Во светите списи на сите светски религии се вели дека по бурата доаѓа сонце и животот навистина на Земјата ќе стане песна.
Никој неможе да каже кога и како изгледа кога ке биде крајот на овој свет, Освен Бог, ниту неговите ангели
Кон темава емисијата: Климатски промени: Пропаст на светот или пропаст на Земјата? „Една малку провокативна тема: Пропаст на светот, или пропаст на Земјата? Божјиот Дух дава јасни информации за тоа што би требало луѓето да променат за да се отклони промената на климата – или, ако вистински сакате: пропаста на светот„
Не треба да ви каже некој ,зарем не гледате дека е крај на светот ,секој ден се случуваат убиства ,поплави ,луѓето се мразат се повеке и повеќе ,дојде крајот ама никој не го гледа.Сите си го замислуваат крајот на светото како во филмовите
It's the end of the world as we know it (And I feel fine) Светот си е арен, оди напред, само некои одбираат да останат позади
imelda кои се тиа што ке одберат да останат позади?оние кои сe bolni ,оние кои загинале во во авионска или која и да било несреќа ,оние кои гинат во земјотреси и поплави и оние кои гинат од секојдневните терористички напади оние ,па сега се појавија и некој џихадисти ,кои се тие ?од каде дојдоја?Светот изгледа си го сватила само од неколку души што успеале во животот а другите како да сакаат да им се случуваат лоши работи во животот.Гледајго светот во глобала, а не арен си е светот .
Δ Аха, само сега во времето во кое ние живееме мрие народ, се убива во име на религијата, и најновото, почнаа да ја погаѓаат планетава земјотреси и поплави.
Да некажав дека немаше пред тоа,сега кога ке споредиш сто се случува во споредба со тоа време има ралика,на секој чекор убиства изчезнувања ,дури храната што ја јадеме овошјето зеленчукот се полни токсини ,после секој втор се мрази си завидува ,роднините што си живеел нема повеќе одење идење како порано,болести како еболата што се шири и ги коси луѓето ,нас секој чекор хомосексуалци ,па незнаат дали сакаат маж да бидат или жена све пореметено ,разводи повеќе отколку бракови .Колку и да го споредуваш со минатото тоа е
Назад на, арен си е светот. А вториот мој пост го именувам како две минути време кое би го сакала назад.
Од блиски извори на владата денес дознав дека ни се гледа крајот, се ближи армагедон, опасни работи се случуваат и дека невремето кое ги зафати САД е всушност почеток на крајот на светот и дека истото се очекува и кај нас најмногу за десет дена. Си имаа луѓето тезгиче со книги во Автокоманда на автобуската кај Алкалоид, некоја нова вера,нова библија, разбираш, а јас толку невоспитано се насмеав кога го слушав муабетот дури непријатно ми стана од чичкото дотеран во костим, кој дојде да ја замени една од тетките, нешто како трета смена изгледа. Уште посмешна сцена беше кога еден дечко,веројатно ром, така убрзан им пристапи, ги поздрави и рече дека одамна не се виделе и ги праша дали имаат некоја нова книга, поразговараа и си отиде трчајќи, како што и дојде. А јас останав да се чудам на колку време издаваат книги и дали новата книга ќе содржи некое ново невреме или повторно темата ќе биде снегот уништувач на САД. Наредниот пат, ако сум вака добро расположена, ќе им пристапам со прашање-што да очекуваме од нивното ново дело, освен ако не се случи армагедон за 10 дена. Ако не се случи, не знам кој изговор ќе го измислат.
Во Библијата пишува: „[Бог] ја утврди земјата на нејзините темели; нема да се разниша довека, за сета вечност“ КРАЈОТ НЕМА ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИКАН ОД ЛУЃЕ ИЛИ ОД НЕКАКОВ АСТЕРОИД. Кој ќе го предизвика крајот? Во Откровение 19:11 пишува: „Го видов небото отворено и, гледај — бел коњ. А оној што седеше на него се вика Верен и Вистинит“. Во 19. стих од истото поглавје пишува: „Ги видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани да водат војна со оној што седи на коњот и со неговата војска“ (Откровение 19:11-21 ). Иако поголемиот дел од овој извештај има симболично значење, можеме да дојдеме до следниов заклучок: Бог ќе испрати војска од ангели за да ги уништи своите непријатели.
Од цитатот очигледно е дека тој се однесува на планетата Земја, не на светот. Треба да се прави разлика помеѓу зборовите „светот„ и „Земја„. Светот е она кое го создале луѓето како структури на владеење спротивни на вечните божествени закони на хармонија и несебична љубов. Оттаму тој (светот) не ни може да трае вечно туку ќе пропадне (пропаѓањето на светот е денес повеќе од очигледно дека е во тек).
