1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот - Последните времиња

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 13 април 2011.

  1. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Za otkrovenieto ne se osmeluva ni crkvata da go tolkuva.Ima proroshtva ama tie za onie koi pobozno ziveat mozebi i ke im se otkrie za poslednite denovi.
     
    На Hindsighter му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Според Христовата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ тоа збиднување е духовно. Тој ќе се вратит во Духот, не телесно. Но тоа не е нешто што ќе се случи преку ноќ. Тоа е процес. Но пред тоа да се случи, последиците од некогашните и сегашните грешни активности на човештвото (како на пр. непријателство меѓу народите, атомските проби, колење и експериментирањето со животни, загадувањето, генетскиот инжинеринг и многу друго) ќе дојдат засилено до израз. Дури кога луѓето ќе ги истрошат своите насилства а големите катастрофи значително ќе ја преобликуваат планетата, ќе се појави Христос. Неговото зрачење тогаш интензивно ќе ја опфати Земјата и Тој тогаш ќе биде духовен владетел на Царството на мирот. Тој заедно со мнозинството тогашни жители на Земјата ќе продолжи да ја издига вибрацијата на планетата што се одразува и врз Сончевиот систем.

    На крајот од царството на мирот ќе следи експанзија на материјата и нејзино асимилирање во изворната духовна фина супстанција. Мерено со човечко време тоа се огромни раздобја. Зборовите кои можат да се сретнат во Јовановото Откровение дека царството на мирот ќе трае 1000 години се само симбол - во смисла дека се работи за мошне многу долг период.
    Во тоа време повеќе нема да постојат политички структури и држави. Тие ќе заминат со стариот грешен свет. Луѓето нема да се делат според етничка или политичка припадност. Тие ќе бидат свесни синови и ќерки Божји, жители на Христовото царство на мирот. Тоа ќе бидат луѓе кои ќе негуваат свесно единство природата, елементите и животните. Како последица од тоа ќе владее мир и хармонија.
     
    На hermosa и Hindsighter им се допаѓа ова.
  3. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    ^
    Интересно бидејќи во некои Христијански деноминации се верува дека Исус ќе дојде и телесно а не само духовно, како што впрочем се верува и во Исламот.

    Во однос на царството, ако како што велите нема да постојат државите, тогаш ќе треба да постои еден центар од каде ќе се владее, или ако зборуваме од духовен аспект, центар на таа духовност. Ерусалим?
     
  4. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Штета што некои луѓе крајот на светот го дочекуваат со голема расипаност во душата. Едно зборат, а друго прават, на едно животно прашање одговараат на еден начин, ана друго животно прашање сосема исто толку се негираат самите себеси, што навистина е крајно подмолно и лицемерно. Воглавно не се ни самите свесни кои се и што се.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Тој - Христос - веќе еднаш дошол телесно како Исус. Во таа смисла се кажани и предупредувањата кои можат да се сретнат и низ евангелијата дека ќе се појават лажни христоси и да не се верува доколку некој каже еве го во пустината, еве го во тајните одаји и тн.
    Ќе се осврнам кратко врз еден друг аспект околу второто Христово доаѓање кое е спомнато и во исламот - имено дека сонцето ќе изгрее на запад. На прв поглед тоа изгледа бесмислено, но доколку се земе в предвид како функцинира привидното изгревање и заоѓање на сонцето испаѓа дека тоа воопшто и не е невозможно од начуна точка на гледиште.

    Нешто слично е кажано и во Христовите објави денес, со таа разлика што во нив е кажано дека привремено ќе изгрева те на (она што ние денес го нарекуваме како) запад, те на исток, те на север, те на југ. Имено, поради огромните промени кои ќе се одвиваат тогаш во Сончевиот систем, Земјата и Месечината ќе дојдат во поинаков гравитациски сооднос. Тоа ќе влијае и на деноноќниот ритам.
    Според објавата „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ центар ќе постои - Новиот Ерусалим, меѓутоа тој нема ништо заедничко со денешниот Ерусалим. Тоа е место каде луѓето ќе ја исполнуваат Божјата волја т.е. живеат според Божјите законитости кои ги наоѓаме во Беседата на Гората и Дестте Заповеди Божји.

