Не е точно, јас не навредувам никаква интелигенција туку искажувам само мое мислење и свој став. А ако ви смета слободно напуштете ја темава и крај приче.
па ти си тој што цело време ми се заканува дека ќе сум видела кај ми е местото кога државава ќе станела теократија (на св. Никад).
Гледам дека не си ја разбирате ситуацијата, јас никогаш не реков дека ке видите кај ви е местото, никогаш не ви се заканив туку јас само реков дека не е баш така како што мислите затоа што доволно е само мала количина на луѓе да се заинтересира за обновата на теократија и тогаш многу лесно има да се обнови. А лично на вас не сум и попладнево ви го реков тоа, и пак ке кажам ако мислите дека е така слободно напуштете ја темава
Еве одма ќе ја напуштам, само затоа што ти кажа. Тоа единствен аргумент ви е. А ако е доволно само мал број луѓе, еве, соберете се и пробајте. Сигурно не си сам во тоа ваше движење, која и да си секта.
Да бев во секта досега на многу по различен начин ке беше овој разговор, незнам само како може да речете така кога теократија значи божја влада, живеење по божји закони и заповеди. А во секта се вршат сатанистички ритуали и оргии...
Значи и од религија појма немаш... Еве @Orthophill одма те позна од кои си, ваљда си оставил некој белег по кој те познал. Јас за моја среќа не сум толку запознаена со религиите. Само знам дека теократија нема да дочекам А ти можеш слободно да дормираш колку сакаш, оти нели малку луѓе требаат.
Хах, како прво тој рече за надрилекарство, што ја немам никаква врска со тоа. Како второ видиш дека и ти немаш појма за мене а лупаш глупости дека несум сам во тоа мое движење, да не бев сам досега еден дел можеби ке беше теократски опфатен. И едно правило кога со нешто не си запознаена толку немој воопшто да чепкаш таму или поубаво кажано ако не си сигурна дека лавот можеш да го погледнеш во очи не го влечи за косата.
Да но зар немам право да се бранам, јас на никого не се заканив.. зарем е грев тоа што искажав свој став и свое мислење. Ипак почитувам секое мислење али се си има граница
Многумина се излагаа од тој манипулатор и лаженаучник. Не си само ти. Дури и митрополитот Амфилохиј се излага. Ама сега е веќе откриен, така да нема потреба други да се лажат. Патем и јас ја пратам кариерата на овој манипулатор, ама нема да бидам скромен, ни смирен, и ќе си признам, дека го пратам мајтап ради. Посебно се интересни емисиите кај Маричиќ, ама само за мајтап. Да се пазиме од лажни пророци и манипуланти. @DAngel дали ќе може да споделиш некоја врска за вториот случај? Не сум запознат. А штом спомне некој: теократија, црна погибија, жена-принцеза итн, значи во умот му се населил Мирољуб. @Nerwing Мирољуб Петровиќ и неговите надрилекарства не се виновни за смртта на момчето, колку што Јуда Искариотски не е виновен за распнувањето Христово. Мислам, ако воопшто Ви значи Христос и светото Евангелие, затоа што на Мирољуба му се под точка разно.
@Orthophill секако https://sitel.com.mk/ushte-eden-mak...rilekarot-od-srbija-ne-gi-slushajte-debilnite
Може објаснување што значи "жена-принцеза"? Ај, другите работи ми се познати, ама ова прв пат го слушам.
Не е во тоа проблемот, целата Библија е напишана во „надмен“ тон ако гледаш така. Туку за еден христијанин едиствен авторитет треба да биде Бог, а не верувањата да ги обликува според Мирољуб-Србољуб и т.н.
Жена-принцеза е жена што седи дома, се грижи за домот и семејството, а маж и`-принцот, јунакот се грижи за финансиите.
Па и на секој модерен маж! (каков нормално не сум јас) Патем во теократијата за која се залага Мирољуб, сите оние кои нема да се согласуваат со неговите фантазии, па и жените што нема да сакаат да бидат принцези ќе можат да бираат: 1. да бидат превоспитани, 2. протерани, 3. под мач, БАТО!