Kрајно време е да се стабилизирам малку во животов , да определам кои ми се приоритетите ,да се свестам дека повеќе не сум дете од 13 години и дека ако тогаш не сум си го изживеала детството , тоа не ме оправдува сега да се однесувам несериозно и детинесто . Ред е да се заозбилам ,да си се вратам на некои стари , добри навики кои од Х причини сум ги оставила во заборав. Време е да обновам некои пријателства , да си посветувам повеќе време на себеси , да престанам да им попуштам на тие неколку личности кои ми идат на нерви и никогаш немаат продуктивни ставови ( а сепак им дозволувам да си го истераат своето поради тоа што сметам дека попаметниот треба да попушти , ама јас кај да е ке попуштам нервно ! ) .Време е да сфатам дека веќе сум направила некои избори кои можат да се надополнат , но не и да се променат . Време е за многу други нешта ...освен бесмисленото трошење на времето ...
Паа крајно време е да престанам слепо да им верувам на луѓето, крајно време е да си најдам некој иии крајно време е да се стопли времево па ко луѓе да можеме на плажа да одиме и боја да фатиме малце
Крајно време е да ослабам Крајно време е да престанам да се убедувам дека утре ќе станам порано и ќе си ја исчистам собата Крајно време е да си фатам дечко
Крајно време е да -да ослабам -даја исчистам собата -да си легнувам малку попорано -помалку да трошам пари ,а повеќе да штедам
Гранџ приклучи ни се во бандата dieti/moralna-poddrska-za-site-sto-sakaat-da-oslabat-t3607/1950.html#p578600 можда ќе најдеш инспирација среде нашава толпа А, инаку крајно време е да го одлепам задникот од фотељава и да се префрлам во када, на едно пола часовно киснење уз некоја од радио-плеј листите и новичката миризлива купка. Али проблемот е што телово, мозокот, очите ми велат крајно време е да си легнеш утре порано да си станеш и да си работиш ко човек одморен... Отидов на бањање, ако ме замрзи уз пут ќе си излезам и ќе си легнам.. утре ќе продолжам. ако грешам нека изгорам.
Крајно време е да прекинам да бидам толку лоша кон него и кон сите кои ми значат! Ширам негативна енергија денес и тоа зошто?! Зошто ме напнаа од сабајле сите до еден...немав воздух веќе! Ајт одам да издишам надвор!