Па на нога ја каснала. Не и од осата, од хлорот и е. ( Ја открив Америка ) Можеш да ставиш дексаметазон неомицин, тие се и за очи и за уши. Или купи си Визин Или оди во аптека и прашај ја аптекарката.
Прокулин капките веднаш ги освежуваат очите и чудно е, но одма го снемува црвенилото. Сигурно се надразнуваат од хлорот во базенот, но црвенило се јавува и од умор, и од долго гледање во монитор. Капките не се скапи и ги има во сите аптеки.
Најсигурно ти е да појдиш на очно и таму ќе ти кажат што ти е сигурно имаш некоја инфекција оти и мене едно време така ми беа црвени и сум имала инфекција и ако имаш инфекција ќе ти препишат капки и маст
Доколку вашите очи се повремено крвави, превентус.мк ви препорачува одредени трикови кои можете да ги направите во удобноста на вашиот дом... Лед – користете го како ладна облога, ставете го во крпа, затворете ги очите и држете ја облогата 5 минути на секое око, барем двапати дневно. Вода - капки вода брзо ке го отстранат чувството на чешање и црвенило. Капки вода можете да ставате неколку пати на ден за да ви помогне чешањето. Краставица - ова е најстариот и најпознатитот лек против подочници. Ладно парче од свежа краставица ставете го на очните капаци и оставете ја да делува 15 минути. Зелен чај - ставете 2 кесички зелен чај во врела вода и извадете ги по 2 минути. Потоа врекичките ставете ги во фрижидер за да се оладат. Потоа ставете ги на капаците и држете ги 15 минути. Спиење - мирен сон е дефинитивно најдобриот лек за крвави очи. Крвавите очи најчесто поминуваат брзо, но доколку се подолго време зацрвенети, нормално е да се обратите на лекар. Но најдобро е да отидеш на лекар........
Дали знае некој каде можам да го најдам Солкосерил гелот за очи? Во Зегин го немале повеќе од два месеца. Ве молам итно ми е.
Купив прокулин и чудно ми е дека јас сама треба да го дупнам шишенцето, а во упатството пишува да не се допира отворот до никакви површини... Може некој да ми објасни?
Во последно време дечко ми го има овој проблем. Цело време му зборувам да оди да си ги провери очите, ама никако да отиде. Работата му е таква што постојано е пред компјутер па има шанси да е од тоа. Но кога би зел очила за одмор на очи и да ги носи додека е на работа може да си ги заштити очите, нели?
Мее болат очиве ми имаат речено дека премногу ми се суви и дека е од мн седење на ком а и така е епа сега капки сакам да зеам дали прво треба да одам на очно па тој да ми каже или смеам да си ги земам од аптека фала мн позз☺
Кога одам на плажа, и ќе се намачкам на лице со крема а таа ќе се измеша со морска вода, ми се јавува една тешка болка, чешање, црвенило на очи до степен кога морам да се вратам од плажа и да седам во темна просторија. Дали некој знае што би можело да помогни во оваа ситуација? (Освен прокулин кој последниве два пати, не ми помогна како претходно). П.с. Дали стварно треба да се менуваат прокулинот на месец дена? Фала
Мене ми се крвави секогаш после туширање саат време, не ме печат ама од водата ми стануваат како да имам плакано 2 часа. Од солената вода исто, прво почнуваат да ме печат ако не излезам да се избришам почнуваат да ми се вцрвуваат.