Крајот на е***иот свет е базирана според графички роман со истото име, напишан од страна на Чарлс Форсман, и ја следи авантурата на двајца тинејџери кои бегаат од своите домови со цел да се пронајдат себеси. Станува збор за темна комедија, жанр што во последно време добива сè поголема популарност меѓу љубителите на телевизиските приказни. Џејмс е 17-годишен средношколец кој се сомнева дека е психопат. Тој како мал дури и ја потопил раката во жежок зејтин, за да се натера да почувствува нешто, а од неодамна е опседнат со смртта, па убива мали животни. Алиса е нова во неговото училиште, и изгледа навистина кул со својот опуштен стил и погрдните зборови што ги користи повеќе од оние секојдневните. Таа веднаш ќе му пристапи, сакајќи да се зближи со него, мислејќи дури и дека има шанса да го засака. Тој, од друга страна пак, размислувајќи за дали е време конечно да премине на убивање луѓе, ќе ја прифати нејзината покана токму од таа причина – за да ја убие.
Предобра сериичка, со неверојатен ретро шмек и уникатен црн хумор. Многу ми остави впечаток, на секоја кул особа со добар вкус би ја препорачала да ја ѕирне во еден здив Џејмс и Алиса ми се нешто како чудна тин верзија на Бони и Клајд Толку мрачни, twisted и цинични, а сепак сите можеме во некои нивни зборови и расположенија да се пронајдеме. Едвај чекам втора сезона
Alex Lawther ми е генијален. Толку сладок а толку му лежи да игра психопат. Имаше ептен факд ап епизода со него во Блек Мирор. Генијален актер. Серијата ја изгледав во еден здив, ептен ми беше криво што беа толку кратки епизодите.
Пиши дека доколку има втора сезона, ќе биди крајот на 2018, или почетокот на 2019. Тука. Лично, оваа е една од подобрите серии кои ги имам гледано, и баш поради таа причина - сметам дека не треба да има продолжение. Исто така, приказната е многу финална. Кога зборав со дечко ми, беше во право. Џејмс е жив. Полицијата не пробваше да го убие туку му пукаше во нозе. Приказната најверојатно ќе продолжи во затвор за Џејмс и дом за малолетници за Алиса. Од таму има ризик за бегање, ама сметам дека целата приказна е многу финална. Некои серии треба да се вака кратки од една сезона и после да останат како такви. Оваа серија е таква, 13 reasons why е таква серија. Се над таа граница е претерано зошто над таа граница почнува да се губи смислата, исто како што Riverdale, иако не беше финална серија, сега е булшит.
Јас од првата епизода не бев крајно воодушевена, ама кратка е и кратко трае и и дадов шанса и ја изгледав. И мило ми е што ја изгледав. Стана многу подобра, weird е и дефинитивно не би му се допаднала на секого, ама приказната е многу нетипична и тоа е она што привлекува влијание. Плус Алиса и Џејмс глумат ептен добро