1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот - Последните времиња

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 13 април 2011.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Веке секој ден е крај на светот, ке заврши ли веке еднаш? :worried:
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Ако земјата и човекот бидат уништени ,тогаш не мислите ли дека залудни би биле зборовите кажани во молитвата -оче наш-во матеј 6-10 ?Според исаја 45-18 земјата не е создадена залудно туку да биде населена.Бог е правен законски сопственик на земјата,и нема да биде уништена според псалм 24-1.Тогаш за каков крај станува збор ,што мислите вие?
     
  3. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Многу се зборува на оваа тема... искрено веќе и не ми е интересно да слушам за секакви црни сценарија за крајот на светот. Секој ден се зборува за нешто ново што ќе го предизвикало крајот на светот, де е природна катастрофа, де е метеор, де е комета, де е ова, она... Луѓето всушност обожаваат да стварат паники и да живеат во страв , јас тоа така го сфаќам. Едно знам само... ќе дојде крајот кога ќе сака Бог и кога никој нема да очекува и никакви природни катастрофи (што ги има уште од кога постои Земјата), нема да бидат показатели на тоа.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Дур е жив Брус Вилис, нема крај на светот, ич да не ми се секирате.

    Затоа јас вака мирно спијам 8)
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Секој втор месец треба да си го зашивам хименот за да можам да му речам на љубениот:

    „Не сакам да умрам девица“

    ноќта пред крајот на светот.
     
  6. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Не ми е јасно зошто толку се замара светов со крај на светот.
    Дај живејте си како си живеете, и да откријат кога е крај на светот (за сигурно) пак ништо нема да можете да направите во врска со тоа и крај на муабетот. :angel:

    Боље да не кажуваат ако треба да умреме, ее така во паника ќе умреме сите. :geek:
     
  7. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Јас искрено мислам дека тоа се глупости и дека никој не знае кога ќе биде крај на светот..Луѓето немаат попаметна работа па измислуваат разни глупости :) :|
     
  8. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Видете ,не се тоа глупости...баш напротив докажано е дека Нибиру постои...и дека доколку премногу се приближи на земјата,земјата нема тоа да го зидржи и ќе почнат да се случуваат многу промени во природата,и промени на годишните времиња.Еве еден доказ колку само се смени времето кај нас приметете...веќе немаме 4 годишни времиња,туку имаме само две Лето и Зима...од многу топло и од кратки ракави веднаш идеме на капути и на многу ниски температури.Така да верувам,апсолутно.
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Крајот е блиску,но во буквална смисла крај само на лошото,на лошите луѓе.Сепак ќе има и Божји суд,а Бог е голем и милосрден,не сака никој да загине :inlove: .
    Знаците се веќе тука,секојдневните земјотреси,поплави,урагани,оладувањето на љубовта кај луѓето,сексуалната револуција кај младите(претежно практикување секс без да се живее во светата заедница -брак).
    Сето тоа се должи на борбата меѓу Бог и Сатаната,и во таа борба учествуваме сите ние и мора да се одлучиме на кој ќе служиме.
    Сатаната направи младите да ги задоволуваат своите страсти на неприроден начин,т.ест да не го почитуваат бракот ,зашто во Светото Писмо е речено:Не врши прељуба и Бог ќе ги суди сите оние кои го оскверниле брачното легло!
    Имено,најпознатата француска проститука Иштар,во чие име е изградена и Статуата на слободата,ги заведе сите народи и сите се напија од чашата на нејзиното блудство.Во библијата уште е наречена големата блудница,која седи на многу води (Сад).Антихристот ќе биде владетел на Вавилон (Сад)кој е опишан како звер ,и сите народи се зачудија и тргнаа по него.
    Погледнете во Евангелието на Јован,пишува се.
    Другиот звер кој излегува од морето е другиот Антихрист кој ќе го завладее светот,имено Ватикан.
    Антихристот ќе се обиде да ги смени времињата и законите Божји.
    Кршењето на Божји закон е пронајдено во Четвртата заповед,за празнувањето на седмиот дем во седмицата,кој имено е сабота,а зверот го измени денот за одмор и го премести во недела.
    Бог рекол:Ви ги давам моите Саботи,за да бидат знак помеѓу мене и вас,израелскиот народ,за да знаете дека Јас сум Ваш Бог,а вие Мој народ!

    Уште нешто многу интересно,Дедо мраз или таканаречениот Санта клаус.
    САНТА=САТАН :o .
    Исус кажал дека крајот ќе дојде како во деноевите на Ное,луќето ќе јадат,пијат,ќе се женат и мажат,и ненајдејно ќе дојде крајот.
    Ова се случува во наше време ,луѓето се неморални,безбожни,и се исмеваат на повеќето кои веруваат во Бога и читаат Библија.
    Исто така,ќе се појават многу лажни пророци и ќе заведат многумина.
    Кој ќе издржи до крај,ќе се спаси.

