1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот!

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од tammy1991, 22 февруари 2010.

  1. pufki4ee

    pufki4ee Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Го преживеавме крајот на светот :D
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ако лани зборевме за крајот на светот, сега во петок пак ќе бил крај на светот :D Нели како што пишуват по нетов, што има по светов, некој астериод ќе ја удрел земјава задутре.Смешни ми се веќе луѓево, што само го паничат цел свет, лани беше бетер, па и по телевизија, покажуваа како луѓето се спремаат за крајот на светот. Мислам дека и ова е веќе видено :D нека смислат нешто ново, со кое ќе ги заинтересираат луѓето, а не со вакви финти, кои веќе не се ни интересни, туку само смешни.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Точно,претераа со крајот веќе.Aрно си кажал Исус дека ќе се зборува за крајот и дури предупредил да не веруваме во тоа :!:
     
  4. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ова со астероидот не е исто со претходните тревоги и паничења. Тие се базираа на некакви си пророштва и бесмислици, сега се работи за астероид кој ќе помине во близина на Земјата. Можноста да ја смени насоката и да не` погоди е стварно минимална и занемарлива ама сепак постои. Друго е астероид, друго се рецките и цртичките на маја-индијанец.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ами се некои црни сценарија прават, астериод ќе удрел во земјава, немаат друга работа, наместо да размислат како ја уништуваат земјата, природата, тие се занимаваат со астериоди и други причини за крај на светот, а пред нос им е уништувањето, за кои самите тие се виновни, кога пример, на некој му смета едно живо битие, куче и го труе, измачува без осет, што повеќе да се каже...Зборат за крај на светот, за кој и тие не знаат кога и дали ќе биде, воопшто.
     
    На hermosa, tessie и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Крај на светот би било накај милиони години понапред. Сонцето ќе згасне и планетата би била повлечена од некоја поголема сила. А, може и Сонцето да ја зголемува магнетната сила, па Земјата ќе биде проголтана. Можеби ќе биде крај на светот но не и на човештвото. За милиони години ќе измислиме летала кои ќе патуваат во галаксии. Па, тогаш ќе најдеме друга планета која ги има сличните услови како на Земјата.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    А што мислиш како сме дошле на оваа планета-Земја, со летала, секако, сигурно не сме настанале од земјата или од ребро или од мајмун. Некој не донел и сме дошле од некаде. Можеби сме сите програмирани и ќе живееме на планетава додека некој друг така сака, додека да му заврши експериментот. Можеби не контролираат преку крвта, таа комплексна материја кој помага да функционираат и оние делови од мозокот чија функција уште никој не ја открил. 8)
    Не ми се верува дека тие што не создале ќе дозволат еден астероид да не уништи, мислам дека и уништувањето оди постепено, малку повеќе ние се уништуваме, малку тие не уништуваат со по некое цунами, земјотрес, поплави, пожари итн...ама тоа им е плански и континуирано, па затоа не ми се верува дека ќе дозволат еден астероид да уништи се за што работеле, освен ако дигнале раце од нас па сакаат да го почнат експериментот од почеток (можеби на друга планета)
    А се сомневам дека човекот некогаш ќе успее сам(без помош од создателот на човештвото) да направи летало со кое ќе може успешно да патува низ вселената и да ги проучува планетите, а уште помалку дека ќе успее да се адаптира на друга планета, освен ако не го репрограмираат за истото. :lol:

    Затоа да не се замараме, нема да дознаеме кога ќе биде крај на нашето постоење на Земјата, се додека не го доживееме истото. Другото се шпекулации.
     
