Интересно е при вакви муабети што честопати си мислиме дека ние некако ќе спаѓаме во оние 3-4% среќни&одбрани а останатите можат да се „сликаат„. Нешто што го прочитав во врска со тоа а кое ме стави во мисла: Многумина луѓе се со мнение дека Бог, Вечниот, би требало да им се покаже на луѓето, или во најмала рака да се вмеша во овој свет и го уништи злото. Кога Бог би го уништил злото, тогаш тој би бил еден воинствен Бог а не поврзувачката љубов. И: кога Бог би се вмешал уништувајќи - што би се случило тогаш со најголемиот број од луѓето? Да се прашаме: кој не е совиновник за катастрофите во светот, па макар со своите негативни мисли. Кој може за себе да тврди дека припаѓа исклучиво на оние добрите кои Бог би можел да ги повлече на своја страна - со обѕир на тоа дека луѓето наместо да тежнеат кон совршеност, со стотици години го следеле сугестивниот став „ние луѓето сме сите грешници„? - Каде би било мнозинството на луѓето кога Бог би се борел против злото и би го уништил? Каде би биле вие драги читатели, од десна или од лева страна Божја? Кој го направил овој свет ваков каков што е денес? Дали беше тоа Бог, Вечниот, или тоа беа луѓето? Зарем нема секој човек удел во оваа фатална, мошне жална сотстојба на светот? Многу бргу на усните ни доаѓа оправданието дека ние никому ништо лошо не сме му сториле; со мислење сме дека ние на секој човек му ја оставаме слободата да го прави она што сака. Кога тоа би било навистина така тогаш и нашите мисли би морале да бидат во ред. Но какви се нашите мисли? (При тоа треба да се напомене дека голем број од луѓето не се ни свесни за своите мисли, значи дека малце си ги познаваат.) А како се однесуваме ние во секојдневието? Колку честопати на овој или оној начин, отворено или прикриено одиме во борба против нашите ближни? Сходно сликата за трнот и гредата која ни ја даде Исус, би требало најпрвин самите да ја погледнеме сопствената греда, своите мисли и своето однесување. Ако правиме така, ќе се увериме дека не само другите многу, мошне многу негативно мислат, зборуваат а и постапуваат - ќе осетиме дека и ние самите спаѓаме тука, соодветно „гредата во сопственото око„. Секоја противзаконита мисла, секоја противзаконит збор и соодветни постапки се енергија за темнината. Кога секој кон секого би бил добронамерен, кога секој би допринесувал кон тоа другиот да биде среќен, тогаш би имало сè помалку омраза, завист, алчност и војни. Светот тогаш би бил во многу нешта посветол и луѓето би се доближиле едни на други во пријателство и љубов. Бидејќи вистинската среќа не е нашата модерна фризура, туку вистинската среќа доаѓа единствено од Бога, може да се каже дека човештвото, гледано како целина - некој повеќе некој помалце - допринесува кон денешната ситуација во нашиот свет. Според тоа, поголемиот дел од луѓето би потпаднала под категоријата „зли„ и би биле значи дел од оноа кое Бог, како што понекој си мисли, би требало да го уништи. Бог не го запира кружниот тек на самоуништувањето во овој свет, ниту се вмешува во нашето противзаконито однесување. Бог, Вечниот, нас нè опоменува да дојдеме до увидот за себе самите и да се преобратиме. Или човекот ќе се уништи самиот себе и светот кој што тој го создал или ќе се преобрати и ќе се сврти кон животот кој Бог е. ..... - извадок од поглавието „Зошто Бог не се вмеша?„ од книгата на Габриеле “Сами во партнерството и бракот? Сами во староста? Живот во единство! - Ти не си сам. БОГ е со тебе.„
Со крајот на светот ќе го снема злото и сите зли луѓе, само тие што искоментирале на темата се избраните кои ќе останат
Со крајот на светот ќе го снема злото и сите зли луѓе, само тие што искоментирале на темата се избраните кои ќе останат Даааа,баш ние ,еве јас прва сум спасена,хахаха . Од каде тие глупости???? Исус ќе ни суди секому според своите дела,и ќе се спасат само 144.000луѓе. Ако коментираме,не значи дека се воздигнуваме над другите
Ќе дојде крај на светот на за неколку 3000000 години.... но причината нема да бидат никакви библиски изговори (не дека не верувам, јас верувам во бог, а и може и тој тоа да го прави) туку сонцето. Кога сонцето ќе нарасне доволно големо, што ќе го спржи целиот жив свет, тогаш ќе снема се, но потоа сонцето ќе почне пак да се намалува до ситен астероид, па повторно ќе се роди... со новото сонце, ќе се роди и нов свет! Молете се да биде подобар од нас!
