Се случувале ама не толку често како во последните неколку години. Насекаде според сите статистики, земјотресите се зголемени и тоа повеќе од двојно. Само во Сад, кога во 1990 година имало 2200 земјотреси, во 2010 веќе биле 8300... Во откровението сите пророштва што се напишани, почнуваат да се случуваат...
Па така е, сега ако отворам на интернет можам да видам глобално колку земјотреси имало денес. Замисли... тоа го немаше до пред неколку години, и сега ако видам 100 имало денес, од кои 85 на сред океан, ќе речам, леле што се дешава во светот, 100 земјотреси, уааау. Се десил земјотрес во село во Нигерија... еј кој знаел порано... сега со интернетот, а и 'новинарчињата' да си имаат што да напишат, ќе споделат, и ние паѓаме во несвес, демек еееејјј, види колку земјотреси. Да, демек баба ми порано знаела дека во Чиле негде се случила поплава, синкир на телефон и стигнувало нотификација
Редовно! И не само за земјотреси! Во тек била и за тоа што денес јадел Хитлер. Каде отишол на одмор Черчил.. Абе Се' !
Или тогашната принцеза Елизабета Втора што облекла за на роденденот на нејзиниот братучед ај да не одиме офтопик, ова интерсно е, може да се заиграме.. хаха
Еве што кажува и предупредува Христос во Светото Писмо за крајот: Евангелие по Матеј 24глава 3. И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ 4. А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; 5. зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. 6. Ќе слушате за војни и повици на војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. 7. Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на разни места ќе има глад, помор и потреси; 8. а сето тоа е почеток на страдањата. 9. Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. 10. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; 11. многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 12. и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади. 13. А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. 14. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“ 15. „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чита нека разбере, 16. тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините; 17. кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; 18. и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои! 19. Но тешко на бремените и на доилките во тие дни! 20. Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; 21. зашто тогаш ќе има страдања, какви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. 22. И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. 23. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувајте! 24. Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. 25. Ете, однапред ви кажав. 26. И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во тајна соба е‘ – не верувајте! 27. Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. 28. Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“ 29. „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат. 30.Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со голема слава и сила; 31. и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата. 32. „Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото. 33. Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. 34. Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето тоа не се исполни. 35. Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“ 36. „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец; 37. но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38. зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, 39. и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. 40. Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 41. две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. 42. Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. 43. Знајте го и тоа: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. 44. Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“ 45. „Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна? 46. Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така; 47. вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. 48. Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‚Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘, 49. па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, 50. господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; 51. и ќе го исече на парчиња, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
Според еволуциската теорија Земјата се лади и се "смирува". Спротивно на тоа ако се земе одреден временски период во кој се регистрираат земјотресите, тие се се позачестени статистички. Уште нешто 19 мај 1870 затемнување на Сонцето,13 Ноември 1833 спектакуларен метеорски дожд над атлантикот...како дел од астрономските настани за кои науката нема одоговор, го има само Бибилјата. И за времињата Стара и нова ета по Христос, ден од 24 часа по движењето на Земјата околу оската, месец добиен по движењето на Месечината околу Сонцето, година по движењето на Земјата околу Сонцето...седмица...нема објаснување, единствено во Библијата зашто во шест дена е создавана Земјата и се што е на неа и седмиот дена како круна на создавањеро. Библијата го има кредибилитетот за да зборува за оваа тема.
Која е таа статистика која вели дека се зачестени земјотресите? 1780 е т.н. 'Темен ден' во Англија, и делови од северна Америка и Канада. Најверојатно се должел на шумски пожари и облаци. 1833 биле Леонидите. Секоја година се разминуваме со нив. Годинава пак ќе има.. на 18ти ноември.
На тоа не можам да ти дадам одговор,немам толкав капацитет али нас нема да не биде тогаш,нека му ја мислат потомците
Крај на историјата не е многу далеку, се чека само друго Христово доаѓање на земјата. Е тогаш има да биде куку леле...