    Исто така треба да се напомене дека тоа не е царство и владеење сфатено во денешна политичка и човечка смисла. Тоа ќе биде една нова планетарна состојба.
     
    На marchi-cool, maca cvet и Hindsighter им се допаѓа ова.
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Edno interesno video za sluchuvanja vo bliska idnina.Kolku e tochno neznam ,demek poteknuva od Sveta Gora.
     
  7. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
  8. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    13501567_881908731918549_2526382629195987880_n.jpg
     
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Погледнете ги


     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски

    Iluminati,katolickata crkva ne e hristijanska:!:
     
    На turist му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Се приближи ли крајот на светот?

    Кога учениците Го прашале нивниот Учител за Неговото второ доаѓање и крајот на светот, Исус не им дал конкретен датум, туку попрво им говорел за знаците што ќе се јават, а кои ќе покажат дека близу е доаѓањето на Господа. А потоа им вели: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“, зашто „во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки“, како крадец. Човек не треба да пророкува за крајот на светот, ниту да се труди да го одреди точниот датум. Исус ги предупредил Неговите ученици за таквите луѓе, опишувајќи ги како лажни пророци и антихристи. Еден христијанин треба во секој момент да биде подготвен за Христовото пришествие. Има еден древен текст во кој се толкува Евангелието според св. ап. Матеј, и во кој се вели: „Зошто од човека се крие времето на неговата смрт? Овој датум се крие, за човекот постојано да прави добро, очекувајќи ја смртта во секое време. Истото важи и за времето на Христовото второ пришествие: се крие од светот, за поколенијата да живеат во исчекување на Неговото враќање.“ Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. Толкувајќи го овој стих, св. Илариј Пиктависки (4. век), вели: „Господ нè поучува дека добро е да не го знаеме денот на Неговото доаѓање (кој Господ, со Неговиот молк го сокрил од сите), впрегнувајќи нè да бдееме и да ги пазиме Неговите заповеди. Треба да се занимаваме со постојана молитва со цел да внимаваме Крадецот да не се провлече… Добро е да бидеме подготвени. Незнаењето на денот на Христовото пришествие треба да нè поттикне да бидеме будни, зашто нестрпливо го чекаме Неговото доаѓање.“ Црквата, кога зборува за Христовото второ пришествие, не сака да каже дека Тој дошол пред две илјади години, за после сосема да Го снема до моментот кога повторно ќе дојде, на крајот од времето. Христос е присутен во Неговата Црква, и не е отсутен ниту на момент. Оттука, христијаните мора да живеат како крајот на светот веќе да дошол, зашто Црквата е икона на Царството што доаѓа, и Христос е присутен во неа преку Светите тајни и Неговото живо слово. Тогаш, што повеќе треба да чекаме? Она што се подразбира под Неговото второ доаѓање е Христовото видливо појавување за втор пат, пред сите народи. Од каде знаеме дека сето ова е точно? Одговарајќи им на апостолите, Христос наведува одредени знаци и знаменија кои, можеме да забележиме, се повторуваат во текот на историјата, па дури и во секоја генерација. Навистина, во секое време и секое место можеме да ги забележиме овие знаменија – војни, глад, болести, земјотреси и поплави… Да не заборавиме: Првата светска војна се случила меѓу Каин и Авел – едната половина на светот ја убила другата половина. А што е со епидемиите и болестите, од црн пришт до чума, до СИДА и свински грип? И природните катастрофи, од потопот во времето на Ное, до цунамито во Индонезија… Секое поколение си има свои војни, свои чуми и свои природни катаклизми. Оттука, овие знаци служат за да ги потсетат верните да творат добри дела, да се покаат, а не само да им го објават крајот на светот. Гревот што денес преовладува во светот не е нов, и невозможно е да се пресмета последниот ден врз основа на настаните што се счучуваат денес, особено во нашиве држави, од Тигар и Еуфрат до Средоземното Море. Апостол Павле вели: „Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се!“ (2Тим. 3,1-5). Нема полза од тоа буквалистички да зборуваме за крајот на светот. Попрво, мора да се сеќаваме на него како на повик за покајание и добрина. После сè, не е ли смртниот час на секој човек – крај на светот за него? Има ли, во тој момент, разлика помеѓу неговата и смртта на шест милијарди луѓе за него? Зошто, тогаш, да се занимаваме со ствари врз кои немаме ама баш никакво влијание? Затоа, тоа што денот на Второто Христово пришествие е сокриен од нас е уште еден знак на големата милост Божја!

