Законот вели дека се во природата се движи од совршено, сложено кон несовршено, присто. Од хармонија кон хаос, од повисок ред кон понизок ред.
Крај на серијата Бандини. Кој може да го предвиди тоа дека еден ден ќе дојде крај на светот. Може крај на нашиот живот да дојде. Ах мори баба Ванѓо го заплаши народов Уште одавно требаше да не немаСпоред научниците
Природните закони vs Биг Бенг и еволуцијата II Термодинамички закон е во многу тесна врска со поимот ентропија. Ентропија претставува мерка број на начини на којшто може да биде подреден еден систем. Или едноставно се нарекува мерка за хаосот. Со зголемување на хаосот (опаѓање на нивото на подреденост) се зголемува ентропијата. Или обратно, се зголемува хаосот. Наједноставно ова значи опаѓање на подреденоста (сложеноста) на системот или распаѓање (растурање), а тоа е токму растење на хаосот. (Систем може да биде што било, како на пример раствор во епрувета, жив организам, електрична мрежа, планета итн.). Сведоци сме секој ден дека се што постои околу нас, и живата и неживата природа се троши, се распаѓа. Живот и смрт – распаѓање во живата природа, работење и истрошување – распаѓање во неживата природа. Вториот термодинамички закон - дефиниција Има повеќе начини да се дефинира вториот термодинамички закон, кој е во најтесна врска со поимот ентропија. Дел од нив се: во изолиран систем ентропијата никогаш не ја намалува својата вредност; топлината спонтано може да се пренесе само од потопло на поладно тело - за обратниот процес е потребно да се изврши одредена работа; вкупната ентропија во еден изолиран систем секогаш се стреми кон постигнување на својата максимална можна вредност. IIТермодинамички закон е научно докажан. Според него нештата во вселената одат кон неред, а не кон ред, што значи нередот (хаосот/ентропијата) во вселената се зголемува секојдневно. Тој вели дека термодинамичките процеси во реалните системи се одвиваат кон поголем неред, распаѓање.Согласно Вториот Термодинамички закон, доколку се враќаме назад во времето, тој ред би требало да се зголемува и својот максимум да го има на самиот почеток на создавањето, точка кога ентропијата била 0.Се било совршено подредено. И ова едноставно би значело дека немало распаѓање. Библијата тврди дека Бог на почетокот го создал универзумот и таквиот ред е сосема возможен од Негова страна. (Термодинамичките закони се фундаментални во физиката, универзални т.е. важат универзално, дури и ако серазгледува целиот универзум како затворен систем. Во I Термодинамички закон ако со М ја обележиме вкупната маса во целиот универзум, ако со Е ја обележиме вкупната енергија во целиот универзум, тогаш Е + М*С^2 = константа. Енеријата преминува секаде од потопло кон поладно и не зависи од големината на разгледуваниот систем.) Атеистичката верзија на теоријата Биг Бенгвели: На почетокот се случила една огромна експлозија на Сингуларитетот (целиот универзум во едно зрно ориз) од која понатаму со "самоорганизирање" настанало сето она што го гледаме денес. Проблем бр. 1 Дали со експлозија во една печатница може да настане библиотека? Веројатноста и логиката велат не. Проблем бр. 2 Во првите неколку пико секунди од таа експлозија постоелнајголемиот неред, што е спротивно на Вториот Термодинамички закон. Проблем бр. 3 Терминот "самоорганизирање" е во спротивност со Вториот Термодинамичкиот Закон. Самоорганизирањето на материјата зборува за негативна етропија (намалување на хаосот - нераспаѓање) сосема спротивно од В.Т.З. од она што секој ден го гледаме во реалноста. Теоријата на еволуцијатакоја е само теорија, а не научен доказ, тврди нешто спротивно на природните закони. Таа тврди дека работите одат некако чудеснокон некој ред.Дека ете чудесно, ама системите се движат кон повисок вид, нешто што е НЕВОЗМОЖНО според законот за ентропија. За да има одење кон повисок вид, мора да има отворен систем, односно дотур на енергија,а вселената според атеистичкиот светоглед е затворен систем, нема од каде да се дотури енергија, го нема Бог.
Биг бенгот е теорија која е базирана на досегашни опсервации и истражувања за движењето на небеските тела и преку обсервација на застапеноста на лесните хемиски елементи кои го сочинуваат универзумот. Проблемот е само уште не се сигурни што имало пред него. Ако има Бог, не е можно да го создал универзумот со Биг бенг? Кој му брани? Бог е, семоќен и сеприсутен, што сака ќе прави.
Токму така, за тоа се говореше и во самата емисија. Бог само дава појаснувања и насоки, но не се вмешува во слободниот избор на луѓето и во последиците кои од тоа произлегуваат. Не е Бог кој ги започнал ниту забрзал тие циклуси па би било лудост и не фер да му се припишува нему дека има врска со промена на климата.
