1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот - Последните времиња

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 13 април 2011.

  1. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ако ја немате прочитано книгата "Ватиканси убијци" од бивш језуит, побарајте ја, многу информации има и многу погледи се отвараат. Ако не можете да ја најдете може да пробам да помогнам. Има и видео на youtube "Vatikanski ubice" синхронизирано на спрски, ама книга си е книга. И не е многу голема, околу 100 страни (со сликички :) )
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    "Науката без религијата е хрома, религијата без науката е слепа" - Алберт Ајнштајн.

    Во контекст на ова во Светото Писмо има многу научни сознанија од повеќе области што се запишани како научни факти или принципи, што се знаеле или биле прифатени во некој народ или период, а науката ги открила и применила векови подоцна (откако биле изгубени, заботавени или скриени низ темните векови на владеењето на црквата. ЦРКВАТА НЕ БИБЛИЈАТА...има голема разлика).
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Подпрашање:
    Колку апокалипси до сега преживеавте?
     
    На honest girl, GirlLove, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Крајот на светот се очекува утре во 18 часот,за тоа повеќе во дневникот во 19:D
     
    На Gosh, honest girl, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  5. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле

    Во посланијата до Тимотеј каде што го пишува ова пишано е и "Целото Писмо е од Бога вдаховено и полесно е за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата..." (2 Тимотеј 3.16)
    Не ја гледам смислата ако Бог нешто ни дал зошто да не смееме да го читаме и толкуваме, а Тој може точно да ни открие. Всушност така било во средниот темев век, не се цитало и не се толкувало, па кога поединци почнале да читаат и толкуваат Бог им открил и наголемо меѓу народот почнало да се проповеда за вистинското спасениекако дар и да се преведува Светото Писмо на народните јазици.Така луѓето биле ослободени од ропството и на црквата.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Малку поинаку пишува. Дека прво ќе воскреснат праведните во Бог и ќе бидат земени на набото и таму ќе царуваат илјада години со Исус, т.е. таму тоа ќе е истражниот суд, тогаш таму ќе се вди за секој еден што нема да биде спасен, зошто не е спасен, за да докаже Бог дека е праведен судија. И после 1000 години ќе воскреснат неправедните за осуда и ќе се симне Христос со праведните и вечниот Ерусалим кој ќе ја изгори Земјата заедно со грешните и сатаната и ќе ја обнови. Тогаш ќе започне животот на земјата во вечниот и нов Ерусалим кој ќе биде на Земјата.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ако се погледне статистиката од кога почнале да се регистрираат (забележуваат) земјотресите и поплавите (спротивно на научните сознанија дека колку повеке време поминува се поалку треба да се земјотресите зашто Земјата се лади и смирува) ќе се види дека тие се се позачестени со текот на годините и на квантитет и на квалитет поголем број се појаки.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Како да не. Да видиш ти земјотреси од поместување тектонски плочи, да ти никне планина во дворот.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
     
    Последна измена: 8 јуни 2018
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @turist дали си слушнал за ледено доба, промени на клима поради кои диносаурусите изумреле, тектонски движења, формирање релјеф...?
    Климатските услови и природните катастрофи немаат никаква врска со неблагодарноста, непочитувањето на родителите и постарите, сладострасноста, чесноста во нејзини различни интерпретации на луѓето во глобала... Тука нема никаква логична подлога и поврзаност – тоа се само дидактички приказни кои служат за да го држат човекот во скромност и покорност поради страв. И покрај тоа, сите овие негативности на луѓето ги имало и ќе ги има во сите можни генерации и периоди.
    Да држеше вода библиската приказна за апокалипса и second coming, досега ќе биле истребени којзнае колку генерации кои ги преминале границите на неморал со војни, борби за превласт, насилство, геноциди...
    Дајте бе луѓе, тргнете го тој мрачен превез од очи и уживајте во животот, греота е ова да се чита во 21 век :)
     
    На theowndemon, Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    И да не редам цитати уште.