    Протојереј Георгиј Масух
     
  12. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Каков крај на светот сега дојде живот за сите :D
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    Порано не верував во крај на светот. Пошто верував дека постои Господ кој го создал светот на светот не може да му дојде крај додека постои Господ. Сеуште не сум стигнала до тој дел во библијата ама сум дискутирала со луѓе околу тоа. Тие ќе бидат тешки времиња. Според мене ние сме последната генерација на земјава пред крајот на светот
    се повеќе луѓето стануваат вакви. Многу родители не можат да ги совладаат децата. Многу деца немаат почит према родители. речиси сите се неблагодарни. А баш сите се предавници. Нема дружељубивост.... Башка и сите временски непогоди кои се од Бога. А тоа дека смртта е Божја казна а многу невини и прерано загинати.... Е тоа не можам да го разберам. За сите смртта е крај на светот. Јас како да живеам како утре да е крај на светот? Можам да живеам како секој ден да ми е последен поинаку не знам како. Еден ден може ќе стресе земјотрес или ќе фати поплава. Тоа за мене може да е последен ден а не за светот.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Тој дел од Библијата се вика Откровение, кое што ние мирјаните не би требало да го читаме. Поточно во ред е доколку се прочита, но не и да се толкува.
     
    Последна измена: 9 април 2018
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски

    Sofia robotot prasuva za bitkoin?8-|
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    Верувам и реална ми е верзијата на науката - дека за неколку милијарди години Сонцето ќе се зголеми во енормни размери и ќе ја проголта Земјата.
    Што се однесува до човекот и неговото влијание на природните услови, треба да се фокусираме на она опипливото - а тоа е уништувањето на природата, придонесот од секоја единка во загадувањето, масовната еколошка некултура. Од внатрешни вредности и морал, реалната закана е во војните и разни оружја од најопасен тип, неконтролираната желба за превласт по секоја цена што би можела да доведе до нив.

    А од религиски аспект не верувам и сметам дека треба сето тоа да се земе со резерва. Во ред е како дел од религиска култура, па и во литература има доста референци... ама кога ќе се премине границата на сфаќање како апстракција и метафора, може само да доведе до параноја и црни мисли, или пак да влијае оној догматскиот дел на религијата како опиум, алатка за контрола, во контекст на закана за враќање на застарени вредности.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    за илуминати слушав пред некој ден на viasat history дека се секта слична на масоните
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    да ,тие се тајно здружение и се во служба на ѓаволот

     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  20. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ако ти си прочитал и анализирал, (а не си го направил ни едното ни другото, информации си собрал само со рекла - казала принцип) ќе си дошол до сознание дека во Библијата не пишува кога ќе биде крајот со датум и дека тоа на никој не му е откриено (т.е. зависи во еден дел и од нас, но тоа е друга тема). Наведени се само знаци и пророштва што ќе се исполнуваат по што ќе знаеме во која доба живееме. А според тоа што многу пророштва од Библијата запишани многу векови пред да се збиднат се оствариле, дава доверба и за пророштвата за иднината. Само треба некој да чита и да анализира, непристрасно и искрено да истражува.