Не цитирај ме ако не разбираш....ја едно зборам а ти што ми збориш...се знае на што се мисли "светот" - НАШАТА ПЛАНЕТА. и не враќај.
Барањето не ти се прифаќа. Се наоѓаме на форум. Темата е „Крајот на светот и последните времиња„. Поради тоа потребно е да се разграничат овие два термина.
Крајот на светот нема да се случи никогаш. На мојот факултет имавме предавање за религијата и политиката, нивниот взаемен однос. На тоа предавање научив многу работи. Нели Исус рекол дека ќе се врати, но постои еден проблем. Сега да го објаснувам сето тоа е многу сложено. Накратко, во Ерусалим постои еден храм, односно џамија, на муслиманите. Се вика Al Aqsa. Претходно, на тоа место постоел еврејски храм, меѓутоа на некој од муслиманските свети лица (не знам како да ги наречам) на сон му се појавил Алах и му кажал дека на тоа место треба да бида изградена џамија. Е сега прогуглајте, еврејскиот храм не е целосно уништен, постои дел од него сеуште покрај џамијата. И сега евреите сакаат да си го вратат својот храм за да си ја спасат својата вера и своите души затоа што има едно правило кај нив - За нивната душа да биде спасена после смртта, треба да се молат и да принесуваат жртви онаму каде што е светиот храм, а нивниот храм е уништен. Муслиманите не попуштаат и не го даваат своето. А Исус ќе се врати на земјата тогаш кога евреите ќе си го вратат својот храм. Тука некаде е замешана и Америка, само не ми текнува на чија страна беше. За подетално, побарајте на интернет, професорот беше Miroljub Jevtic, има негови статии.
Имајте во предвид дека верници не се само христијани, евреи и муслимани кои веруваат во крајот на светот и повторно враќање на Господ. Има хиндуси, сикхи, џаинисти, будисти, шинтоисти и тн. Повеќето верници не ни знаат за ова ниту пак веруваат дека тоа би можело да има некаква врска. На пр. муслиманите велат дека Исус ќе се врател откако сонцето ќе изгреело на запад (научно гледано додуша ова и не е невозможно) за да го победи антихристот и дека наводно тогаш христијаните ќе виделе дека муслиманите биле во право што верувале дека Исус е само пророк. Католичката и православната црква воопшто не ни велат дека Исус ќе се врати на Земјата, туку дека неговото царство ќе се воспостави и на Земјата а по воскресението на мртвите. Јеховините сведоци велат дека Исусовото присуство е забележливо веќе од 1914 год. па навака и дека само е прашање на време кога неговото присуство ќе дојде до потполн израз. Да не ги спомнуваме хиндусите кои веруваат дека крајот на светот и доаѓањето на Господ ќе се случи за околу 427,000 години.
Ova lichno od mene shto mi doshlo na um kako pomlad chitajki za pechatite iako nemora da znachi deka e tochno. Za prviot pechat mislam se zboruva za prviot Car Konstantin. A sega mislam deka se naogame pomegu chetvrti i peti pechat. Chetvrtiot pechat mi nalikuva mnogu na Hitler.I znameto so svastika.I prvata negova borba najnapred protiv evreite potoa i protiv drugite. Za petiot pechat poleka mislam deka se mestat rabotite.Sprema pravoslavnite zemji. Koga zboruva za lazniot prorok mislam deka toa se odnesuva na lazniot Muhamed. Ali ipak moze nishto od toa da ne e tochno,samo eden Bog znae i na nego cela slava!
Се извинувам за големината на болдираното, експериментирав со големината и бојата на фонтот само колку да видам како ќе изгледа. Mислам дека @imelda (поправи ме ако грешам) мислеше на оние кои ќе заостанат во школо или воопшто нема да го завршат, со друг збор пропалици-луѓе од апокалипста, луѓе кои пропаднале. Всушност зголемениот број на пропалици ја наговестува Апокалипсата, така пишува во Книгата на Откровенијата. Тука исто спаѓаат луѓе кои завршиле факс со врски ама тоа е веќе посебна тема.
Јас би сакал да прашам од Христијанска гледна точка некој/а да ми објасни за второто Христово доаѓање, како ќе се случи тоа и што ќе стори Исус откако ќе дојде. Истотака би сакал да прашам дали во тоа време Израел ќе биде светска сила и ќе го владее светот како што било во времето на Соломон?