    На BeautyAndTheBeast му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Кои се тоа тие? Проструи информација дека астероид за два дена ќе помине покрај Земјата. Некому инаку тоа му е работа. Да ја набљудува состојбата во Вселената, во галаксијата, околу Земјата, некому по можност и да елиминира опасности од тој вид. Тоа што некои медиуми дигнале паника со цел повеќе кликови не значи дека истите се виновни и за измачувано животно на улица, ниту некоја вселенска асоцијација е виновна за сега да престанат да си ја вршат должноста. Која е тука поврзаноста?
    А астероидот нормално нема да ја сврти насоката во последен момент и да ја погоди Земјата. Кога веројатноста нешто да се случи е минимална, тоа нешто воопшто не се случува.
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Абеја, сите што сме родени, умираме, исто ќе биде и со Сонцето. Сега сонцето има поминато половина од својит живот. Кога Сонцето ќе згасне, некоја друга поголема сила ќе не повлече, а во случан да не се најде таква сила, ние ќе мораме да се отселиме во друг свет. Ако ќе бидеме глупави тогаш, ќе умреме. И незнам како може почдтокот да нема крај. Добро, можеби небото нема крај, но тоа е твое мидлење, јас немам право да ти кажувам што е точно, а што не. :wasntme:
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Многу нормално дека некому му е тоа работа, фала што ми кажа, но проблемот е што ни на тој што тоа му е работа, не може со сигурност да знае дали ќе има крај на светот.Секако, според своето искуство може да каже дали постојат шанси или не за да удри астероид на земјата, а за сигурен да биде, тешко.Никаде не реков дека треба да престанат да си ја вршат работата.Зборот ми беше, наместо црни прогнози да даваат, вниманието за заштита на населението, да го пренасочат на други работи, пример, храна, вода, спречување на болести, не дека не прават такво нешто, тоа е навидум, туку потемелно прочистување на храна, вода, заштита на животните.Бидејки страшно е колку луѓе умреле од болести, од лекарска грешка, уште пострашно е колку страдаат итн.Додека другиве со астероиди се занимаваат и чекаат да удри на земјава и оп те ја апокалипсата.Каква врска има? Има врска.Бидејки за астероиди, како што реков, тоа никој не може да знае со сигурност дали апокалипса ќе имало и сл.Побитно е она што го реков, се додека луѓето си вадат очи едни со други, измачуваат животни и сл., не може да се очекува уништување на светот од еден астероид.Тешко дека ќе ја удри земјава астериод во иднина, а не пак утре.Тој крај на светот за кој се крева прашина, не е од удар на астериод.Колку што се сеќавам, од одамна вакви исти работи кажуваат, некаде 2000 - та година, беше тоа, па еве гледам ден, денес, сите сме тука, земјава уште егзистира, затоа малку треба на други работи да го насочат вниманието, во врска со ова.
     
  11. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Поентата е во тоа дека ти и многу други целата фама околу астероидот ја извлековте од контекст. Не се ова ни Маите ни мормоните со нивните пророштва па да се третираат несериозно. Прво, ниту еден сериозен научник не даде некаква сензационалистичка изјава дека астероид ќе ја погоди земјата, официјалната информација гласеше дека ќе помине во близина на Земјата. Ризикот да ја смени насоката на движење кон планетава е минимален и затоа е скоро непостоечки. Интересна новост во секој случај, некого ќе го поттикне можеби да поднаучи нешто за астероидите и за останатите вселенски феномени. Второ, го повторувам прашањето, кој тоа треба да води сметка околу загадувања, права на животни? Астрофизичарите? Нивна работа е тоа? Кога веќе има мрчење, нека се адресира правилно, не да се мешаат нешта кои немаат врска едно со друго. А тоа од што и кога ќе настане катаклизма, катастрофа (или како што милуваш да кажеш „крај на светот“ соодветно насловот на темата) некогаш во иднина, не знаеш ниту ти па да тврдиш дека нема да биде од удар на небеско тело. Се сеќаваш на ланскиот метеор во Русија? Каков хорор беше тоа? Знаеш за метеоритниот кратер кај Големиот Кањон во Аризона? Такви закани реално постојат и некој мора и со нив да се занимава. Нема белки да ги распуштиме друштвата за вселенски истражувања и сл. ширум светот само затоа што Гордана10 смета дека ангажираните покорисни би биле во Анима Мунди.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Поентата е во тоа што никаде не ги споменав Маите, кажуваш работи кои не сум ги спомнала, ниту помислила.Мислам дека бев сосем јасна што кажав, никаде не напишав „ астрофизичарите требало да се грижат за правата на животните“.Инаку, не милувам да кажам „ крај на светот“, преферирам, катаклизма, катастрофа, погрешно мислиш во врска со ова, а ниту тврдев, ниту пак кажав со сигурност, кажав што мислам, доколку не ме разбра.Секако дека постојат такви закани, само што секој ден не паѓаат метеори.Секако дека нема, ниту пак некој им забранува да си продолжат со работа вселенските истражувања :) Уствари, па да треба прво да ме прашаат, чекам да ми се јават :D Не се нервирај, немат сега распадне светов.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како можат да шират дезинформации дека астероид ќе не погоди, кога се претпоставува дека "крајот на светот" во Скопје ќе биде во 2049, стварно не ми е јасно :lol: И што е интересно, Њујорк ќе отиде во 2047, значи пред нас а Лондон после нас ќе го дочека крајот на светот. Од регионов прв што ќе ја има таа чест да го дочека крајот на светот ќе била Подгорица, па Скопје, потоа Љубљана и Сараево и Белград во 2054. Мислам дека слично за Нова година, пак ќе има натпревар кој подобар огномет ќе има за дочекот.

