Крвавата роза (Благојче Николоски)

Дискусија во 'Книги' започната од ana.8, 24 февруари 2013.

  1. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    52
    [​IMG] Таков ли е животот, секогаш со трагичен крај, секогаш без излез, секогаш преполн со дневна трагика? Која е смислата на животот кој го живееме? Која е целта која сакаме да ја постигнеме живеејќи го овој суров и безизлезен живот? Дали судбината е онаа која го креира нашиот живот или пак ние самите ја креираме нашата судбина?
    Роман исполнет со возбуда, нежност, тага и болка која ги води читателите до вистинската смисла на животот - смртта. Таа е неизбежен дел од животот на секое живо суштество кое постои.
    Дали еден зародиш на љубов треба да биде прекинат точно во добата од која треба да почне... Да се осмислува, да се остварува, да се исполнува?
    Дали далечината е вистинскиот тест кој може да ја тестира младата и искрена љубов? Тоа го доживуваат главните ликови во овој роман. Мила се вљубува во Џек уште од моментот кога ќе ја здогледа неговата фотографија. Надежта и копнежот да го види се зголемува секој ден стануваќи нестрплива. Конечно кога ќе се видат чувствата се будат и растат. Нивната љубов започнува на улица каде ќе се видат првпат. Нивната љубовна авантура станува сѐ повозбудлива и повозбудлива, нивните љубовни патишта се зближуваат сѐ повеќе и повеќе.
    Но сѐ што е убаво кратко трае. Црн облак ќе ги покрие нивните животи кога смртта настапува. Страшната и неизлечлива болест на Мила е единствената препрека која застанува на нивните патишта. Одеднаш нивните патишта ќе се претворат во раскрсница која води само во еден правец, правец кој нема излез и надеж.
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.287
    Интересно изгледа...