Хммм опасни бе ова американциве,се од кај нив некоја приказна они се знаат,се истражиле па дури и дати имаат оф мори мајко дебилни муабети просто да се чуди човек.А јас пред некој ден го видов тој билборд ама не обрнав внимание,си викам што е ова глупости јас па мислев книга некоја ли е или нешто такво хахахха плавуша бе не ни сфатив за што се работи Ајде smile на вашите лица и ќе се смееме на темава утре
Американциве да не сакаат сите останати да се самоубијат и они да завладеат со светов??? мене се кон тоа ми иде. Сега се крева фама, имало ваму таму земјотрес и ете се така почнува. А не го земаат во предвид дека помали а некаде и поголеми потреси има секој ден. Дали некој може да докаже кога точно настанал светот и како? Не може! Исто така неможе ни да каже кога ќе е крај на се. Никој не може на трудна жена со сигурност да и ја каже датата кога ќе го роди, ниту пак некој може да ни каже дата кога ќе умреме. Невозможно е!! Дека ништо не е вечно верувам, дека кога тогаш ќе дојде крај исто. НО, мислам дека има време...Сега за сега светот се уште како така оди напред на секое поле, со исклучок на нашата ни мила државичка А и ако е стварно крај, и ако се тоолку убедени во тоа, зошто го губат времето со делење глуп рекламен материјал зошто останатото време не го трошат на намилите, на она што најмногу сакаат да го прават.
Ми ги читаш мислите Инаку тие што го измислиле тоа,меѓу кои и тоа пензионерчето (89) , ги напуштиле своите најблиски со цел оваа вест да ја рашират низ целиот свет
Поглупаво нешто не сум слушнала во мојот живот Според Хeролд Кемпинг утре ќе се случел ненормално силен земјотрес и сите гробови ќе се отвореле сите луѓе кои умреле од почетокот на времето па се до денес ќе станеле од своите гробови и ќе се шетале по земјата Исто според него утре ќе биде the rapture, а дефинитивното уништување на земјата ќе биде на 21 октомври Епа ај ќе видиме што ќе се случи утре :geek:
Точно така.Така и почнува целата паника,еден ќе објави дека е крај на свет и другите ги убедува ( цел свет) како и да е, утре сигурно не е крај на светот Каков крај, утре ќе одам на шопинг, низ продавници каков крај
Каков крај бе луѓе, пописи немам собрано на факултет, сесија ме чека од 30ти, па богами крај ќе биди на светот ако не положам...ама мајка ми ќе го предизвика
Не кажаа во колку и каде се мисли за 21ви... пошто кога ќе е 21ви кај нас, во Австралија ќе е 22ви Звучи апсурдно, али од каде да знаеме. Можда типацот е стварно забеган ...
Јас прееска прочитав едно интервју на Х.Кемпинг и тој вели дека ќе се случи околу 6 часот попладне (така пишувало во Библијата) во секоја земја. Значи кога ќе биде 6 часот во Австралија ќе се случи таму, и така во секоја земја, и кај нас исто во 6 часот Нема да биде секаде одеднаш
Значи прва на метата е Австралија ... Ако нешто им се деси, нас ќе ни се деси нешто. Ако не, палиме патиките до Америка и да го удавиме типацот, да не пројади уште еднаш, зашто не му е прв пат!
Да ви кажам право, арно што видов, сега заминав да се депилирам, оти нели горе голи одиме, да не се брукам Арно шо му текнало да кажат, неиздепилирана ќе го доживеев крајов на светов И ќе си напишам F (Фемина) на ракава со водоотпорен маркер, за утре ако се видам со некој таму горе да може да ме препознае. Значи ако видите некој со F јас сум, слободно дојдете да се запознаеме А сега малку озбилно, крајот на светот нема да биде утре, никој не знае кога ќе биде и како ќе се одвива. И плус нелогично е да зборуваме за крај на светот, кога крај на светот никогаш нема ни да има. Може само да има крај на човештвото, односно нас да не снема како вид, а земјата како што пред зилиони години си воспоставила живот, ќе најде начин пак да го стори истото. За милион, милијарда, пет милијарди години но ќе го стори тоа. Можеби тие суштества нема да наликуваат на нас, ама ќе живеат. Макар што човекот е феномен, се прилагодува како што се менува земјата, на пример Ескимите имаат покус и позадебелен врат, подебелно масно ткиво за да ги штити од студот. Ние Европејциве заради тоа што конзумираме повеќе алкохол од останатите луѓе по континентите, имаме поразвиени ензими за разградување на алкохол. Исто и рбетот се менил од пред стотици години, просечната висина и тежина на луѓето и слично... Така да не се секирајте, освен ако не не нападни некоја еколошка катастрофа како во Јапонија но во пошироки размери, сигурни сме Ама издепилирајте си се вие за секој случај, да не грешам па утре да ви идат нагони да ме бркате со сачмарка
Се јавуваме од Австралија,засега нема никакви знаци на почетокот на крајот на светот часот е 1:38 во Западна Авс. Само да се надоврзам дека денеска во Перт имаше во една населба торнадо,срека не беше блиску до нас
Matthew 24:36 "No one knows about that day or hour, not even the angels in heaven, nor the Son, but only the Father.
...Според него, земјата ќе биде погодена од силен земјотрес на 21 мај 2011 година, потоа ќе се појави Исус и ќе ги поведе избраните со него на небото. Според него, ова е првиот дел од крајот на светот. Понатаму, тие кои ќе преживеат до конечната апокалипса на 21 октомври ќе живеат 153 дена опкружени со ужас и смрт... ...Кампинг претходно тврдеше дека крајот на светот ќе биде на 6 септември 1994 година, а потоа се правдаше дека грешката настанала поради игнорирањето на одредени знаци. Но, затоа сега е сигурен дека 2011 ќе биде фатална за човештвото. Спојлер http://tocka.com.mk/index6.php?ID=35162 П.С. Спаркс, ме изнасмеа
Предлагам да се направи една анкета во врска со темава. Баш ме интересира што мислење имаат феминките