Крај на светот21 Мај сабота ... подсвесно го размислувам овој дадтум , да е така ке има анархија ,но тогаш сум на свадба па што и да биде со музика ќе е (буквално удри бригу на весеље)...
21 Мај, тоа сабота се паѓа. Сите ќе излегуваат, кои пијани, кои ќе им раскинат, на сите крајот ќе им дојде Каков крај какви приказни Рано е за крај. Ти дигни паника таму на сред свадба, демек крајот ќе и дојде
Како бе некој може да верува во вакви глупости?!?Па и билборди лепат бе луѓе.Баш би сакала да им ги видам фаците на тие што го тврдат и го измислиле ова,на 22ри Мај.Вакви ќе бидат живи сме?
A Ако е крај на светот сега на 21 мај..како тоа после во 2012 пак???? Ќе воскреснеме??? А и после пак крај на свет според баба Ванѓа????? Пред некоја година комета не удри ви текнува..кога на интернет одбројуваа 00,01,59 лефт..Абе ај!!!! А не кажаа у колку саат???? Па барем да се спремиме..дотерани..нели еднаш е крај на свет.
Абе каков 21 мај, па ја резултати од испити чекам џабе ли се мачев...шала на страна не се потресувајте, ни овој мај ни наредниот декември нема да биде.
Тоа со 21 мај...живи глупости..човекот предвидел и дека во 1996 на земјата ке слегне Исус..и откако не се случи тоа изговор му било грешка во пресметките.. Крај на светот ке има можеби еден ден..ама јас искрено не го замислувам тоа така АПОКАЛИПСА ајде бам бам или како филмот 2012 туку може ке зачестат земјотресите и др природни непогодби и ете градови ке се уништуваат...населението ке се намалува...така да УЖИВАЈТЕ НА 21 , А НА 22 УТРОТО СИТЕ СРЕЌНИ КЕ СИ СЕ РАЗБУДИМЕ !!!
Еее твоја грешка, ти не си го видела Исус, помина човекот од тука Како што имам напишано, светот ќе пропадне од природни непогоди (најверојатно), во спротивно, ќе снема ресурси. Има опција и за трета светска војна, тоа би не доближило многу до пропаѓањето. Си прават сега (американците особено) некои проекти демек ќе не иселеле од нашава планета. Тоа се вика „Мижи Асан да ти баам“.
Крај на светот на 21 Мај... Не знам дали ги имате забележано билбордине огромни, со ваква порака Јас денес ги видов во Прилеп, и Битола и се пресмеав. Еве за вакви билборди се работи како на видеото. Според мене срамота, и смешно, ех што прави досадата. Ова го пропагира некој си Кемпинг (пензионерче), кој со години математички ја проучувал библијата, и сега до овој заклучок дошол. Исто некој поп, бил гостин на раноден, и кажувал приказни што ке се случело во сабота. Ако гледал некој нека каже да се посмееме. http://www.youtube.com/watch?v=ihsbhvJu ... r_embedded
Јас сум во Италија и не ми е јасно зошто ове не ги изјавуваат тие глупости ? Зошто овде не е кажан „Почетокот на крајот„ .. А ако не е крај утрото на 22-ри што ќе прават ? Ќе симнуваат билборди .
А сте ги сретнале црнцине низ град што делат флаери за ова? Ги сретнале мои пријателки ги фрлиле одма флаерите, битно станува збор за секта која како и секоја секта пере мозок и ги уверува луѓето на глупости. Така да не дозволувајте вакви информации да ви влезат во мозокот, доволно сте паметни да не ви го перат секташи и тоа само преку билборд и флаер. Не дај боже да отидете на некое предавање нивно, претпоставувам ќе си откупите парцела во Бутел. Ај луѓе смирете се. Ќе има крај на светот. Но никој не знае кој ден и кога, може уште утре, а може и за 1000 години
Добро и што им е целта на овие глупаци, што сакаат да постигнат објавувајќи ваква работа да се самоубиеме сите пред време, што? и да биде крај ние нешто можеме да спречиме? многу е очигледно дека некој си бара публицитет, ептен се мизерни, нема што.
Bчера со мама за ова преавме муабет и ми вели леле M крај на светот е сабота,овде даваат лепенки,постери не знам што кажа,а овде во Aвстралија ништо не кажаа,и никој не знае дека утре е крај на светот му кажав на мажот ми и пукна од смеење
Ми беше драго што ве познавав , фала за советите денес добив 9ка на колоквиум така да утре слободно може да ...........
Јас на 22-ри мај, би ги спалила живи ваквите мизерии, безделничари, безрбетници... Работава ѓаволот немал работа па си ги тит децата... Абе ајде, на кој што му текнало ќе дрнда, и ај нека дрнда, ама дома, по комшии, по роднини, нека ги плаши навечер во темница, ама за вакви сериозни постапки, и те како би ги казнила...
Имам некое лошо претчувство Но тоа е најверојатно мојата темна страна наречена РЕАЛНО ПЕСИМИСТИЧКА! Премногу сум суеверна и неможам да си помогнам. Гледајки ги работите од токму таа перспектива и животот често ми оди по надолна линија... Имав повторно некој лош сон кој ме натера добро да се замислам за она што ќе биде утре, и дојдов до заклучок дена ниту едно предвидување не е залудно. Можеби нема да биде крај на светот но можеби ќе се случи некоја катастрофа, како што беше примерот со приближувањето на Супермесечината во кое ,,драгите'' експерти тврдеа дека е тоа само прекрасен феномен Кој подоцна секако си донесе свои последици Како и да е, една мисла постојано ми минува низ глава ,,Не се плашам!'' бидејки знам дека има некој кој ме чека таму
Крај на светот! На чиј свет? Кога ЈАС ќе решам - тогаш ќе дојде крајот на мојот свет. А бидејќи го обликувам мојот свет на мали временски интервали, не планира до 22.05 да ми цркне, освен ако не платам сметки. А тие дебилните фацијални експресии ако ги загледате и заслушате како мимикуваат, за кратко време ќе живеете исклучиво на лекарства и ќе се сончате голи, качени на централните палми, за богот на стомакот ваш, името негово да ви го испише, зашто само вие имате привилегија да го знаете. Ох, со што ли ги хранат нив? Повеќе се заинтересирав кога споменаа на вести дека Фејсбук ке загинел неславно, отколку дека светов ке завршел. Нека биде еднаш. Едно гајле помалце.