Знаеш колку религиозни праќаат дик пикс, свиркаат и викаат да им го испушиш? Силувани калуѓерки со години, скандали со педофилија, тепани, убивани, силувани жени. Не е само религијата крива, треба цело општество да се реформира. Ама религијата е еден од опресирачките механизми. Еден од многуте кои треба да се откорнат. Од корен. Не да се менуваат и прилагодуваат. Да се откорнат.
Во Саудиска Арабија во 2018 им дозволија да полагаат за возачка на жените, стварно мислиш дека секоја има телефон и вибер, или дека сама се вози во автобус?
Теократијата е најголемото зло кое што може да и` се случи на една држава, а секуларизмот и почитувањето на сечие право е најголемата придобивка на човештвото. Дури и јас лично би бил против теократија. Господ е Домаќин и како секој домаќин има право да си раководи со Своето домаќинство. Така да ако Он решил да го го уништи, ќе го уништи. Негово домаќинство - Негово право. Ако Он од небитие не` превел во битие, ние имаме право да му наоѓаме забелешки? Тоа е безобразност, поголема и од онаа со која Индиецот ги тужеше родителите, зашто го родиле. Во работата на Бога не можеме да Му се мешаме. Во однос на грешноста, пред да Ги примиме Телото и Крвта Христови, односно пред да се причестиме, сите ние исповедаме, дека сме први од грешниците. Така да се` што се случува во светот, како причина го има мојот грев, а не твојот.
Демек религијата и фактот што мора да шетаат покриени ги штити? Иако ни во нашево државиче не е најсјаен животот, барем мило ми е што не владеат закони како тие таму. Можам слободно да одам со голи раце и пуштена коса надвор, можам слободно да одам каде сакам без дечко ми/маж ми да ме следи преку апликација (да, да и тоа се случува таму), имам право да гласам, имам право да полагам за кола, имам право на образование, не морам да му се правдам на дечко ми со колку сум била пред него. А таму жената вреди само заради тоа смотано кожиче што мајка природа ни го дала. Без него, таа е никој и ништо. Никаде и не смее да оди без дозвола на мажот, Ако сметаш дека тоа што се забулени заради религијата ги штити од манијаци, за твое инфо манијак ме допирал во автобус кога бев зимски облечена, не се ни гледаше дали имам гз или гради. И сe' ова што го наброја баш и се случува таму.
По мислењето дека во порелигиозните земји жените се побезбедни прво се запрашав од што се загрозени жените па да има потреба таму да се побезбедни? И кој ти е изворот на оваа информација, релевантен извор или твоја лична констатација онака напишана колку да се чита нешто. Прашањава што си ги поставил ќе ги одговориш по подолгогодишна анализа и опсервација на општествената положба на жените во Саудиска Арабија ако знаеш прво каде се наоѓа оваа земја и какви закони владеат таму кои ја одредуваат положбата и судбината на жената. Ама сметам дека многу нешта ти се непознати за Саудиска Арабија така да најдобронамерен совет прво едуцирај се па потоа споделувај твои релевантни констатации во обратен случај сите твои лични констатации ги сметам за дезинформации.
Суди го човекот по делата, а не зборовите. Секој може да се нарекува дека е верник, но тоа по дифолт не го прави. Верувам дека тие што се нарекуваат верници најголем дел Библија не виделе во животот. Секојдневно ги среќавам и знам што зборуваш. Јас во црква 10 години немам отидено. Дали јас по дифолт сум добар човек? Ете ние во Македонија и Европа го реформираме општеството, па сега како резултат никогаш немало толкаво сексуално омаловажување на жените како сега што има.
Ма немој! Разликата е што сега жените се похрабри да говорат јавно за насилството, а не дека порано поарно било
Дали никогаш немало - не знам, ама дела има да се работи уште многу - тоа сигурно има. Барем ќе се трудиме.
Да, имаме. И на родителите како обични луѓе имаме право да им наоѓаме забелешки и да не ги безусловно почитуваме ако нè родиле за да нè контролираат и обликуваат целосно по нивна желба, а не пак на суштество кое се смета за совршено добро. (Секако овде не мислам на тужби зошто нè родиле и такви бизарности.) Работава со второ доаѓање и апокалипса, ко она дното „јас те родив, јас можам и да те убијам“ кај токсични и насилни родители. Баш добар цитат имаше некаде - во Библијата и сите религии, врската со Бог ко да се заснова на една просечна токсична и насилна врска, е таман пологично е да се спореди со врска со родители отколку со партнер.
Имало бре, како немало.. Само, ко прво, не знаеле ни да го идентификуваат како насилство... голем дел од него. Како второ, срамот да се дознае ги сопирал уште пред да помислат да спомнат нешто. Се' имам слушано од мајка ми и генерацијата нивна.. И силувања, и кетколинг, и пофаќање, и манијаци по улици, и тепање.. се'
Некој овде напиша, дека Мирољуб Петровиќ бил адвентист, односно саботјан, но тоа не е точно. Бидејќи и адвентистите веруваат и го читаат Новиот Завет, ама Мирољуб не! Он си е закочен во Стариот Завет, иако тој завет бил за оние кои живееле во тоа време. Многу епизоди од Стариот Завет се надминати, ама што ќе ни е Мирниот и Слаткиот Христос и Неговиот закон на љубовта.
Имам другар што живее таму многу време. А тебе кои ти се извори на твоите информации? Твитер? Треба да сфатиш дека голем дел од муслиманките се среќни. Што има јас сега да одам да им објаснувам и солам памет зошто носат шамија и широки мантии ако таа го сака тоа? Нели сте за право на избор?
Сега стравот ги сопира. Ама реков, тоа е друга тема. Иако е намалено, далеку од тоа дека светот е безбеден за жените. Токму спротивното.
Не може да се споредува Бог со родителите, зошто? Затоа што родителите не` раѓаат, а Бог не` создава. Тука е разликата. Инженерот може да создаде робот, ама и да роди дете. Дали робот и детето се исто? Нормално дека не.
Си прашал другар, а не другарка. Веројатно и он самиот мисли дека жените таму се побезбедни од овде. Репер 0.
Аха да твитер, како погоди? Никој не им попречува да се среќни, проблемот е што немаат избор за друго и во отсуство на друга опција не знаат што пропуштаат. Инаку другар ти како машко што треба да процени каква е позицијата и судбината и среќата на жените таму е некако многу нерелевантен извор на информации исто како маж да прашаш какво е искуството е да родиш или абортираш
И пак ќе те прашам. Како религијата ја намалува сексуалната злоупотреба на жените? Знаеш што може да се случи ако жена од арапските земји пријави дека ја силувал некој? Да си го окрка таа самата дека имала секс со друг маж или секс пред брак, небитно тоа што била присилена, дури и казна таа да плаќа. Тука има сe' уште проблем со општеството во врска со сексуалната злоупотреба ама како што реков, барем законите не се такви. И вака да те прашам. Дали би сакал утре твоја ќерка да мора да оди цело време покриена, да мора да бара дозвола од мажот за да оди било каде, да биде омажена за некој кого не го ни познава, да биде ценета ради едно кожиче?