    Стручњаците што го тврдат ова рекле дека ни нема спас, немало шанси нешто да се поправи, освен да се одложи за краток период, но сигурно е дека ќе дојде до крајот.
    Ова ми е едно од првите стручни осврти на темава од кое ме фаќа страв, не за друго, туку во многу блиска иднина би било, може да го доживееме. Обично вакви предвидувања имало, ама за доста подалечна иднина. По кој календар се воделе овие :x :rofl:

    http://falanga.com.au/na-zemjata-i-se-zakanuva-apokalipsa-skopje-na-udar-vo-2049-godina#
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Најново тврдење е дека астероид ќе падне на земјата на 1ви Мај,и тоа ќе биде крај на светот.Тврдењето е кажано од 84 годишен човек.Што вие мислите за ова тврдење.
    Мене искрено некако ми е нелогично,аман колку краеви на светов преживеавме :lol:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Штета што кај некои луѓе не важи тоа „со староста доаѓа и мудроста“... поглупо нешто од крај на светот нема. |( Баш би сакала да му го видам суратот на 1ви мај без крај на светот. :devil:
     
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Tој и сенилен е гарант веќе :lol: , 85 години има којзнае што со што помешал. :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391

    "Се проценува дека драстичниот пораст на температурата најпрвин ќе го погоди тропскиот појас, и апокалипсата најпрво ќе пристигне во Индонезија во 2020 година."


    Ќе видиме за шест години што ќе се случи. Ако Индонезија ја снема, нема ваљда да чекам полека и ние да изгореме. Ќе испијам апчињата од домашната аптека, ќе им пишам на моите да ми го запалат телото пред жештината да ме запали. Па мош од мојата пепел во следниот живот некаде ќе излезе друго суштество-јас. :lol:

    Има шанси да се случи овој крај, но прва според мене на мета би била Јапонија. :hai:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ами секако дека така ќе размислува, 84 години има човекот.Што не преживеавме веќе, не можеме крај со крај да сврземе :D од што нели повеќе пати го снемало светот.Може ќе го одложат за во септември - декември, каков мај, нели треба некој да слави :D
     
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Абе кај го најде тој 1 мај,барем да беше 11 мај.Јас на 3ти и на 10ти натпревари ќе имам,не планирам да не се одржат.Уште од март месец ги чекам! А и на другарка ми на 15 мај роденден и е 14 ќе полни,нема да биди убаво да не го дочека :) .


    И достате веќе,денес крај на светот,утре крај на светот,за две недели,за три месеци.Глупаво е веќе.Ама :!: ајде де на внуците ќе им се фалиме колку краеви на светотв сме проживеале. :|
     
  20. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Па не го најдов јас,така е објавено на интеренетов.
    И плус оваа тема служи токму за тоа,за вакви работи.Ако тебе ти е глупаво не мора да ни викаш да прекинеме односно доста,туку не ја отварај темава.Можеби на некој му е интересно да чита за вакви работи а притоа да знае дека нема да се случат.