    И бројот на зверот е број на човек ,а неговиот број е 666.Телевизрот,комјутерот,автомобилите сета технологија е бројот на Сатаната која ги заведува земените жители и врши голема чуда и знаци,за да ги заведе ако е можно дури и избраните :( .
    Драги луѓе,покајте се и верувајте во вистината.Верувајте во единствениот жив Бог.Да ги спасиме нашите души,АМИН!!!
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    It is well known that the name "Santa Claus" comes to us by way of the Dutch "Sinter Klaas," which in turn, was a form of Saint Nicholas. Our modern Santa Claus took his name from the Christian Saint.... Извор
    http://www.orlutheran.com/html/santa.html



    SATAN
    GENDER: Masculine
    USAGE: Theology, Biblical, Biblical Hebrew
    OTHER SCRIPTS: שָׂטָן (Ancient Hebrew)
    PRONOUNCED: SAY-tən (English)

    http://www.behindthename.com/name/satan


    А да се вратам на темава, ја искрено попрво ке поверувам у крај на Универзум отколку у крај на светов... Али за жал ете да речам овде може да збориме и да зборме и да даваме навидум факти и аргументи алииии додека не дојде Декември ништо не можеме да знаеме ниту пак да аргументираме ... Останува да чекаме и да видиме, и да си го живееме животот како што си го живееме ...
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Христос во својата објава „Божествено пророчко исцелување: Моќта на Христос во тебе„ од јануари 1996 година изговорена преку неговата пророчица Габриеле-Вирцбург а пренесена од бројни радио станици во живо, Тој меѓу другото рече: „...Речта сега го изговара она Омега: Крај, крај со овој свет! Омега е изговорена. О, препознајте и сфатете ја во вашите срца разликата помеѓу зборовите `свет` и `земја`. Земјата е еден аспект од Бога кој никогаш нема да помине. Таа со тек на време ќе се издигне во една повисока агрегатна состојба. Но светот се крпениците кои луѓето ги создале. Како што е веќе кажано овој материјал - `светот` повеќе не држи...„

    Значи нема да ја снема планетата земја или човештвото, туку светот - она кое човештвото низ милениумите го создало како надворешни структури на владеење, неправедни економии, искористување на природата за себични цели и тн. Тоа е она што еден ден целосно ќе исчезне поради разни случувања како што се болести, војни, природни катастрофи и уште многу повеќе.

    Подоцна, во друга прилика Бог, создателот, нашиот Небесен Татко, преку својата пророчица на 27 февруари 2001 год. ги изговори следните зборови на опомена:

    "Јас Сум Бог Аврамов, Бог Исаков и Бог на Јакова. Јас Сум Бог на сите вистински пророци.
    Јас, БОГ, Семоќниот, го кревам Мојот глас преку Мојата пророчица и гласничка, и го упатувам до човештвото.

    Престанете да ги јадете вашите со-созданија, кои се ваши животински браќа и сестри!
    Престанете да ги мачите нив преку експерименти со животни и преку одземање на слободата, така што ги држите во штали кои се недостојни за животните. Животните ја сакаат слободата, исто како и вие луѓето.
    Престанете да ги убивате најмалите животинки, животот на почвата, со вештачки ѓубриња, исто така со гној од измет, и слично!
    Престанете да ги сечете и палите шумите, и да им го одземате животниот простор на животните во шумите и полјаните. Вратете им го нивниот животен простор, шумите, полињата и ливадите; во спротивно, вашата судбина, која што самите си ја наметнавте себеси, ќе ви ги одземе вашата куќа и двор, и вашите извори на храна, преку катастрофи ширум светот, кои што вие самите ги создадовте преку вашето постапување против животот, против царствата на природата, вклучително и против животните.

    Ако луѓето одново ги фрлат Моите зборови во ветер, тогаш за нив ќе настане бура, светска судбина, којашто ќе однесе стотини илјади луѓе, како прво, преку светски катастрофи, како второ, преку болести, кои како епидемии ќе се прекршат врз оние кои преку своето оддалечување од секаква духовна етика и морал нив им ги наметнале на животните, врз оние, кои во сегашново време спалуваат илјадници животни. Кој нема да се преобрати, него ќе го снајде слично.

    Мојата Реч е изговорена. Светската апокалипса е во тек. Кој не сака да слуша, тој во сè пократки растојанија ќе ги осети последиците од причините што самиот си ги создал. Земјата со нејзините растенија, животни и минерали, Јас ја издигнав кон Мене. Кој и натаму положува рака врз мајката Земја со сите нејзини животни форми, тој ќе ги осети последиците. Престанете да мачите, да убивате и да усмртувате!
    Престанете, вие луѓе, со вашето ѕверско однесување, коешто ве погодува исклучиво вас, а не некое друго битие; оти, што му правите на најмалиот од вашите состворови, тоа Ми го правите Мене и си го правите себеси.

    Доста е! Преобратете се; инаку жетвата, која е ваша сеидба, продолжува.