    Не знам зошто уште никој од нашите религиозни портали не пишува за ова. На 27 јули ќе ја дочекаме крвавата месечина, најдолгата во ова столетие. Сите странски портали веќе пишуваат дека ова ќе биде крај на светот, дека ова е шестиот печат. Спремни ли сте?
     
    На theowndemon и hermosa им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Јас од тебе дознав за 27ми јули.

    Само не знам дали треба да купувам нова облека за пригодава, или може да поминам со онаа од минатата Апокалипса?
     
    На theowndemon и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  13. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Сум слушнал, но исто така сум слушнал и читал и за нешто поинакви истражувања и тврдења. Како всушност настанале тие огромни периоди? Тие милиони години се запишани од еволуционистите во литературата баш онака, истресени од ракав, зашто им требало милиони години за тврдењето дека посложените организми со бавни промени настанале од примитивните, што е во целосна спротивност со научно докажаниот закон за ентропија кој потврдува дека се во природата се движи од совршенство кон хаос, од повисок кон понизок ред (вид). Дури потоа се откриени радиоактивните методи за утврдување на староста на (зејини слоеви, фосили, карпи...) кои сепак не може да се земаат за целосно точни зашто во толку долг период не се знае какви биле условите и брзината на распаѓањето на радиоактивниот материјал и колкаво количество од него имало на почетокот. Се се сведува на претпоставка. Еволуционистите тврдат дека меѓу изумирањето на диносаурусите и појавата на човекот има разлика од 60 милиони години. Но има цртежи во пештерите на кои се претставени форми на диносауруси, што го поткрепуваат фактот дека за да некој нацрта диносаурус во праисторискиот период, мора да го има видено. Тука е и материјалниот доказ во геолошкиот период креда пронајден во реката Полукс во Тексас каде на камен се најдени отпечатоци на диносаурус и човек за кои со специјални методи самите геолози потврдуваат дека потекнуваат и од исти период, што пак потврдува дека живееле во исто време.
    Ова го пишувам зашто сакам да кажам дека можеби не било леденото доба причината за изумирањето на диносаурусите, туку била друка катаклизма што е запишана но несакаат да ја прифатат. Скоро ќе го надополнам одговорот со факти кои фрлаат голем проблем на одржливоста на периодите од милиони години во кои наводно настанувала еволуцијата. Зашто ако нема милиони години, нема еволуција, ако нема еволуција, нема милиони години.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175

    Аааа.. некој спиел на школо и ништо не научил :rofl:

    Ништо не е истресено од ракав. Еволуцијата е докажана и крај на муабетот.

    Иначе, диносаурусите најверојатно загинале, при удар на голем метеорит.

    Физички, можно е да има апокалипса, технички, не е премет на заговори, туку на вистински факти.
    Е затоа, постои наука.

    И направивме цел круг.
    Трк во клупа и не се срами по форуми.

    На Јупитер и на Сатурн бе :rofl:

    На гасовити планети ќе сме живееле!!!


    Сонцето ќе стане мал астероид и пак ќе се направи Сонце :rofl:
    Не мом!! :rofl:

    Кога ќе дојде експлозија на Сонцето во 2013, кога топлината врвот ќе го достигне :rofl:
    Мисли на Solar flairs ама не разбрал како функционираат :rofl:

    ХААРП е на Дарпа и е затворена од 2007. Една станица е и се наоѓа во Аљаска.. Нема антени наоколу по светот


    На школо!
    Сите назад на школо!! Одма!!
     
    Последна измена: 18 јули 2018
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Теорија на заговор 'Илуминати' = Антиглобалистичко движење

    Климатски промени = Земјин циклус ( во случајов, убрзан од загадувањето кое го предизвикува човекот)

    Нема врска со Бог.

    Најново земјотреси и поплави? :rofl:
    Најстаро мислиш?? Не сме виделе ние земјотрес од поместување на една цела земјина поча. Си стоиш и баааааап планина пред носот ти никнува, висока ко Килиманџаро!

    Е такви земјотреси имало порано..

    Со ладењето на земјината површина, низ милионите години, бавно ама сигурно, земјотресите губат на интензитет, јачина и фреквенција.



    Доста ми е читање.. се снеможив од постовите.


