Kрајно време е да почнам да легнувам порано! Крајно време е да почнам редовно да си учам за колоквиумите! Крајно време е да ги научам тестовите за полагање возачка! Крајне време је да неког другог заволим
Крајно време е да престанам да јадам чоколадо во 2 по полноќ! - да пијам кафе секој ден - да одолговлекувам обврски што треба да ги завршам - да си купам жолти Катерпиларки, еден куфер со тркалца и сет микрофон - да ја издадам стихозбирката...
Крајно време е да го изгасам лаптопов да одам да јадам и да учам али неќам баш си се расположив си читам смешки на форумов
Крајно време е да си се вратам во глутницата со мистер Мускуло и бандата „стегнати во хеланчиња“. Да покушам да повторно го засакам моето црнче Били, чунќи... на неубај рабоќе си ме тераат ова празнициве. Осеќам како ми се шири кожата. Пак, со време да го пресечам в корен ова... Маслодајниот.
Крајно време е да престанам да се сожалувам самата себеси . Крајно време е да сфатам дека животот е еден , и дека треба да го живеам квалитетно . Крајно време е да сфатам дека пораснав , мојот живот е во мои раце и само јас одлучувам каков ќе биде .
Крајно време е некои луѓе да си најдат живот, или барем да се потрудат да го најдат. Крајно време е истите да не донесуваат заклучоци за други подбуцнувајќи злобно, туку да се погледнат самите. Крајно време е да престанат да замајуваат луѓе и да се вратат во реалноста која е болна и сурова. Не, јас не верувам на нечии два три фини збора, не верувам ни колку е светот убав, кога се околу мене е измет. Уште помалку нема да дозволам некој што не го знам да ми продава пуфки, розеви, и тоа. И да, крајно време е сите да прогледаме, и да се најдеме самите себе, да не се бараме во некој друг.
Крајно време е да седнам да учам, онака да загреам стол што викаат. Крајно време е да ослабам. Крајно време е да направам нешто на љубовен план. Крајно време е да станам посериозна.
Да седнам да учам, ама и да научам . А колку ќе научам? Тоа и ме плаши . Се нешто излегува за работа и се нема време за тоа. Секогаш!
Kрајно време е да почнам да штедам .. Ова моево веќе крај нема .. само непотребни работи купувам кои во прво времее мислам дека ми се неопходни а после фаќаат прашина низ дома ..
крајно време е веке да ослабам крајно време е да станам по сериозна крајно време да седнам да учам иии крајно време е веке да се замарам со глупи луѓе околу мене