Крајот на светот ние самите луѓето ќе го донесеме.Кога живееме во време кога духовното е заменето со материјалното,алчноста ја совлада хуманоста на луѓето,кога љубезноста ја заменуваат со користа.Сето ова е крај на светот.Ние самите луѓето го правиме тоа,се иди од нас и од нашиот нов напреден,но погрешен начин на живот. Ако се свестиме што правиме и зошто го правиме тоа,барем за миг се замислиме и промениме нешто тогаш се би било поинаку. Сето ова што се случува-природните катастрофи,војните,омразата меѓиу себе,алчноста за повеќе и повеќе да сакаме нешто и преку се да преминеме за да го добиеме тоа без разлика на чувстата на другите луѓе.Според мене тоа е крај на светот,а зборувањата дека ќе не проголтала црна дупка или некој астероид не ми се баш многу меродавни.Никој не знае што ни носи иднината,дали и кога ќе дојди крај на светот.Сепак нас ни останува само да го живееме животот правилно како што не создал и ни налагал Господ кој што единствено знае што не чека.
Можеби моето мислење не е за во оваа тема бидејќи не е од религиска гледна точка, ама сепак само да кажам што мислам за крајот на светот. Да верувам дека ќе се случи! И не знам зошто некој би се сомневал дека е можно кога веќе се лежи во рацете на човекот. На светот денес има толку многу нуклеарно оружје, што само еден мал дел од него да се употреби, на земјата нема да остане ниеден жив огранизам. Се верува дека и исламистичките земји, наскоро ќе поседуваат (дури може веќе имаат - ете Пакистан поседува) ваков вид на оружје. Доволно е значи само да се најде таму на врвот некој со ум на Хитлер, Бин Ладен, Гадафи или бомбаш самоубиец, за да во еден миг го сруши светот. А прашање е и колку работи се кријат од широката народна маса... Како и да е, ние ништо не можеме да смениме по ова точка, па затоа и не треба да се замараме зашто така само може да си го измачуваме главчето. Да оставиме се на времето, тоа ќе покаже!
Тоа е привидно така, но во светската ситуација секој има некаков мал или голем удел бидејќи луѓето се тие што го творат светот. Она што може и треба да смениме кон подобро сме самите ние. И тоа според златото правило на Исус од Назарет: „ Она што не сакате вам да ви го прават не го правите вие на други„ бидејќи „што човек сее тоа и ќе жнее„. Овие изјави имаат дотолку повеќе смисла ако знаеме дека сите ние имаме бесмртна душа и тоа е она кое може и вреди да се спасува ако веќе светот не може да се спаси - бидејќи светот порано или подоцна ќе помине а ние како битија остануваме и понатака да постоиме. Исто така треба да се прави разлика помеѓу зборовите „светот„ и Земјата. Светот пропаѓа, но планетата Земја опстанува во Царството на мирот на Исус Христос.
Дури и крајно да ја негуваме природата, да ја штитиме и да не ја загадуваме, Сонцето си расте од ден на ден. За милијарди милијарди години ќе стане толку големо што живот на Земјата нема да постои, можеби и ќе ја проголта со својата круна, и можеби ќе се развие живот на некоја подалечна планета како Јупитер или Сатурн, не се знае. Природен процес е тоа, само многу бавно се одвива.
Не е точно ,ако ја негувавме природата,таа ќе ни вратеше со иста мера.Еколошкото загадување си го правиме ние луѓето сами,колку ли само еден поединец може да биде виновен ако не ја негува природата,а замисли пак 7 милијарди колку што не има сега.Земјата е нашиот единствен дом,и таа е направена да функционира во хармонија со другите небесни тела,но жално е што баш ние луѓето сами го уништуваме тој дом. Љубовта оладе ,сите се мразат меѓусебе,криминалот израсна на највисоко ниво,да не зборувам за загадувањето на природата итн. Ако ние бевме добри како прво спрема себеси ,немаше да дојде до тоа сами да го донесеме крајот на светот ,иако Земјата не е безживотна топка,Бог нема да дозволи човекот да ја уништи.
