Крај (Son) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BI-44, 22 јуни 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мене ми изгледа како да Халил е уплеткан во исчезнувањето на Селим. Изгледа наивно како да не знае ништо, а уствари најверојатно знае најмногу од сите. Почна да го разоткрива Алев со старите избришани пораки од телефонот. Според пораката што ја прочита некој му кажал дека Лејла дошла со едно од близначињата во Турција. Мислев дека има едно дете, а испадна дека се две ама сега ми е дискутабилно и од кого и се децата на Лејла зошто тука е вмешан и Кудрет. Уште е нејасна причината зошто заминала од Иран и дефинитивно сега она, Селим и детето не се заедно.
    Можеби сега е појасно и за кого е третата играчка кола...едната нели за Омер, другата за детето што дошло со Лејла и третата што е останата за братчето близначе.
    Очигледно е дека Халил бил и по се изгледа сеуште е заљубен во Ајлин, па ништо чудно да има исценирано нешто намерно за да им наштети на Ајлин и Селим.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Јас па се` мислев тоа е на Селим мобилниот кој го заборави пред да оди (намерно или случајно). Мене се` нешто ме тера да мислам дека и двете се на Селим (ви текнува кога Лејла сечеше прамени од коса од децава, веројатно му ги пратиле како доказ на Селим), башка Селим купи три исти автомобилчиња од кои едното по пошта го испратил (веројатно на детето што после е испратено во кампот во Осло). Мене Халил ми е сомнителен уште од прва епизода, ако се сеќавате кога дадоа сцена Селим и Ајлин си дојдоа дома од барот и после Халил заѕвони на врата и му покажа нешто од неговиот мобилен на Селим. За знаење знае нешто, ама колку и што, не знам. Ама за брат му Али сум убедена дека знае најмногу затоа што одма се повлече од случајот затоа што, демек „по се` изгледа Селим не сака да си дојде“, мижи Асан да ти баам.

    А ништо чудно овој да е киднапиран и Лејла и детето да се искористени како мамка пошо нели он е доктор, а нели почна да се открива за некој медицински експеримент во кој мислам дека е заплеткан и оној со лабораторијата дома ...

    Засега можам само да шпекулирам, а шо се тиче Халил мене ми изгледа на ептен чудно и исфрустрирано човече, кое е цело време заљубено во Ајлин (мислам алооо кога Селим ја побара за жена, овој се намурти и отиде да се “залива“). За Алеф ми е многу жал, факт е дека има девојката проблеми со алкохолот и такви ствари, ама мајкуму стара, па си ја зел таква, прифати ја таква, помогни и`, поддржи ја, мене ми е многу жал за неа девојката ич не ми изгледа лоша. И многу ме изнервира во неговиот однос кон Алеф, што Халил не гледа дали нешто што ќе направи нејзе и` пречи или не. Кога требаа да одат на роденденот на Омер, она го молеше да не одат заради нешто што и` се случило таму и не можела да го преброди и он кога и` рече демек у стил „не е тоа мој проблем, не сум бил таму, помири се со тоа“. Па остави ја бе скоту кога веќе толку не ја сакаш!
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Стварно кажале дека вечер последна епизода ќе даваат?
    Јас знам дека има 25, а кај нас треба вечер 11/1 да дадат...ако и оваа ја прекинат на пола -аман више-, а таман се загреав да изгледам една асална турска серија што не наликува на другите од типот "двајца се сакаат ама цело време некој им се меша од страна". Ако некој има поточна информација нека пише, зошто ова не е сигурно што ми го кажаа.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    134
    Интересна серија.... :)
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Штотуку почна а одма днес ке заврши,инаку не го гледам амаа знамм се што се случува :D
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ова е сигурно дека вечерва е крај со серијава?
    Што ќе завршува кога не е ни до пола помината, ем ја сецкаат по пола епизода на ден..па од 25 прават 50 епизоди и стигнаа до 11та и ќе ја прекинат :^) ? бог да чува канал 5!
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148

    Канал 5 се претераноо....незма веке што да речам за нив. 1 сезона завршува,а само што почна.ГЛУПОСТИ СВЕДСКИ.... :swear: :fubar:
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не знаев дека и оваа е со сезони само бројот на сите епизоди го најдов. Ако завршува 1ва сезона и продожат од понеделник со 2ра, тогаш ок али ако ја прекинат и се тегават со серијава дека ќе ја даваат другата сезона понатаму од септември, октомври и слични муабети... преку глава ми е веќе. Таман е кратка и со возбудлива содржина, па нека истраат една интересна серија да дадат до крај без гњавење на гледачите и 1000 пати менување на термини и должина на епизодите.

