... да се поправи времево (читај:невреме), сивилото ја потхранува меланхолијата која го обвила градов. Снег, ветришта, сонце, снег...па што беше тоа денес апокалипса или...што?
Крајно време е да почнам сериозно да вежбам вежби за телото , бидејќи ''вежбам'' секој ден, а тоа никако да го исполнам!
Крајно време е да станам од компјутеров и да идам да фатам нешо, али ај ипак ќе си останам тука пошо ме мрзи.
... да се подобри времето. Ме уништи! ... да ми се подобри нарушеното здравје заради сезонскиот грип. Ме удави! ... да почнам да учам!
Крајно време е да расчистам некои работи со некои личности. Вака се е недокажано и нејасно... Вака веќе не се можее...
Крајно време е да свртам некој нов лист, ако веќе има уште листови од мојата книга. Крајно време е да се научам да ја пополнам страната, барем до пола.. Зошто веќе долго време, почнувам нешто и поради најмала грешка, не сакајќи да прецртам или барем да избришам со коректор, јас ја кинам страната... Крајно време е да ја сменам тактиката и да научам да штедам.. Да се поштедам себе... Да научам да се чувам од себе. Зошто страниците се броени. И никогаш не се знае кога ќе го испишеш последниот лист. А, колку досега сум ги потрошила залудно..
Крајно време е да се свестам малку и да се разбудам од зимскиот сон. Да поработам малку на себе, и да намалам со неправењето ништо.