Абе јас ти зборувам од научна гледна точка. Сонцето е ѕвезда и моментално е во фаза бебе. Ѕвездите растат се дури не станат џинови и потоа се распаѓаат (или така нешто, не ме држи за збор, лекцијава по географија ми е учена во петто одделение). Батали ти љубов и мир во светот. Науката си го објаснала своето.
И двајцата сте во право. Но она кое ти го кажуваш за сонцето ќе претставува крај на физичката планета Земја за неколку милијарди години, а не и крај на Животот кој е вечен и ја трансцендира материјата. Материјата има привремен карактер, но Духот е вечноста и врвната реалност. Според објавите дадени за денешната епоха (тнр.времето на крајот) еден ден (на крајот од Царството на мирот) материјата само ќе се асимилира во попрофинета состојба и постепено ќе биде вратена во вечното постоење од каде некогаш многу одамна произлегла. Но ние и сега и тогаш ќе си постоиме како духовни битија.
DAYLIGHT,убаво што ова ми го објаснивте од научна точка,но јас сакам темава да се продискутира малце и од библиска гледна точка,а имено Откровението на Јован каде се вели дека во последните денови на Земјата ќе настапат тешки времиња,луѓето ќе станат горделиви,неблагодарни,несвети,пцујачи,свирепи,сурови,без рабирање,без природна љубов,непокорни на родителите,среброљупци кои имаат изгед на побожност а се одрекле од нејзината сила. Искрено,мислам дека токму НИЕ живееме во ова време. Секој си гледакако му одговара,секој за себе,а Божјите закони за ретко кого вистински се важни,сите живееме во динамично време и најчесто оправдување за се е ,,па сега е 21 век-се е дозволено
Мене ми се смешни сите сценарија за крај на светот, колешке.Се е во нас, нема ништо надвор од нас, од нас се зависи.Порелевантно ми е дека за крај на светот повеќе е менување на свеста, позастапеност на духовното и не придавање голема важност на материјалното, бидејки секој е свесен дека се што материјално поседува, нема да му биде од корист откако ќе го нема, но, сепак повеќе внимание посветува на материјалното.Можеби ќе научиме дека во нас опстојуваат доброто и лошото, а на нас останува според кое ќе го живееме животот.Луѓето знаат да повредуваат, но знаат и да сакаат, но најчесто поради невозвратена љубов, одбираат да повредуваат.Тие нешта се толку поврзани едно со друго, како брат и сестра, само како да не се приметуваат.Ни црна дупка ќе не проголта, нити астероид ќе не удри...Се што се случува уништување на шумите, поплави, земјотерси е последица од невнимание на човекот, ништо друго.Убаво е вака што збориме, драго ми е поради тоа, но се надевам дека има некаков ефект кон погледот на овие нешта, односно преземање на информации во ваков муабет сосема случаен, прифаќање и разбирање на истите, бидејки само на тој начин човек станува свесен.Мислам општо, не само тука.
Се согласувам, ние денес живееме во времето на крајот, катастрофите си подаваат рака една на друга... омега е изговорена како што кажа Христос во една објава од јануари 1996 год. Дел од луѓето крајот на светот го замислуваат како нешто што ќе настапи преку ноќ, меѓутоа тоа е процес кој во еден момент додуша ќе кулминира, но тој процес на крајот веќе е во тек. Исто така дел од луѓето карјот на светот го мешаат со крајот на планетата, а тоа не е исто. Крајот на светот е крајот на алчноста, крајот на злоупотребата на животинскиот свет во прехрамбени, научни и забавни цели, крајот на понадворешнетите догми и конфесии, крајот на неправедните еконономи. Крајот на светот воедно значи и промена во свеста на луѓето како што кажа Gordana10. Како стариот грешен свет пропаѓа така сосема постепено од пепелот се издигнува новиот со едно поинакво човештво, космичко човештво кое живее во единство со ближните и природата бидејќи станува едно со Божјите закони.
