ишкам од мисливе како инсектовиден крилат натрапник,ама ќе станам конечно и после ќе се врати нова рифреш верзија од мене ...
Да престанам да се нервирам за трошка глупост, да не бев толку чувствителна немаше сега да се справувам со болки во главата или пореметување со храната. Ама НЕ, нема да покажам колку сум скршена, ке се правам важна и храбра иако одвнатре ке се кршам на делови!
Крајно време е да бидам појака и да продолжам понатака сама и среќна со крената глава, ама пуста љубов, пуста желба за идиотов не поминува, ама ќе си издржам
исто и јас, ако е можно...и крајно-најнајкрајно време е да сфатам дека треба да се опуштам у друштво на машки! камо да го знаев рецептот
Да престанам да гнетам како свињиште на секои 30 минути,зошто не сакам да станам масовна и обемна женска од која дечко ми нема да може сонцето да го види.