-Дали верувате во Крвава Мери ? -Дали верувате дека ке ви се појави во повикување ? *Јас на многу форуми сум читала за нејзино појавување,и за нивни лични искуства. ~Кажете доколку верувате,доколку имате искуство и ако некој го знае точниот ритуал за повикување.. Поздравени бидете сите ;*
Еден оф-топик за вистинската приказна: Јас правев семинарска пред еден месец за Тјудорови и наидов на Мери. Таа е всушност ќерка на Хенри VIII и Кетрин од Арагон. (кој го има гледано The Tudors ќе му текне на девојченцето што го одделија од мајката). Читав дека, ако Мери се родила како машко, целата историја на Англија денес ќе била многу поразлична. Инаку крвава е оти за време на нејзиното 4 годишно владеење починале 243 протестанти. А дали верувам во тие мамбо-џамбо работи? Шур шур.
Со другарка еднаш ја повикувавме и за чудо ни се појави . Многу фина испадна. Си седнавме, си поправивме муабет, кафенце ова она. Супер женче.
Јас не верувам во неа Но една другарка веруваше и ја повикала (барем така кажуваше) и и се појавила и кажа дека навистина била страшна и дека таа вечер никако не можела да заспие Ми го кажуваше и ритуалот ама сум го заборавила Не планирам и такви работи да паметам
не верувам во такви работи,но братучедка ми верува малечка е сеуште а на француски ја вика мадам блонж
Има и друга верзија, дека била поврзана со некои лоши сили, имала лузна на лицето и останала трудна.... бла бла бла.. Иначе секако дека не верувам!
Мери била кралица на Шкотска, но ги убивала своите мажи, народот се побунил против неа а таа наредила секој што ќе и застане на патот да е убиен. Ама ја фатиле и таа пребегнала кај сестра, кралицата на Англија (не памтам која по име), ама сестра и мислела дека Мери дошла за зло да направи во кралството па ја затворила во затвор, каде Мери и умрела (или ја убиле, најверојатно) Крвава ја викаат поради грозоморните убиства, а во мамбо-џамбо не верувам иако ми се имаат фалено дека ја повикале, па на некои им се појавувала, на некои не
Порано ме интересираше ова но има 100 приказни за неа Една од нив е дека била кралица која што многу убивала ли така некако и неможела да забремени и кога забременила паднала во кома долго време и мислеле дека е мртва и ја закопале, а потоа кај нејзиниот гроб кога поминувале луѓе нешто тропало и гребало, потоа го откопале гробот и имало гребано и крф од ноктите, фактички ја закопале жива па се разбудила од кома па гребала па умрела Лично не верувам и не се замарајте со неа оти како што кажав 100 приказни има
Ова чисти глупости ми се. Кој и да ви раскажувал или сака да биде интересен или се глупира,пробувајки да ве заплаши со некои не реални работи.Па кога ќе си размислите подобро тоа е невозможно. Искрено,не верувам во тоа и немам намера да стојам пред огледало како забегана и да повикувам некојa си Крвава Мери.
изглеа ист ден сме ја викале. мене истото ми го рече. а може има хормонален дисбаланс па и трае подолго.кој знае.
Ве излажала бре. Секој ден е кај мене, стари пријателки сме. Деновиве нешто е нервозна па затоа смислува вакви изговори. Кога ќе се расположи, ќе ви кажам да ја викнете повторно.