Хермоса јас се соглласувам со вас и сум убедена дека крајот на светот ке дојде кога Исус ке се врати по оние кој верувале во него и имале врска со него и тогаш ке дојде крајот е сега животот ке продолзи во рајот со Христос или во пеколот со гаволот е тоа ке биде наса избор додека се уште сме живи и имаме шанса да се покаеме и избереме да живееме за Господа Исуса Христа
Хермоса јас се соглласувам со вас и сум убедена дека крајот на светот ке дојде кога Исус ке се врати по оние кој верувале во него и имале врска со него и тогаш ке дојде крајот е сега животот ке продолзи во рајот со Христос или во пеколот со гаволот е тоа ке биде наса избор додека се уште сме живи и имаме шанса да се покаеме и избереме да живееме за Господа Исуса Христа [/quote] Благодарам Наташа на мислењето . Секако дека секој сам ќе одлучи дали ќе служи на Бог или на Сатаната. Мене ме загрижува што во Откровението на Јован пишува дека ѕверот ќе ги обележи сите, ,и никој нема да може да купи или продаде освен оној кој го има бројот на ѕверот или бројот на неговото име,а неговото име е број на човек ,а тој број е 666 . И малкумина ќе бидат спасени,само 144 000луѓе. За да се спасиме,треба искрено да побараме од Исус да ни ги прости гревовите,вистински да се покаеме и да не грешиме повеќе,зашто казна за гревот е смртта,а Исус ја победи смрттта кога воскресна . Жално е што во нашето време,повеќето се изјаснуваат како христијани и носат разни симболи на верата,а делата им се зли,и срцата им се зли,затоа Исус рекол,не секој кој ќе рече:Господи,Господи,ќе се спаси.
Во Библијата никогаш не е запишано кога ке биде крајот на светот дури се вели дека никој не го знае денот кога Христос ке се врати повторпат и тогаш ке дојде крајот, незнам каде си прочитала за тоа а нели рече дека нетреба да се верува во се сто ке се прочита, а да потопот од Ноево време беше и нокогас повторно нема да се повтори зашто Бог вети и тој го исполнува своето ветување а тоа го знаеме по Божилак ( виножито ) на небото што ни е потсетник за Божјото ветување. А слободно и без страв земи да ја читаш Библијата и ке видеш колку работи се запишани што ти неможеш да си замислеш. и после можеш слободно да дискутираш за Библијата. поздрав
Наташа,убаво си и кажала. Од кај бре принцезо извади ти од Библијата дека крајот ќе биде во 19 век ? Дали си сигурна дека тоа што си читала уопште било Библија . Да се надоврзам само,Исус рекол дека во деновите на Човечкиот Син луѓето ќе пијат,ќе јадат,ќе се мажат и женат исто како во Ноевите дни. И како што многумина му се смееле на Ное ,така ќе биде и во наше време и ќе има луѓе кои ќе живеат според своите похоти и ќе се потсмеваат:се си остана исто како од создавањето на светот,каде е Неговото ветување (се мисли на враќањето на Исус на Земјата). Е ова е тоа кое јас го забележав,повеќето се потсмеваат и го негираат Исус,а после кога Тој ќе дојде и кога сите ќе ги фрли в пекол-ќе плачат
Ева што се не ќе чујам и прочитам. Крајот на светот жими мајка. Баба ми бог да ја прости ми кажуваше дека крајот на светот го најавувале уште кога таа била мала. Јас лани колку се плашев за џабе ме направија луда. Значи ништо нема да се случи. Нема да има крај на светот. Тој кој го предвидува тоа не чита библија,не оди во црква, тие се од некој вид на секта и читаат други библии напишани од некој кој себе си се смета за Господ или писател. Феминистички глупости. За такви глупости некои луѓе лани се самоубија, си ги продадоа куќите а ништо не се случи. Фактички човекот ( заборавив како му беше името) има компанија вредна милиони долари. Што мислите од што заработува? Од луѓето секако. Сите пари ги дале за билборди, за плакати дрн дрн.... Абе ајде, тоа никој не може да знае кога ќе се случи, само тој над нас.
Бубаче89,баш затоа што читаме Библија ги знаеме знаците на последните времиња и на Второто Христово враќање. А и тоа што викаш,некои се наполнија со пари кревајќи паника кај народот. Луѓето си мислат крајот во еден ден ќе дојде-ама не е така. Секако,само Бог знае кога и зошто би дошол крајот поздрав