1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот - Последните времиња

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 13 април 2011.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    И тие што се среќни, среќни се зашто не знаат за подобро, од мали се научени и воспитани кафезот да им е удобен и здрав, а слободата - болест, грев.

    Не знам што е со новиве машки членови и нивните бисери на мудроста, се осеќам ко на Кајгана да сум попаднала... Жити сè, тролате ли или стварно сте до толку далеку од реалноста?
     
    На naturallmess, candy.cane, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Ти си имаш твоја дефиниција за слобода. Некој друг има сосема спротивна. Слободата е во изборот, али не во твоето напнување да ја наметнеш некому. Јас имам многу добра пријателка. Забулена девојка. Нејзината сестра не е забулена. И сега што треба да и сипувам во глава дека е роб? Ако таа нема проблем со тоа јас немам уште повеќе.
     
  3. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Pokraj site naucni dostignuvanja denes, da veruvas vo Bog e isto ko u Dedo Mraz da verues. Aj na dete malo kje mu progledas niz prsti i da veruva u dedo Mraz ali na vozrasna edinka? Namesto da napreduvame nie ideme nanazad 2000 godini.(facepalm)

    A toj Miroljub ili kako i da se vikase ne znam kolku treba da si zaostanat u vreme i pprostor vo nego doverba da steknes pa i zivot da doveris, samo edno intervju da se pogledne moze da se sfati deka covekot e hodajuca parodija jas mislev site go smetaat za tragikomicen lik a toa nekoj soveti od nego trazel za takvi seriozni bolesti! (facepalm)
     
    На candy.cane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  4. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Така е слободата е во изборот тамошните жени да бидат забулени или не. Ама нив никој не ги прашува што сакаат немаат избор. Сега сам себе се погазуваш во ставовите дека среќни биле така кога прво тие немаат слобода да изберат и пробаат како е да не се забулуваат и живеат како сакаат а не како им е наметнато.
     
    На candy.cane, WildMk, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А ако не сака да оди забулена, што ќе се случи? Што ќе се случи ако има односи пред брак?
    Затвор ќе лежи, ете тоа. Дури има и полоши казни.
    Слобода нели?
     
    На candy.cane, WildMk и RosettaStone им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Слободата е во изборот доколку постоела опција за избор. Без можност за бирање нема избор. Без целосна контрола над сопственото тело жената не може да бира.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Тогаш како нејзината сестра не оди забулена, а гледам жива здрава е? Затвор да лежи за тоа. Не ме зезај жити се:D
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А ти сигурен си дека стварно е така?
    И по трет пак ќе те прашам
    Како религијата ги прави жените побезбедни?
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    крајот на светот мислам дека беше темава - крајот кој сами ние неодговорни забегани алчни будали ќе си го довлечкаме на самиот праг од влезната врата, си ги исцрпуваме сите природни извори , уништуваме се што ни дава мајката природа , неодговорни и несвесни какво богатство ни исчезнува пред очите..... а не муабетиве смешни што ги правите тука , малку да се одвои од времето драгоцено и сите да ја подкренат свесноста во поглед на зачувување оноа што ни ја гаси жеддта и ни го полни стомакот ( земјата ) , па да направиме нешто да ја спасиме .... не некој од тие 4500 богови , туку сите ние како што ја придвижуваме биолошката хармонија исто така ќе ја убиеме ...... бришете ме ако треба ама тоа е вустинскиот КРАЈ од кој треба да се плашиме
     
    На WildMk, baba Rada, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ваљда има зошто зборам.
    Тотална опресија врз жените, понижувања во секој поглед, деградирање, присилна проституција, присилни бракови, старчуги со харем позади нив од уште неполнолетни девојчиња. Не знаеш како е да гледаш немоќ и очај во тие очи, а да не можеш да им помогнеш ни ти, а ниту некој друг.
    Да си само нем набљудувач.
    И кажи после безбедни биле и чувани.
    И одрекни ако можеш дека сето ова лежи на религиска основа.
     
    На candy.cane, Heavencanwait, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Во ред. Не си религиозна, атеист си, сакаш и практикуваш секс со повеќе партнери твој избор, но мора да имаш во предвид дека не сите ги привлекуваат исти работи. Тоа не значи дека се нечиј роб.
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, апсолутно. На големо низ светот сѐ уште се верува во квазиморални натприродни заплашувања, та дури и од пророштва ко она на Маите луѓе се паничат - додека глобалното затоплување е сериозен занемарен проблем, па и сметан за мит од многумина...
     
    На WildMk и naturallmess им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Охоо да знаеш колку жени се убивани, тепани зошто немало крв првиот пат. И сметаш дека ова е во ред?
    И не реков дека јас лично менувам партнери, туку дека тие немаат воопшто сексуална слобода, а треба да имаат, сите, секоја жена.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Јас прашав за твоето искуство. Инаку, овие работи што ги зборуваш ги има и кај нас. Цели ланци на проституција, педофилија, на неполнолетни девојчиња што седат на старци во скут.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И да ги има, законски е забрането брак со малолетно лице. А во таквите земји не е.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Нелегално и ретко.
    Таму е стандард.
     
    На candy.cane, WildMk, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    До пред скоро време на жените у Арабија им беше забрането да имаат возачки дозволи тој вика среќни биле(facepalm)
     
    На lovestoneddd, candy.cane, Heavencanwait и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Swatt океј, продолжи да ми го игнорираш прашањето и да одговараш само тоа што ти чини.

    А знаеш и кои жени тврдат дека се среќни? Оние што како девојчиња биле обрежани и имале среќа да преживеат, па сега и своите ќерки ги тераат да поминуваат низ истиот пекол и велат дека така е правилно за да се зачува честа на жената и да може да биде верна.
    А колку девојчиња починале при таа постапка.
     
    На Nausicaa, RosettaStone, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    @Swatt Како се среќни жити се? Оти мислат така треба и од каменот подалеку не виделе?

    Како може да биде среќна жена на која не и е дозволен развод, иако е психички и физички малтретирана во тој брак? Но за разлика од ова, мажот може да се разведе кога сака, па дури и без да знае сопругата.

    Како е среќна жена која нема право да одлучи со кого ќе стапи во брак? Жена која не смее да се облече како сака, не смее да застане до маж, не смее да работи што сака, да учи што сака, нема право дури ни здравствено да се лекува без да и дозволат?

    Тие жени, немаат право ниту на сопствена финансиска сметка, немаат право да патуваат без дозвола. Немаат право на избор. А, ако се борат за истото, завршуваат во затвор. Итн. Итн. Итн.

    И што е најтрагично, се ова е дозволено со закон.

    И ти сериозно сакаш да кажеш дека се среќни тие жени? Па супер. Со се жена и ќерки трк натака. Ради безбедност, а и среќни ќе бидат жените од твојата околина. Очигледно ти најмногу.

    Исто како и другарчето твое, кое ужива еден ултра конзервативен систем, а ти переш мозок тука, дека ултра религиозните општества биле безбедни за жената.

    Ваква безбедност и ваква среќа, нам не ни е потребна. А ти со вакви патријархални наративи, по дома.
     
    На lovestoneddd, candy.cane, Heavencanwait и 7 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ни по дома :!: оти од дома почнува опресијата на жената. Од домашното воспитување.
     
    На Heavencanwait, Someonespecial, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.