    ЈАС СУМ, кој СУМ, секогаш истиот, вчера, денес и утре, во целата вечност."
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ајде бе, време му е веќе :)
     
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Слава му , само тој знае кога ни е часот дојден да си заминиме од овој свет.
    Абе и човек да не знај шо да прај.
    Ако знам дека ќе умрам ќе фатам ни учам,ќе јадам се што душа ми сака какви диети какви бакрачи,и ќе се омажам,деца не раѓам за да не се мачам да раѓам кога знам дека ќе умрат :D Ама затоа на рандеву секоја вечер..
    ЕЕ шала на страна далеку ја отерав,ќе дојди можеби крај на светов,само не знајме од кој аспект да гледаме од страна на науката т.е поради глобалото затоплување или од страна на религијата т.е бидејќи бог не создал,бог ќе не земе...
    Не не ми е јасно ова,и нема да ми се разјасни дури не видам и доживеам самата.
    :lol: Иначе кога кажаа порано дека ќе имало крај на светов,јас седната дома пред компјутер читам на фејс сите се збогуваат,тв в крај пуштен вести чекам,јутјуб Лозано-Нема да е крај на свет...Знам рекоја во 21h ќе се случело крајов,и помина 21 и си се издишав и си легнав,ама како да заспијам ако сабаље се разбудам горе,така не збогувана со никој па ни прошка побарано?
    И така заспав,плашејќи се од секој шум..
    И така Шмешки :lol:
    Малце ја забегав од темава ама сакав да си споделам со вас мислења :lol:
     
  14. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    Нема крај на светот бе! :D
     
  15. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    Длабоко во себе се молам да дојде конечно крајот..... и воопшто не се плашам од тоа воопшто!
    Туку напротив мислам дека време е да престане се, време е да престанат овие глупости...овие крајни непочитувања никој со никого....што е ова луѓево почнаа дури да се јадат...и да не набројувам уште што ли не!!!
    ВООПШТО не се плашам од тој чин оти знам тогаш ќе завладее вечен мир !!!!!
     
    На felisitas, angelce1 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Крај на светот ке има и тоа во блиска иднина (мое мислење :) )!
    Ке биде за 2,3,а најмногу 4 год.....
    А да му се плашам,не му се плашам!! ]:)
     
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски

    Потполно се согласувам со тебе,а и веќе се наближува само луѓето се сеуште слепи не сакаат да прогледаат или злото им ги покрило очите па само во матерјални добра гледаат а душевното веке станало поим. На секој чекор саде разврати и бедотија и се тоа одеданаш стана нормално за сите.Сите се либерални,порано небаре луѓето глупави биле сто се држеле до некои правила. Времето е убрзано само никој не приметува...Не за џабе е речено само мал број на луѓе ке се спасат...Има и зошто.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Во право сте, не само што душевното станало поим, туку и нешто што е за исмејување, нешто што се прави, а е од причина што поради незнаење дека физичкото повеќе зависи од духовното, во сооднос на тоа, материјалното не вреди.Човек и да има се, сите палати на светов да ги има, ако не е среќен, ако нема здравје, ништо нема да му вредат палатите.Лошо е што човек доцна се освестува за тоа, кога знае дека му доаѓа крајот, а веќе сиот живот го поминал преоптоварувајки се со материјалните работи. Незнаејки дека само живо битие може да го направи среќен и сите други нешта во склоп на среќата, кои ќе го направат да се почувствува жив.Луѓето порано попаметно го живееле животот, отколку сега, кога секакви работи се случуваат, а и сите тие земјотерси, торнада, снегови во период кога не се соодветни за истите да ги има, се е поврзано.Според мене, крај на светот нема да има сега, но поверојатно ми е дека само би било промена на свесноста кај човекот.Бидејки некако апстрактни ми се тие приказни кои се прават, како одеднаш ќе не снемало итн.Земјава од одамна постои, така да не е баш логично да се збори за тоа дека туку така ќе била уништена од надворешен аспект.Додека од религиска гледна точка, секој има право да верува во она во кое смета дека правилно, тоа е индивидуално и не може истото да биде променето со сила.Впрочем никој не знае кога ќе биде крај на светот, може само да си претпоставуваме, ништо друго.
     
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Абе то петок се паѓа? :lol: Лично јас не вервам во то, ама ќе видиме. Како шо вели татко ми- како шо ни е пишано така ќе биди :)
     
  20. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Крај на светот ќе има. Ама кога, само Господ знае, се е запишано во библијата.Нема точен датум туку објаснувања. НеКОИ СИ ИЗМИСЛУВААТ ОД ПАМЕТ ДАТИ. Библијата е книга над книгите и во неа се дадени сите одговори за животот и законот на постоењето. Треба да се чита многу пати и сегогаш ќе дознавате по нешто ново, ке најдете посакуван одговор, ќе ве упати, ќе ве посоветува и да не набројувам што се во позитивна смисла ќе ви даде и овозможи, ќе ве измудри. Но треба постојано да се чита со проучување и во буквална смисла и во преносна.С ветот е макрокосмос, а човекот е дел од него како микрокосмос во мало. Затоа велам ке дојде крај на светот, но да не дозволиме да дојде крај на светот во нашите души и срца, да не ја загубиме човечноста во себе...