1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај (Son) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BI-44, 22 јуни 2012.

  1. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    484
    На renne му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Аман со турскиве серии !! Едно време го тупееа со шпанските сеа со нив ..Од шпанските барем јазик научивме -.-
     
  3. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Добра е серијава ќе ја гледам....
     
  4. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Ќе ја гледам првата епизода, колку да се запознаам со серијата. Ако ми се свиѓа, ќе ја гледам, ако не-ништо. :)
     
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Вака изгледа некоја тажна серија ќе биди.Ќе ја гледам.
     
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ќе ја гледам првата епизода..Ако е со Назли од Зет Домазет значи мислам дека ќе биде убава серија..Ќе видиме :)
     
  7. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    А оваа еднава од главните ликови не е онаа како се викаше, на Езел што и да е - еднаш така ја фатиф на ТВ кога играше Езел.. Мислам - некако БАДУ се викаше??
     
  8. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Да таа е!!!
     
  9. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    484
    Баде се викаше
     
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Слична е како Каде е ќерка ми :)
     
  11. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    крај за турските серии за мене :) уште малку и величествениот и бурни времиња ке завршат сезоните и јас не се замарам веке и онака ги отупеа од есен и тие не ги гледам :)
     
  12. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Nehir erdogan е Назли од (Зет Дома Зет)
    Berrak Tuzunatac е Баде од (Езел)
     
  13. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    мислам дека на реклама го видов и џенгиз од езел или не е тој? :?: дека и езел ретко го гледам повеќе од реклами па се помешав.
     
  14. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    484
    тој е
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прво најавата на канал 5 пред да почнат да ја прикажуваат ме одби воопшто да ја погледнам.
    Башка телевизииве ја претераа со турски серии, повеќето утепано досадни :envy: ..ама од што немаше ништо на тв изгледав една епизода и успеа да ме улови :D бидејќи е со поразлична приказна. Али се надевам дека ќе престанат веќе да даваат турски серии. :yawn:
    Оваа серија не е баш класична и има несекојдневна мистична содржина која баш заради тоа ме привлече да ја гледам. :geek: Инаку како и некои други серии е тазе од 2012 ама се надевам дека е целосно снимена.
    Не е за секој бидејќи е посериозна и не верувам дека на секој ќе му се допадне. Испреплетени работи кои мнооогу полека се расплетуваат. Настани кои се одвиваат на повеќе места во различно време, а главното околу кое се води серијата е тоа што маж неколку години води двоен живот. Со една жена е во брак и има дете, а има уште една во Иран и со неа има дете. Бракот со првата навидум му е без проблеми, не се забележува ништо невообичаено во неговото однесување што би ја навело неговата жена да помисли дека ја изневерува. Еден ден се решава без збор да ги напушти и да замине со другата жена и дете. Всушност сите мислат дека заминал службено и дека ќе се врати, но авионот со кој треба да оди паѓа. Тој и онака не се качил во него, а подоцна и при преглед на видео снимките тоа се потврдува и се гледа дека со автомобил заминува со некоја жена и дете што го чекаат...
    Е сега понатаму се расплетуваат причините поради кои се случило тоа. Се навраќаат настаните наназад во 2000 г., 2004 г., 2010г...како ја запознава жена му, па подоцна како ја запознава другата жена во Иран... иии ме држи будна да ја гледам :lol:
     
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Абе не дека ја ггледам ама знам што се случува :D :rofl:
    Ама рекламата ми е малку интересна. :rofl: :rofl: А она кога вика:Океј врати боја :lol: : :rofl:
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Почна да се мати ептен работава...Селим според снимките од аеродромот замина со другата жена и дете, па сега излезе дека тој е повреден, не се знае каде е точно, изгледа тотално изгубено како да му се откачила некоја жичка во глава, си се обраќа себеси со името на брат му близнак Омер кој загинал во сообраќајка, а детето на иранката е во Холандија во некој дом.
    Ќе има некој јак пресврт, којзнае што точно ќе излезе на крај кога ќе се одмота клопчето :D
     
  18. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Серијава ми се свиѓа пошо е многу пораазлична од другите серии,многу е мистериозна и мислам дека ќе биде таква до самиот крај.Со секоја измината епизода се повеќе те копка а што понатака .. Ќе продолжам да ја глеам :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    аххаха.. во право си, барем да не ги синхронизаа овие, да научевме и турски :D Досега немам изгледано ниедна турска серија, почнав со Величенствениот 10тина епизоди, ама не можам да им го поднесам синхронизирањето (посебно тоа што исти гласови/актери слушам на сите серии), а и некако повеќе ми лежат американските серии.
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мора да признаам дека ме заголицка серијава :tmi: ме заголицка бидејќи е мистериозна. Инаку, ми е криво дека не ги фатив првите епизоди ама колку толку мислам дека се вклопив. Лично мразам што сме преплавени со турски серии ама оваа ми го одвлече вниманието... :angel: