1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај (Son) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BI-44, 22 јуни 2012.

  1. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    :o а како што ќе се случи ?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Па од она јас што го видов и го разбрав, Лејла ќе дојде за да се сретне со Ајлин за да го најдат Селим(Лејла дури сега дозна дека тој исчезнал), Ајлин ќе се нафати пак да го бара затоа што Лејла ќе и` каже на Ајлин се`, дека тој не планирал да ја напушти Ајлин, дека не ни бил со Лејла цело тоа време, таа нели беше во затвор 9 месеци, а пред точно девет месеци од тој момент Селим исчезна (значи веројатно одма ја фатиле), дека тој само сакал да им помогне и купил карти за Норвешка за таа и Мехди да одат кај другиот син во тој кампот, но нели баш на границата кај шо беше Мажид го зеде едното од близнаците и затоа Халил доби таква порака која уште првата епизода му ја покажа на Селим. На Халил всушност, падот на авионот му дојде како кец на десетка за да го оствари својот болен план, мислејќи дека никогаш нема да се открие дека Селим е воопшто жив.

    А, Халил, пошо нели е главниот кривец за се` ќе ја убие Лејла зошто ќе му пречи на патот и многу ќе открие...слично како и со Алев шо беше...пошо оваа не е толку наивна како Ајлин па да ја мачкаш на леб до сабајле и одма ќе открие многу работи...Па Ајлин ќе оди во Иран да го бара Селим, па таму ќе и` направи стапица тоа братството мислам дека шо е против Сајмон и ќе најде ливче со адреса каде што наводно се наоѓа Селим. Тоа е стапица. Не знам како ќе се извлече од таа работа, мислам дека Сајмон ќе ја спаси и не сум сигурна шо како понатаму...не знам ни како ќе умре Мехди, само знам дека после (откако Ајлин ќе се врати) Селим ќе успее да избега оттаму каде што го чува Халил и ќе оди во нивната куќа да ги бара Ајлин и Омер.

    Само што ќе влезе дома и ќе проба да и` телефонира, ќе му се појави Халил од зад грб и ќе впери пиштол во него. Ајлин ќе се појави во тој момент. Тој ќе го впери пиштолот прво во Селим, потоа во Ајлин, велејќи и` „се` што направив, направив заради тебе, за само една шанса од тебе, а ти пак него го одбра“, но нема да може да се сконцентрира да пука во ниту еден од нив затоа што Алев нон-стоп ќе му се појавува и ќе го довикува а тој ќе пука наоколу. На крај ќе сака да се самоубие, духот на Алев (немирната совест на Халил, сеедно) ќе го вика да дојде кај него велејќи му дека никогаш нема да го напушти, ќе сака да се самоубие, но Али ќе го спречи пукајќи му во нога. Така и ќе го фатат и ќе го затворат.

    И навистина Алев никогаш нема да го напушти по се` изгледа. Цело време ќе му се привидува, ама овојпат не на моменти туку цело време како и таа да е таму. Дадена е сцена од таму каде што тој седи во самицата, а Алев удира со некој метален сад по железната врата. Тој звук најмногу ме потсетува на звукот кога Селим удираше и се обидуваше да излезе од подрумот каде овој го чуваше (затоа што вратата беше како од некој сеф). Мислам дека заради тоа му се слушаше баш таков звук кој изгледа ќе го слуша до крајот на животот. Но, ова последново е моја претпоставка.

    Кудрет ќе умре, мислам дека Џевдет ќе го убие, Танер ќе се самоубие, Селим и Ајлин ќе го чуваат тоа другото дете на Лејла. И толку знам...

    Искрено во серијава ме разочара тоа што
    покрај такви јаки ликови како Кудрет, Асим, Џевдет и тн. причината за целата ситуација беше безнадежната и невозвратена љубов кон една жена мислам :yawn: ... Ќе беше подобро и тие да имаа некаков удел во исчезнувањето заради други интереси пример и да не ги снемаше така лесно во серијава. Сценаристот потрошил такви интригантни и интересни ликови во погрешен контекст според мене...
     
  3. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    знаев дека манијаков халил уште на почетокот нешто маткаше.. а да и ајлин ми е некако премногу наивна не го ни побара ни ништо 1година помина се помири со фактот дека отишол ама добро такво е сценариото :D а затоа уште во 1вата епизода она во иран беше т.е така и почна прво не ми беше јасно ама после скопчав... ее баш ми е жал за кудрет :(
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас активно ја следев серијава од 3та епизода негде, па по се некако не ја скопчав целосно работава со Селим кој според мене си сноси исто вина...
    Со тоа што се сплетка со Лејла ја изневери Ајлин, но зошто го направи тоа?
    Сакаше да се разведе од Ајлин или едноставно сакаше да си направи само обична авантура со Лејла?
    Кога Ајлин му кажа дека е бремена, тогаш и призна на Лејла дека е женет и таа го избрка, а он се врати дома и си живееше нормално понатаму со жена му и детето без да знае дека Лејла му родила близнаци.
    Коцките точно му се поклопија на Халил подоцна, за да го направи подлиот план. Тоа го направи поради болната љубов кон Ајлин. Не можеше да се помири со фактот дека Ајлин е изневерена од Селим, па сметал дека Селим не ја заслужува и полека, но сигурно успева да си ја исполни целта да биде со неа ама притоа многу жртви страдаат.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Си беше дадено објаснување за тоа во почетните епизоди. Селим си ја сакаше жената и детето и се` тоа, ама...

