Евангелие според Матеј, Глава 24 3 Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?” 4 И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; 11 и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. 36 ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко. Оној кој пророкува за иднината и крајот на светот силата не му доаѓа од Бог, туку од нечестивиот. Ваквите есхатолошки сценарија имало многу во минатото и во иднината ќе продолжат да постојат со цел да го заплашуваат човештвото. 36-от ред кажува дека никој не може да го знае ДЕНОТ и ЧАСОТ, ниту ангелите, небесните суштества кои се во Царството Божје и на Отецот му се најблиски. едит-доколку беше крај на светот досега веќе ќе беше пронајден епицентар за земјотрес,нели???значи не е логично,се да се случи не најавено од метеоролозите?болни секташи на кои малку луѓе им веруваат,свашта,премногу гледаат филмови ако ми е суден ден тоа не го знае некој Кемпинг,тоа може да биде и на 25 мај,никој тоа не го знае!!!! претпоставувам само дека на 21 ќе има многу самоубиства токму од тие луѓе секташи,нели за да не страдаат,ќе си ги скратат маките!!!! тогаш во либија одамна е крај на светот и во пакистан,ма ајде глупости утре сум на матурска таман цела фамилија ќе се собереме па нека биде крај на светот,ако така требало да биде нека биде,само тоа може да биде не само на 21 туку секој ден РИЗИК ЈАК;МИЛА ДУША И ДА ПОГИНЕМЕ КОЛКУ МОЖЕМЕ ЌЕ СЕ СПАСЕМЕ
Ме изнасмеа извини вака, ништо нема да биди нетуку се потресувајте. Глупост до глупост И искрава ме пресмеа, ке се деилирала јас не сум кубена да не се усрамиме арно кажа
веќе прегрмува и силно грми неколку дена,и доколку таа ден згрми или стварно има земјотреси како што бил денешниот во Турција не значи дека тоа е тоа!!!не подлегнувајте на глупости,на крај краева Крајот нема да биде само за тебе ,за сите нас ќе биде
Затоа јас денес си се издепилирав, се налакирав, сега ја средувам косата, барем да бидам претставителна
Нешто од библијата имаш цитирано ? И во куранот пишува дека никој не знае кога е судниот ден (крајот на светот) и дека пред да дојде ке има некои знаци и дека ке има секти и сето тоа што значи ако е од господ нека дојде !
да само што сектите не се од сега, ги има од поодамна, уште јас бев 3 годиники кога се зборуваше за сектата која ги терала луѓето да се убиваат, а да не се кажува за сатанистите кои со децении постојат тие се исто секта.
Цел ден, ама баш цел ден мислам на ова, и ханито мое дури го замарав со ова многу ми е некако страв не знам зашто така , многу сум плашлива а и брат ми цела недела го немам видено, на ескурзија е, и се враќа баш тоа време коа викаат дека ќе се деси тоа сериозно размислувам да се напијам едно 2-3 дијазепамчиња и да го преспијам утрешниот ден
Крај на светот не може да биде наскоро и ќе ви објаснам зашто: 1. Ако скоро има крај на свет, како во ноември ќе заминам од државава, кога ѕвездите така ми претскажале хахахахах 2. Како ќе имам близнаци, кога ѕвездите така ми претскажале хахахах 3. Како кармава ќе ми врати за сите гревови, кога не се исплатив хахах 4. Како е можно да ја снема земјава, кога по животов со дечко ми па треба тука да се вратиме и па да се сретнеме само тогаш јас ќе сум машко он женско, еј договор си е договор хахахаха нема шанси. Тој горе нека не изводи, имаме договор. Толку имав за сега да кажам во друг ден кога ќе бидам при здрава свест и памет ќе пишам повеќе. Ајт сега останете ми живи!
Не верувам ич, ич. Како може одеднаш да не снема. Ќе се знаеше нешто барем. На 23ти полагам и спремен ми е многу убаво предметов. Па нема смисла јас еднаш да се спремам како што треба и оп, крај на свет. Мислам стварно не е фер. А и зaшто на почетната на Фемина има дадено временска прогноза за до вторник, ако утре е крај на свет?
Затоа што не мора да значи дека еден ако каже дека е крај на свет,сите ќе престанат со својот живот,и ќе чекаат да дојде денот. Демек,до сабота прогноза,до сабота полагања,нови календари... Не веруваат,и башка,кој би верувал на вакво сра*е.
Aј да се простиме барем.... Да знаете дека сите ми бевте многу драги,станав зависна од форумов,и бевте навистина добри нет другарчиња. Но..овде не застануваме.Имаме Фемина андерграунд, и Фемина еир форум,на кој ќе можеме пак да си се допишуваме... Секако, на Андерграунд сајтот веќе во смајлиња нема да го имаме ова - , а во Еир сајтот ова - . Ама нема веза,ќе смислиме ние нешто. Се гледаме цури!
Ич не ме интересира шо и како, јас си ја сакам назад едната година што ми ја украдоа!!! Па нели 2012 ќе беше?
Ај да заврши „Крајот на светот“, па да идам да си легнам. Tреба рано да се станува. Инаку Јапонија е дискфалификувана од тркава за преран старт. :/