    п.с. морам нов пост, пошто ми истече времето за редактирање
     
  16. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ако на школо се учеше се и се тоа беше точно немаше да има истражувачи, иноватори и научници. Не е се така како што пишува во книгите. Ако Никола Тесла го прифатеше се тоа што беше го научил како точно, веријатно сеуште ќе се користеше еднонасочната струја и ќе бевме многу, многу назад од ова што сме денес.
     
  17. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Неколку истражувања и резултати во прилог на докази и факти

    - Ерозија на континентите
    Просечната годишна количина на седименти која ја носат реките во океаните е 27,5 миллиони тони. Зафатнината на континентите над морското ниво изнесува 383 милиони милијарди тони. Според тоа сите континенти поради ерозијата би ги снемало за 14 милиони години (но тие сеуште се тука) што доведува до заклучок дека ерозијата се одвива кратко време (краток период) од редот на неколку илјада години.(А наспроти тоа велат дека планинските венци се стари милијарди години)
    - Седиментен талог во океаните
    Зафатнината (волуменот, капацитетот) на океаните е 1,55милијарди километри кубни. Според ова за околу 120 милиони години сите океани би требало да бидат исполнети со седиментен талог. Денес на окенаското дно се наоѓа тенок слој седимент кој одговара на таложење од неколку илјади години.
    - Земјино магнетно поле
    (Во внатрешноста на Земјата има струја со јачина од 6 милијарди ампери, така што Земјата е еден огромен електромагнет). Како е настанат овој електромагнет кога се знае дела електроагнет може да се создаде (направи) само со делување на интелектуално битие?
    Земјиното магнетно поле на секои 1400 години двојно слабее (мерено од 1853год.). Ако Земјата е стара само 10000 години, јачината на магнетното поле треба да е 98 гауси што значи дека е магнетна ѕвезда, а пред 52000 години била пулсар, што не е можно Земјата да е такво нешто, што доведува до заклучок дека е помлада од 10000 години.
    Реверзија пак на магнетното поле не е можна зашто струја со јачина од 6 милијарди апери не може сама од себе да ја промени насоката.
    - Раст на популацијата
    Денес растот на популацијата е со стапка малку повеќе од 2% годишно. Ако го земеме денешниот број на жители (околу 6 милијарди) и споменатата стапка на раст од 2% годишно, за 1100 години би се достигнала сегашната бројка од првиот пар. И ако се земе во предвид еволуцијата која тврди дека човекот живее пред околу милион години, со денешната стапка на раст (2%) денес би требало да живеат не Земјата околу 10 на 8600ти степен луѓе. Ако сметаме со стапка на рас од средниот век (0,3%) годишно, доаѓаме до заклучок дека првиот пар живеел пред околу 7000 години. Овој е реален број кој се совпаѓа и со археолошките истражувања.

    Сето ова го пишувам во прилог на едната теорија (креационизам) која ги дава овие одговори и тврди дека Земјата е млада планета, од околу 6000 години, наспроти еволуционистичката теорија која се коси со сите овие научни факти и тврди дека Земјата е стара околу 4,7 милијарди години (број и период кој е тешко дури и да се замисли).
    И на крај сето ова е во контекст на тоа дека ако се прифатат овие научни факти треба да се прифати креационистичката теорија за создавањето на Земјата која има Творец, интелигентно битие и претставено преку Библијата, книга која во последните векови е толку напаѓана и се итфрла се што тврди, дури и кога науката ја потврдува.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Тоа што е докажано, е докажано. И нема место за 'промена'. Фактите си стојат. Ти ако не си научил, не ти е Никола Тесла крив

    Ако има интелигентно битие и те чита што пишуваш, има да си мани клоца сега и пишман да се прави што те створил.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Научно докажан е и законот за ентропија или втор Термодинамички закон кој е во целосна спротивност со еволуцијата и еволуционистичката теорија.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175

    Едниот закон не го исклучува другиот.
    Едниот е за еден процес, а другиот за друг процес.
    Ентропијата е за енергија, еволуцијата е за биологија.
    И не мешај баби и жаби.