теолошки: многу знаци кој се опишани во откровението веке се појавени, кој го читал знае што мислам. научно: многу нешта во природата најавуваат крај ?
Планетата Земја може да биде уништена само од егзогени, но и од ендогени фактори; Како што ние имаме одредена положба во универзумот, на тој начин и сме и подложени на разни надворешни влијанија, како на пример преостанатото време кое сонцето го има додека не го искористи целото свое водородни гориво, да се судриме со т.н. rogue plаnets, погодени од астероиди и комети, вшмукани во црна дупка, збришани од гама зраци, итн. Но, ако се земе во предвид и самата деструктивна природа на човекот, и eндогените фактори дефинитивно не би требало да се занемарат. Така, може и од внатрешен аспект да ставиме крај на планетава со вештачка интелигенција, нанотехнологија, синтетичка биологија, разни еколошки катастрофи, нуклеарна војна или пак драстични климатски промени. Искрено, воопшто не би била изненадена доколку човекот, првично, се уништи самиот отколку што тоа може да го направи некој вонпланетарен фактор. Сепак, луѓето уништуваат се што ќе допрат, дури и самите себеси...
Да, веќе почнуваат да се случуваат големи промени. Дали се само климатски промени или сепак нешто друго поголемо е во прашање? Во неколку држави се забележани многу промени на небото. Сред лето се појави снег. Насекаде се случуваат страшни поплави со многу жртви. Постојано има зголемен број на земјотреси. А сега и вулканите почнуваат да се активираат.
Ништо не ме чуди и тоа не е ништо ново за мене. Гледај додека си жив да го проживееш животот бидејќи втора шанса немаш според моите сфаќања. А крај на светот кога тогаш ќе дојде.
Сега има помалку земјотреси и вулкани. Климатските непогоди, како снег во лето и поплави, се должат на глобалното затоплување. Нема да има 'крај на светот', од нив. Какви 'промени на небото'?
http://strangesounds.org/2018/08/my...-of-heaven-appears-in-the-sky-over-china.html https://www.express.co.uk/news/weir...-X-end-of-the-world-sky-change-colour-red-sun Имаше и на други страници, ама на фб сум ги читала и сега неможам да ги најдам.
@WildMk Па не се сложувам баш дека има помалку земјотреси и вулкани. Се почесто читам дека земјотресите ги поврзуваат со активирањето на неколку вулкани. Етна во Италија, во последно време таму имаше доста земјотреси како и во Албанија. Насекаде низ светот има страшни урагани, поплави и земјотреси, не гледајте само кај нас. Од фб е видеото, незнам дали ќе го отвори. Ова е најново за вулканот Јелоустоун. https://www.facebook.com/ElDesperta...600793871667/1790814894335438/?type=2&theater Во Венецуела имаше огромни земјотреси. Најново во Јапонија еве што се случи Исто во Јужна Флорида https://www.accuweather.com/en/weat...upper-gulf-coast-bracing-for-impacts/70005960 Едит - Уште ова го заборавив http://strangesounds.org/2018/08/ne...omboli-italy-krakatau-indonesia-and-ebek.html Има уште многу насекаде низ светот.
Таблоиди не читам. Како се лади површината на земјата, тектонската активност стивнува. Овие земјотреси денес, не се ништо во споредба со тие што биле пред неколку стотици илјади години. Онака.. земјотрес, да се отвори дупка ко Кањонот во Колорадо, или да ти никне планина колку Алпите За метеролошките промени, веќе спомнав. Земјата има циклус на топли и ладни периоди. Со загадувањето го забрзавме циклусот. Не е никаква мистерија.
И тоа почнува да се случува Еве пример во Индија http://www.coastaldigest.com/news/f...ru-ban-heavy-vehicles-charmadi-ghat-continues Исто и во Канада има таков случај забележано... Премногу работи што се напишани дека ќе се случат, почнуваат да се случуваат. Голема случајност или не?
Свлечишта се од ерозија и циркулација на водите, не од земјотреси и вулкани. Рековме, климатските промени, не се спорни... ама не се ни нешто ново за планетава.
Не се ново, меѓутоа со тек на годините се повеќе и повеќе за зголемува бројот на вакви промени. Последниот период вакви природни катастрофи се случуваат постојано, насекаде низ светот. Јас не би рекла дека е случајност...
Не се случајност. Според анализие, Македонија за 100 години ќе биде пустина. Реков веќе, се должи на климатските промени на планетата. Не е мистерија, не е чудо, не е знак, циклус е... Во случајов забрзан поради загадувањето.
Такви појави се случувале од секогаш и насекаде. Немаше толку медиуми да се пренесуваат информациите.