Претпоставувам дека некогаш сте размислувале и на оваа тема, доколку не сигурно сте биле во нечие друштво во кое се разговарало за тоа, реклами и вести во медиумите... Кое е вашето гледиште и мислење на оваа тема од православна гледна точка? Според вас дали се ближи крајот на светот? Што мислите за природните катастрофи кои секојдневно се случуваат, нетрпеливоста и војните, новата ера на чиповите, омразата помеѓу луѓето, со еден збор како што се кажува во самото Свето Писмо, оладувањето на љубовта? Колку православните христијани се засегнати од се тоа, а исто и целиот друг народ без разлика на која вероисповед припаѓа? Конкретно, од моја страна според овие знаци мислам дека сме на прагот на се тоа. Ви ги препорачувам овие клипови да ги видите, па да прокоментираме. Претпоставувам дека нема да ви биде проблем тоа што се на српски јазик . http://www.youtube.com/watch?v=smW0ZVoE ... 562C85E2AE http://www.youtube.com/watch?v=6jX895ZN ... re=related Апел до модераторите: Се надевам дека нема да биде избришана оваа тема или преместена на друго место како „Другата наука„. Поздрав
Кога нема да ме мрзи ќе напишам неколку цитати од религиска книга за крајот на светот од христијанското гледиште. Воопшто не ме засега, од една страна технологијата и науката ми стануваат еквивалентни на религијата,така да секој ден измислуваат нешто ново, па да видиме како ќе им оди врз контролата на природните појави. Но,јас мислам крајот на светот најдобро е да му го препишиме на глобалното затоплување.
Како што кажав според знаците и можеби сме на прагот, но најглавно е тоа што Господ знае кога ќе биде тоа. Некои твредат дека тоа ќе биде 2012 година, како што и напомена Ashling, за глобалното затоплување. Ако пак би зборувале од православна гледна точка и што кажува Светото Писмо околку ова прашање, очигледно е дека никој не го знае тоа. Ни Ангелите Божји не го знаат денот и часот на Второто Христово доаѓање. МОжеби тоа ќе биде за брзо време, а можеби и во многу подалечна иднина. Според светите отци на православието како што напоменува и самиот отец Тадеј, почетоците за завршетокот на светот датираат и од 6 век. Гледано од страна и е вистина. Од тој период започнуваат војните, умножувањето на идолопоклонството, офанзивното отстапништво од Православието. Но, единствено молитвата на малиот број на праведници ги спасувало сите. Како во Стариот Завет, разговорот на Авраам со Господ и неговото прашање дали Господ би бил толку суров да ги уништи сите кои живееле во Содом и Гомор иако во него би се пронашле барем 50 праведници. Сепак Господ ветил дека ако најде толку нема да го направи тоа, за на крај да излезе дека од тие 50 кои биле првично, останале уште Лот со семјството. Исто така и со потопот на земјата за време на живеењето на Ное, колку останаа, само неговото семејство, неговата жена, синовите и нивните жени. Поентата ми беше, дека сепак од тоа време па наваму постоеле и постојат молитвени застапници за целиот народ. Можеби и денес се 10 на број, можеби и помалку, ама сепак постојат. Искрено кажано, тоа што треба да биде ќе биде, тоа што треба да дојде ќе дојде, а ние сме немоќни тоа да го сопреме. Важно, кој претрпи до крај ќе биде спасен. Она што ни преостанува е верата во Бога, љубовта кон Бога и ближните, а пред се трпението за да издржиме до крај и да не отстапиме од Господ.
искрено мое мислење за крај на светот посебно од библиска гледана точка е куп сран*е( се извинувам за изразов) крај на светот да да... нели во библијата писуваше крајот ќе биде 19... така нешто беше колку што гледам уште сме живи. Ма си нема врска тоа што пишува. Како тоа жити се војните почнале од 6 век зар пред 6 век немало војни што е со пелопонеските војни, персиско-грчките војни и.т.н. сите тие се бајаги време пред Христа. Спомнуваш потоп знаеш ли колку потопи има запишано пред тој потоп на Ное 90% од библијата е копија на некои стари текстови и митолошки приказни. Митолошката матрица им е иста само се менуваат иминјата и околностите. Сакам да кажам не верувајте не се што ќе прочитате или барем немојте да бидете пристрасни кон тоа што ќе го прочитате анализирајте малку
По мое мислење мислам дека ке нема да е крај на свет но понекогаш кога подлабоко ке размислаш кога ќе се сетам на тоа малце ми е страв од тоа што ќе се случи
Искрено кажано, тоа што треба да биде ќе биде, тоа што треба да дојде ќе дојде, а ние сме немоќни тоа да го сопреме. Баш и затоа не се грижам, нигде нема да стасаме со помислата еве утре ќе е крај на светот... животот треба да ни тече како и обично, да уживаме во него.Јас се трудам да живеам правилно, верувам во Бога и се трудам колку што можам да бидам подобра личност.