Пак почна ете ја Од каде ги вадиш бројкиве само да знам Еден провинциски град има повеќе жители од таа бројка што ја извади 144.000 значи според твојата логика печени сме сите Девојко, твој проблем е дали ќе веруваш во непостоечки работи ама научи да распознаваш шега и не се нервирај толку
Што еве ме ?Да не сакаш да ме снема прва ,а? Од каде да ги вадам бре душо,не сум магионичар па бројките од ракав да ги вадам,во Библијата така пишува,144.000 е бројот на спасените. И не според мене,тоа си е Божја работа,ТОЈ ќе пресуди кој ќе се спаси,кој заслужил,а изгледа повеќето нема да заслужиме. Таа е вистината
Никаде во библијата не пишува дека токму 144.000 ќе се спасат, до толку сме читале лектири Прво зборуваше како пишувало дека сатаната бил жена, а сега и бројкава. Ајде ако е вистина извади цитат . Ама како по обичај нема да го извадиш затоа што го нема. а тоа кого сум сакала јас да го снема не вреди ни да коментирам, смири се, јас не те ни познавам за да ти посакувам нешто лошо
Вчера со еден другар разговаравме на таа тема. Демек на 21.12.2012 ќе било крај на светов. Можеби. Но од каде токму тој датум. Има ли барем еден добар доказ што укажува на тоа ?! Мислам дека нема. Еве и да дојде крајот на светот, не Господ, туку самиот човек го предизвикува тоа. Постојат толку начини за заштитување на животната средина, а ретко кој ги применува
Никаде во библијата не пишува дека токму 144.000 ќе се спасат, до толку сме читале лектири Прво зборуваше како пишувало дека сатаната бил жена, а сега и бројкава. Ајде ако е вистина извади цитат . Ама како по обичај нема да го извадиш затоа што го нема. а тоа кого сум сакала јас да го снема не вреди ни да коментирам, смири се, јас не те ни познавам за да ти посакувам нешто лошо [/quote] Најпрво,смирена сум,зашто на шала го реков тоа,таман работа зошто да мислам такво нешто,затоа и смајли ти ставив. Велиш како по обичај,не ставам цитат?Не се сеќавам да требало цитат да ставам некаде ,а баш за тој број 144.000 најдов цитати во ОТКРОВЕНИЕТО НА ЈОВАН. Верувам во Светото писмо,и не сум таква да си измислувам,ќе ме запознаеш . Сега еве ти цитати: 4И го чув бројот на запечатените:сто четириесет и четири илјади запечатени од сите племиња на израеловите синови:5дванаесет илјади запечатени од племето Јуда,дванаесет илјади запечатени од племето Рубен,дванаесет илјади запечатени од племето Гад; 6дванаесет илјади запечатени од племето Асер ,дванаесет илјади запечатени од племето Нефталим,дванаесет илјади запечатени од племето Манасе; 7 дванаесет илјади запечатени од племето Симеон,дванаесет илјади запечатени од племето Леви,дванаесет илјади запечатени од племето Исахар; 8дванаесет илјади запечатени од племето Забулон,дванаесет илјади запечатени од племето Јосиф,дванаесет илјади запечатени од племето Венјамин. 14 Погледнав,и,ете,видов како Јагнето стои на гората Сион,а со Него сто четириесет и четири илјади,кои на своите чела го имаа напишано Неговото име и името на Неговиот татко.2И чув глас од небото,како шум на многу води и како татнеж од силен гром,а звукот што го чув беше како од харфисти кои свират на своите харфи.3Тие пееја нова песна пред престолот,пред четирите живи суштества и пред старешините,и никој не можеше да ја научи песната,освен оние сто четириесет и четири илјади кои беа откупени од земјата.4Тоа се оние кои не се осквернија со жени;имено,тоа се девственици.Тие одат по Јагнето,каде и да оди.Тие се откупени меѓу луѓето,како првина на Бог и на Јагнето,5 и лага не се најде во нивната уста,тие се непорочни.