    Беше во почетна фаза на брак, уште не знаеше што сака како не мал број на мажи.

    Го шокираше Ајлин со нејзината индиферентност кон несреќата на другите пред да оди во Иран, исто така и нејзиното студенило на телефон кога човекот едвај се измачи да најде начин да и` се јави да и` каже дека едвај ја нашол плочата која таа ја сака.

    Во Иран од друга страна, се појавува Лејла...девојката која ја виде во едно друго светло, пожртвувана за доброто на оние кои се во невоља...во што виде и дел од себеси. Како и него и таа беше спремна да ризикува за да му го спаси животот на тој пациентот. Најде нешто слично на себе во неа (фактот дека ниту еден од двајцата не беше таму за кариера туку од несебични побуди, за да го спаси побеспомошниот од себе). Во неа го виде нештото кое сакаше да го види во Ајлин, но го немаше...таа никогаш не била во ситуација да се жртвува себеси за да помогне на другиот, таа секогаш била заштитувана од сите лоши работи.

    Кога дознава дека Ајлин е бремена, се буди од тоа некое бунило/занесеност/заљубеност низ кое поминуваше и решава дека треба да се врати кај саканата и семејството. Тој затоа и и` кажа на Лејла дека е женет...за таа да го избрка, или пак во најмала рака да ја дистанцира, рушејќи и` секаква надеж, со таа намера...

    Кога го добива писмото од Лејла дека има близнаци со него, Селим и` бара доказ (што не е некој голем показател на неговата љубов кон неа иако е нешто логично доколку со некој не си се видел толку години). Тој сака да им помогне на сопствените деца да бидат заедно со нивната мајка и тоа е се`. Не резрвира карта за него во Норвешка што значи дека тој не ни планира да оди со нив. И тоа е тоа. А Халил, според мене, не е толку заљубен во Ајлин колку што е болно љубоморен на се` што е Селим а тој не е и на се` што има Селим, а тој нема. Покрај Селим, тој се чувствува инфериорен...и тоа е тоа...
    Се сеќавате на сцената кога пијан Селим ја побара Ајлин за жена и оваа прифати и Халил нешо прокоментира и се налути? Селим тогаш и` рече на Ајлин „Ма пушти го, го знам јас што му е. Навикнат е тој јас да го фрлам мамецот, а тој да ги собере сите риби, ама овојпат не му тргна од рака.“ Таа реплика многу кажува за односот на Халил кон Селим и нивното пријателство.

    ќути и јас многу го сакав како лик меѓу омилените ми беше. И одлично си ја долови улогата, не можеа подобар да изберат :(
     
    На marta.99 и sunfemina им се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Teлекабел повторно прекина да емитува Хајат тв и веќе цела недела ја нема...но за среќа ја најдов онлајн серијава со превод, така да кој сака да ја гледа повелете линк
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Да ве прашам, заврши серијава на таа босанската телевизија? Да знам дали да продолжам со гледање на сајтот, минатиот пат се откажав зашто не можев да чекам како се влечкаат со епизодите.

    И не дека сум следела многу турски серии ама ќе да ова е последна што се нафаќам да ја гледам, остај што е содржински добра, кратка е.
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да, заврши на Хајат пред 2 дена и сите 25 епизоди (одностно 50 половинки:)) се закачени на natabanu сајтот.
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Серијата ја изгледав уште кога беше актуелна и ми остана во сеќавање како една од најдобрите серии што сум ги изгледала па еве за една недела ја изгледав повторно и сеуште го имам истиот впечаток.
    Одлично сработена без никаков сомнеж, актерската екипа брилијантнта.. само Лејла ми беше слаба малце во глумата.. Се на се одлична приказна која те држи буден до самиот крај...
    Акција, драма, романса, мистерија се испреплетено во едно.. предобро осмислено.
    Не се разочарав од крајот, главниот виновник го доби тоа што го заслужи.. дефинитивно ја препорачувам секој да ја изгледа,, 25 епизоди се гледаат во еден здив.
    Во почетокот на сите ќе ви биде нејасна и ќе посакате да се откажите но бидете упорни и трпеливи затоа што вреди. :clap:

    Мојот омилен лик „војникот“, навистина изигра одлична акција.. секоја чест. :clap:
    [​IMG]
     
    Последна измена: 14 јануари 2015
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.