    Edit: Сега проверив на wikipedia дека 1 сезона е 25 епизоди :fubar:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Инаку од женскиве ликови омилена ми е Селен. Другарка во вистинска смисла на зборот.
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дефинитивно ја прекинаа и ја прекинаа серијава...па ај сеа од почеток ја даваат и никако да им го најдеш крајот. Ако ја има некаде по интернетов со прифатлив превод би ја изгледала.
    Инаку кој го интересира исходот на крај :) нека отвори спојлер
    Главниот сплеткарош е Халил, како што претпоставив :D Се разбира ќе заврши во затвор на крај
     
  11. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    А серијава во Турција завршила, нема да има друга сезона? Само тие 25 епизоди се или како? :)
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да завршена е во Турција и само 25 епизоди има, кратка ама возбудлива :)
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Приметив дека има репризи од првите епизоди. Дали ова значи дека кога ќе завршат со репризирање ќе продолжат со серијалот? Има некој некакво инфо?
     
  14. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    не мислам дека нема да даваат повторно,да даваа ќе имаше најава на канал 5.
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Браво за Канал5 ако се толку неспособни да дадат до крај една серија од 25 епизоди. :fubar: :rofl:
    Моментално знам дека секој ден ја репризираат од почеток околу 12 саат и мислам дека кај и да е веќе ќе стигнат до таму до кај што ја прекинаа т.е. на пола. Со која поента би ја емитувале два пати до пола едно по друго ако не планираат да продолжат да ја емитуваат не знам, па се надевам дека од септември ќе ја завршат зошто е единствената серија која после подолго време асално сум ја загледала и ме задржала пред ТВ.
     
  16. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    тоа ти е канал 5 , со сите серии така прават. се надевам дека ќе ја продолжат пошто стварно е добра серијата :D
     
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    25 епизоди?
    па оваа серија изгледа како да е некоја сапуница од толку сплетки нема крај... а мизерно е ептен само на 25 епизоди да остават, глупости -_-
    серијава почнав да ја гледам заради оваа типката Алеф многу ми е јака, си плакнам очи кога ја гледам :$ :D
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Ajдеее и оваа ако била сапуница... :D Пошо е турска, затоа ... ај нема везе, за среќа тука ни` се америчките шо секоја од нив вришти од квалитет пошо нали, амерички се. Баш се обработува една реална па и актуелна тема...лекарства кои се забранети, а се мошне делотворни за третирање на страшни болести, но тоа не би им одговарало на некои други. Teoрија, која можеби е дел од некој заговор и нема врска со вистината, но е дефинитивно интересна тема за размислување...

    сега за сега добив впечаток дека се` се врти околу тој лекот таа билката, пошо нели уште на почеток на серија ја бараа таа Кристина, ќерката на тој научникот со билките и со лабораторија дома.Селим нели, лекар е и и те како може да им биде од корист. Мм мисли дека едно од близнаците е болно па затоа, но јас мислам дека нема врска, дека Лејла со детето е искористена како мамец него да го фатат за тој медицински проект, дури не верувам дека она знае некои работи. Не верувам дека се сретнаа „да живеат среќно до крајот на животот“, туку да и` помогне да си го земе и другиот син. Нишо чудо и да сум грешка...

    Многу се навлеков на серијава и репризите ги гледам и ми одговара затоа што, успевам да видам работи шо не сум ги забележала првиот пат.
     
    На marta.99 и sunfemina им се допаѓа ова.
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Серијава почнаа да ја даваат на Хајат од понеделникот, во 5 поручек така да ако канал 5 не почне да ја емитуваа во скоро ќе ја изгледам таму :) :P За две недели ќе стигнат до кај што беше кај нас.
     
    На marta.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Тие што ја гледаа редовно серијата кај нас, а сакаат да ја догледаат еве информација дека вчера на Хајат ја даваа последната епизода што се емитуваше кај нас. Денес веќе почнаа со (за нас) нови епизоди од 12та натаму откако Алев влезе во куќата кај што го најде Селим...