Крајно време е да се даде плата,зошто ова вака не може!!!Или крајно време е повеќе да штедам,а не да живеам како циган,денес за денес,утре ако се има. Крајно време е да отидам на лекар да видам што е со крајницте и сите жлезди на вратот...не можам да се прозевнам,ме боли цел врат...
Крајно време е да се стегнам за школо и малце да се отргнам од фемина, ама не иде .... Да ја скинам довербата кај некои луѓе,ај 1 да те разочараат, ај 2 пати... ама трет пат...
Крајно време е да ја исчистам оваа соба. Некој комотно може да ја помеша со живеалиште на прасе или фамилија на глувци.
Крајно време е да му кажам дека го сакам Ама НЕ како другар,како нешто повеќе. И крајно време е таа глупача да сиии одиииии.Амаааннн кај дојде кај се запусти.
Крајно време е да отидам на забар и да си ги средам тие заби што ми се за правење, ама никако да се натокмам да отидам. Крајно време е да одам на фризер и да ги освежам врвовите, зошто плодови ќе почнат да ми цветаат. Крајно време е да станам и да почнам да се средувам.
Крајно време е за да размислам што ќе правам понатаму. Крајно време е за да се одлучам. Крајно време е, за да ги прекинам односите со некои личности..
Крајно време е да станам и да почнам да се спремам. И така ми теребаат два саати, а деновиве многу сум почнала да доцнам.
Крајно време е да се заозбилам малце,или малку повеќе и да си го средам животот,на секое поле Ама некако тешко ми оди