Крајно време е веќе да почнам да мислам на себе и на својата среќа, и онака никој утре нема да ти каже фала што си правел добро за него..
Крајно време е да си најдам работа која бара голема физичка активност јер само со диета не ја бива работава
Крајно е да се сврти уште еден лист овој се наполни. Овој новиот ќе биде од една стара книга на Зоки.
Крајно време е да престанам да се замарам со минатото и почнам да се фокусирам на сегашноста и иднината.
Да престанам да се замарам и нервирам за оние кои што сум ги изгубила. Сватив дека не вреди човек да се нервира, и замара за оние луге кои воопшто не се нервираат за тебе. Време е да се сврти нов лист.
Крајно време е Македонија да влезе во Еу, да забранат доградби и надградби без дозволи + да забранат готвење по тераси и дворови. Нема смисла.
Крајно време е на сите што си останавме ко пусто гојдо...ај да не бидам вулгарна....сите што сме си сингл,сега подобро?Е значи кај застанав?А кај кравјо време...крајно де...значи крајно време е банките да ни дадат попусти и најповолни услови за сите што сме сингл во врска со кредитите...Мислам време е,ало...
Крајно време е: * да се посветам кон личен физички и психички развој, * да се скарам со мојата пријателка-МРЗАТА и да се фатам за работа, * да ги исфрлам од животот сите оние кои ми ја цицаат енергијата итн.
Крајно време е, не знам по кој пат крајно, да престанам да очекувам чуда, бајки во реалниот живот не се случуваат. Треба да престанам да изигрувам штанд на луѓето- повели слободно, земи си што ти треба и исчезни без збор. Не повеќе, не уште еднаш.