ако смена 7 милијарди луѓе каде ќе се сместат тие 144 000 во дупка ке се пикнат хехе со ова навистина ме насмеа. како што викаат научниците сега кога ќе дојде екплозијата на сонцето во 2013 год кога топлината врвот ќе го достигне од тоа може сите да не снема, зошто ќе снема струја, вода а со тоа и храна а со тоа ние ќе умреме од глад. во индија струјата кога ја снема и после два дена дојде колкав хаос се направи па тек неколку месеци до неколку години да немаме струја, вода и храна што ќе биде тогаш... камено време
Пак ти нема логика зашто овие 144.000 се сите мажи, изгледа жената пак од ребро ќе ја прават. Гледаш дека нема причина да се радуваш за крајот на светот, јас и ти не остануваме според твоите толкувања Немам јас против што си верник, не ме интересира, верувај во што сакаш ако така ти е полесно, ама мислам дека овие работи премногу буквално ги сфаќаш дури и за еден верник, навистина премногу. Нема да експлодира сонцето , накратко, не ми се влегува во детали, се работи за соларна бура, се повторува на 10-20 години, ништо страшно. Само сега се крева галама само затоа што е фамозната 2012, дава еден посебен шмек
Кој рекол дека се радувам на крајот :geek: ? Не е дека го сфаќам пресериозно,сега ако лаже Библијата,тогаш и јас лажам . Само дискутираме ,нели така,јас ги почитувам сите и сакам да разменам мислења.
За бројкава 144000 има различни толкувања. На пр. јеховините сведоци (не сум јеховин сеедок и не се согласувам со нивното учење, го наведувам само како пример) велат дека бројот на преживеани и повторно телесно воскреснати ќе биде поголем, но дека од сите тие 144.000 ќе биле вознесени на небото во, како што велат тие, Исусова влада и заедно ќе владеат од небото со божјото царство кое ќе било и на Земјата. Јас лично не верувам дека таа бројка треба дословно да се зема, туку се работи за некаков симбол. Веројатно времето ќе покаже за каков...
Ако е вистина дека толку ќе се спасат, според цитираново ни еден човек нема да се спаси. Зошто не постои човек кој никогаш не излажал, а тука пишува и лага не се најде во нивната уста.
Да,тоа и мене ме чуди,но можеби тоа се луѓе кои не лажеле за своите дела,за чудо може никогаш ништо не излажале,и јас сум љубопитна да дознаам кои се тие 144.000 машки и тоа девственици
Ако дојде крајот на светот тоа ќе биде само поради нас самите.Тие катастрофи и војни не се одамна пишани (како што некои веруваат) туку се предизвикани од самите нас.Самите ги правиме војните,самите ја уништуваме природата,самите се делиме,не ја штитиме водата/шумите (земете пример сега летно време кога викаат помалку да се користи за да има,сите наводенуваат треви и паркови ) и така полека ни снемува работи без кои неможе да се преживее,доаѓа сиромаштија..болести за кои нема лек..смрт..
Не верувам во тоа. Сите тие предвидувања што важеа се до 2012 кога наводно ке настапи крајот на светот зошто ништо не се оствари досега ... Нели ке почнеше трета светска војна во 2010 па ке траеше сеуште, Европа ке останеше скоро без население, лугето ке патеа од кожни болести ...бла бла бла .Глупости, незнаат уште што да измислат и како да го лажат народот само за да дојдат до пари.
"Последните времиња - според евангелието не значи крај и почеток на столетието(векот), туку крај на еден светоглед, една вера, еден начин на заедништво помеѓу луѓето, а со тоа почеток на поинаков светоглед, друга вера, друг вид на заедништво. Во евангелието се вели дека при таквиот преод од една епоха во друга ќе има секакво зло: предасвство, измама, суровост и војна, а со безаконието ќе се излади и љубовта. Јас не ги сфаќам овие зборови како натприродно пророштво, туку како упатување во следната вистина: кога верата, начинот на живот, со кој луѓето живееле претходно, ќе бидат заменети со нов, кога старото ќе изумре и новото ќе стапи на негово место, тогаш мораат да настаат големи превирања, суровост, измама, предавство и беззаконие од секаков вид, а во текот на ова безаконие изладува љубовта, најважното и најпотребното својство за човечката заедница. ... „ - Лав Толстој (1828-1910) во есејот Крајот на една епоха - знаци и причини за уништување на старото од книгата „Не можам да молчам„