Еееее сега нашле па зашле да кажуват крај на свето на 21 Мај, а јас се мажам на 15 Јули... Ај нека траат да не земам сите да ги стрелам глупи секти, па и новинарите немат си работа за тоа ке дават на ТВ. Народо да го плашат само Не верувам дека ке има крај на свет, ако треба да има сега за неколку дена сигурноо....и што ке се случе ПУФ адиос земја , не иде тоа така има си правила не , нема да има крај на свет. Барем јас мислам или се тешам
Од она што прочитав на сајтот на НАСА се објаснува дека на 21.12 завршувал календарот на Маите, како кај нас што завршува со 31.12 и тоа е тоа. Така што многу е веројатно сите овие муабети да немаат врска со реалноста. А дека нешто гадно почнува да се дешава, тоа да. Мислам секој втор ден земјотреси, што кај нас, што надвор, после случката со реакторот во Јапонија, немирите и конфликтите низ цел свет...ама веројатно за тоа сме си само ние криви.
Не се секирајте ако е така цел свет ќе се кренеше на нозе јас пратам и турски канали таму ништо не пренесуваат. можеби навистина делува на психата ама не мислете на лошо ќе видите се ќе биде во ред на 21-ви мај!
А бе овие новинариве па си немаат работа, е аман значи. Ме седнува преска свекрва ми и кутрата ми вели со тажен глас: Блоондееее, а бе кажуваат крај на светот. И ајде морав да ја убедувам дека тоа се само онакво рекла-казала. За целата оваа паника се највеќе криви новинарите. Да не обрнеа толкаво внимание на овие глупости, немаше толкава фама и страв да има меѓу народот.
Јас не верувам баш во овие глупости,но претеруваат навистина, човек ќе се исплаши колку и да не сака! Потсвесно влијае, мислиш на тоа и се плашиш. Инаку и јас мислам дека се ќе биде во ред на 21-ви мај.
Кога сме за предвидувањата и календарот на Маите ... брат ми беше на шетање во тој дел и баш во Земјата на Маите имале еден ден разгледување, посета. Водичот и за ова им кажувал. Дека нема врска со никаков крај на светот туку според нив доаѓа крај на еден циклус и доаѓање на нов. Значи за некои промени како што е и вообичаено за се што има крај и нов почеток. А не тотален крај на се. Не се замарајте со ова, ен е ни прв пат. И порано имало вакви лажни предвидувања.
да и јас истото го читав и нивните деманти на тоа дека тие давале информации за филмови и документарци, тогаш увидов дека се работи за една голема лага и измама, со цел за поголем профит, само како добро го искористиле календарот на Маите а? да не ти се верува колку е народот способен да измисли и исценира толкав апокалиптичен настан. како и да е, прво со душа чекам 21 мај и верувам дека ќе биде едно убаво сончево утро мислам тоа и следува во овие убави пролетни месеци, а потоа за 21 декември 2012 живи били па доживели. Верувам дека човештвото има уште да весла до крајот.
Ама добро еве и да е крај на светот, зошто да се замараме и потресуваме кога ако дојде во тоа ќе исчезнеме за секунда ко прашинка пуф
Luge ne se nervirajte be toa se gluposti kako moze kraj na svetot lugeto si zamisluvaat sto ke se sluci ponatamu imaat zelbi za idninata vie videte sto zboruvate Nema vrska toa uzivajte dodeka ste mladi
Еве се ближи 21 мај, во сабота и да ја искористам оваа прилика да се поздравам со сите .Простете што сум ви зрешила, ви простувам и јас на сите. Спојлер
Класично перење на мозкок, ја стварно незнам како им се верува на луѓево во се и сешто. Можеби некокаш за мнооогу години ќе дојде до некаков крај на светот ама дека ете баш на 21 мај и сите ќе не снема е живи глупости мене смешно ми е. Некако слабо им оди со математикиве па секоја година нов датум ни предвидуваат за умирачка ...абе ајде...
Денес цел ден зборев со колешките од работа на оваа тема ! Веруваат бре луѓе, не ми се верува колку време ги убедував дека тоа нема врска со реалноста! Јас не верувам нити се оптеретувам со тоа, да бидам искрена дури ме нервираат тие загрижени фацки кои велат,, аууу доаѓа крај на светото, на 21 мај ќе било,, Како не бре, ќе биде !
крај на светот ќе има ама никој не знае кога. Кога живееме во еден ваков современ свет со напредна технологија и многу интелект треба д абидеме глупави за да им поверуваме на некои дека тие знаат дека крајот на светот ќе биде баш на 21 мај оваа година. Никој не може да го предвиди тоа точно на која дата ќе биде инаку земјината топка е секојдневно во опасност. На пример може да се случи некој земјотрес на целата земја некои цунами може сонцето да се поремети исто така може некој огромен астероид да ја погоди земјата метори да паднат вонземјани да ја уништат ама никој не може да знае со сигурност дали нешто такво ќе се случис ега или после 100 или посе милијарди години ин дали ќе се уништи дел или цела планета.
Кога го прочитав ова дека на 21 мај било крај на светот, си реков:Брее, зошто немам и јас толку бујна фантазија па да измислувам дати за крај на свет???Ова се само некои глупости, за кои што, колку што знам нема никакви докази, what so ever А она со Маите е веќе нешто друго...
Најпрво 2000 беше крајот на светот нејсе преживеавме, ни бубачка милениумска не‘ не полази. Потоа за 2012 се правеа сценарија, а и филм излезе што е за право . Па, некому му требаше дополнително да стегне паника-фактор копче па ја презакажаа катаклизмата нешто порано ?! Катаклизми, ново ледено доба, нова клима - по нешто има во се‘ наброено што има аналогија во реалноста ама што и ако знаеме дека ни останува уште сосема малку - кога воглавно ништо посебно не можеме ни да промениме ни па да изживееме во меѓувреме. Така да, ставам темна цвикера и стегам копче игнор на рипит дури трае еуфоријава.