Јас мислам дека стварно ќе дојде крај на светот али не од тој аспект како што предвидувале туку од се ова што се дешава земјотреси , цунами , загадување , радиација и се останато што следи со тек на времето ...
изгледа принцезофд.. со многу тешка и обемна анализа дошла до заклучок дека се е сра*е па сега нас не советува да проанализираме малце 1.во библијата не пишува дека крајот ке е 19.. год така да немој да измислуваш како тебе што ти одговара или си слушнала од некој некаде шо си праеле муабет не се ова предвидувањата на нострадамус или пророштвата на баба ванга,за библијата зборуваме..во неа нема наведено година кога ке дојде крај на светот.ако те интересира седни прочитај.. 2.ако за тебе библијата преставува збир на прикаски,за некого таа преставува света книга.и немој да велиш дека-нема врска тоа што пишува.можеш да кажеш-според мене не е точно или нема врска..за многу луге на овој свет има врска впрочем од кај си компетентна да го кажеш тоа така,да не си жива уште од времето на Христа,па знаеш? ако ти не веруваш тоа е твој избор твое право,ама немој да му велиш на некој што верува дека верува во прикаски.
Од религиска гледна точка не верувам во крајот на светот. Меѓутоа сите сме сведоци на природни катастрофи, вулкански ерупции, се почести земјотреси итн. Имам чувство дека токму тоа ни укажува дека тука некаде треба да дојде крајот. Искрено многупати во главава од досада си имам свртено апокалиптични сценарија. Знаете она како на филмовите, како одеднаш се се руши, сета земја се тресе, паѓаат метеори итн. Но сепак не верувам во сето тоа поради едноставна причина што не е возможно наеднаш да заврши се. Освен ако земјата не влезе во таинствениот облак во меѓуѕвездената енергија како што сметаат повеќето експерти. Тогаш може да настане тотално пореметување на се живо и ќе биде вистински пекол, а најверојатно според датата која ја добиваме на некој многу чудествен начин сето тоа ќе се случи многу скоро. Маите и инките ни оставиле дата, но и ни врежале одредени иницијали и цртежи за да ни покажат како би можеле да се спасиме, но пустото не се тие виновни што незнаеле дека ние ќе бидеме толку ,,проста'' нација. Велам проста, бидејки е повеќе од очигледно дека тие биле многу понапредни од нас (да не ме разберете погрешно). Знаеле повеќе за сончевиот систем на кои координатни точки да се постават објектите со одредена цел. Без разлика дали медицинска или во чест на некој бог, да ја докажат неговата висост. И уште една важна работа! Тие верувале во богови, но не ми се верува дека го правеле сето тоа без причина. Морале да имаат одредени докази како и за се останато. Бидејки сепак тие можеби ги знаеле повеќето тајни на галаксијата а ние што се вели сеуште незнаеме дали постои живот надвор од сончевиот систем.... Ај забегав со моите размислувања и скрос заминав офф топик Кратко и јасно - крајот на светот е веќе околу нас. Тоа ќе биде најверојатно прогрес кој полека ќе не обиколува
Не размислувам многу на оваа тема, едноставно не сакам да сум преокупирана со ова затоа што кога треба да се случи-ќе се случи. И не верувам во сите тие предвидувања на кои секојдневно налетуваме. Живеам за моментот, сепак животот е еден и треба да го живееме најдобро што можеме-секој ден.
Нити непостоечкиот такозвани Господ ќе се симне тука доле нити демони што непостојат ќе шетаат по земјава ништо! НЕ е крај на земјата на светот или што ти знам!Крај е на еден циклус низ кој самата планета Земја си поминува низ промени...бреее до кога со ова полнење на мозок и манипулирање на народ? Сто пати умревеме до сеа и планетава ја снема Спојлер п.с. за тие големите верници (не е навреда ова) не верувам ама ич во Бог па слободно Луцифер нека ме вари у казан и нека ме меша со голема дрвена лажица за мешање ан ајвар
Крајот на светот ќе настане кога сонцето ќе прекине да врши фузија и фисија и нема да има повеќе толкави количини водород. Simple as that. Проста физика. Од религиска гледна точка -грешници, молете се!
Додека владее Чак Норис на земјава ништо не смее да се случи.....крај на светот ќе е ко ќе кажит Чак Норис!
Само не ми е јасно каква врска имаат несреќите со крајот на светот? Ко порано да немало несреќи.. Сите знаеме, од секогаш ги имало и секогаш ги има. Ако дојде крајот на светот, сите идеме, така да, доека можам живеам ко што сакам.
Не знам шо уствари се замарате со такви работи? Ма, не си го трошам времето мислејќи на тоа. Ако дојде - ќе дојде. Нема бегање.
не размислувам многу на оваа тема аи не верувам бидејќи досега повеќе пати веќе требаше да дпјде крајот на светот