И јас крварев и лежев цела бременост од 12-3 недела, , до крај, седејки се туширав, не станував ич, тешко е ама вреди, си родив здраво бебе. Сите сезони на дваипол мажи ги изгледав на хбо. Досадно е ама мора.
Седење не, лежење ти треба дури ни дома да не седиш туку во хоризонтала. Подобро земи си боледување и лежи и одмарај. Само така највеќе ќе го средиш проблемот.
Жени јас искрварив свежо многу светло црвено повеќе како водлесто. Само што се враќам од преглед, едното поголемото има срцева акција, а помалото нема или не можеше убаво да го фати да го види. Докторот претпоставува дека го губам едното близначе и дека од него е исцедокот. Ми рече да го прекинам утрогестан вагинално (не знам зошто, дали поради можност за инфекција) останувам со дабростон 2 х 1, прогестерон депо на 5 дена наместо на 7, Ц витамин и Б6. Строго мирување и контрола по една недела. Ми се сруши филмот се соочив некако со реалноста, среќна сум што едното е во ред, може така требало да биде, но сепак ако има некое искуство со позитивен или негативен исход, споделете.
Bas mi e zal, stisnav mi se dopaga za hrabrosta. Nie zenite sme silni i mozeme se da izdrzime. Miruvaj, lezi pa daj boze se da e vo red. Bidi hrabra.
Ти посакувам од срце да биде се во ред со ова што остана, не било за тебе другото иначе имам слушано мн такви примери со близначиња и на крај се во ред било со другото
Која недела си, немора да значи дека го губиш бебето, јас крварев многу обилно, цели хеланки и чорапи ми беа со крв па бебето имаше срцева реакција, релжка крв течеше од мене, докторката не сакаше да ме гледа на ехо, ми рече се е џабе го губиш бебето, и се заинатив се расправав и на крај демек ај еве ке те видам на ехо да се увериш и виде дека има срцева реакција, па ме ставија на прогестерон, магнезум примав венски, утрогестан пиев. Мене тоа ми се случи во 12 недела со второт бебе.Утрогестан ако крвариш се пие, ако не крвариш се користи вагинално иначе и сметам дека е подобар од добростон.
@Besbes24 @lackygirl @macalavica благодарам на поддршката. 7+2 сум... Заборавив, плус ме праша за крвна група, кажав дека сум рН негативна а сопругот позитивен, а ми рече не сум имала потреба да примам инекција, не сум крварела многу. Премногу ми е страв за другиот плод, ова ќе биде изгледа најдолгата една недела до следна контрола.
Многу ми е жал мила, но биди силна за другото бебче. И само мирување батали се друго, кревет тв, лежи одмарај! Ќе се смири од инекцијата крварењето и ќе пројде времето до следна контрола.
Жал ми е мила, за жал и ова е доста честа појава, едното близначе да не се развие, во рана бременост. Колешка моја ја имаше твојата ситуација, едното отиде но второто се спаси и имаше натака супер бременост, само строго лежење и слушање насоки од доктор. Стискаме палци да пројде побрзо неделава и да биде се во ред со бебето
Оди на дежурен нека те боцнат прогестерон, и лежи не мрдај, немој ни да седиш, лежи на лева страна најдобро. Ке биде добро,
Bas sakav da pisam za ova i ja barav soodvetnata tema ama ke napisam i ovde. Pred malku zboruvav so povozrazna rodnina sto zivee vo Francija. I kazav trudna i so malku kafeavo krvarenje ama si teram so inekcii. Odma me prasa sto faktor sum i kazav ph negativna. Mi rece so ovoj faktor skloni sme bile kon krvarenja i spontani abortusi. Taa bila so prvoto dete celo vreme so krvarenje duri cista crvena krv pa taka mu rekle doktorite Francija deka teloto vsusnost ni go gleda embrionot kako tugo telo i se obiduva da go isfrla. Ne znam dali e ova tocno no zenata em educirana em raboti vo bolnica. Nekako bas me zacudi a i me isplasi iskreno. Da se nadevame se ke bide vo red so nas i ke uspeeme da gi gusneme nasite bebinja.
Не си прави плус стрес.. еве јас сум ти пример дека нема правило јас сум А+ па 4 месеци сум врзана за кревет и на најмало "претерување" со движење крварам. Секако дека ќе си ги гушкаме бебчињата јас на моево само му зборам нешто, маж ми се чуди на секое додека исперцепира со кого разговарам мора да биде добро кај сите нас не сакам ни да помислуваме на нешто друго
Утрогестанот ти е прекинат поради тоа што ако доле имаш исцедок утрогестанот нема ефект џабе ќе го ставаш а орално веќе земаш прогестерон. Како што ти напоменав и предходно лежи одмарај земи боледување макар и цела бременост помини ја во лежење само да биде се во ред. И ако си во можност води бременост во приватна болница кај некој соодветен доктор. И смири се не си прави стресови тоа дополнително ти влијае на тебе
Фала на прашање. Како препарирана сум. Не смеам да мрднам. Вчера откако го пишав постот, покасно во денот имав и баш онака како менструално крварење, не да тече како река, ама доволно за да се види дека нешто не штима. Од каде дојде крвта ќе видиме на контрола за некој ден. Веќе не знам што да мислам, само го молам Господ да ми го зачува барем едното. Денес како да нема крварење од сабајле ама ништо веќе не мора да значи. Пијам терапија и лежам, дај боже да биде се во ред.
Ke bide se vo red. Za nekoi 9 meseci ke se guskame so nasite bebusi. Samo miruvanje i lezenje i pozitivni misli a i verba vo gospod.
Devojki denes treba da primam progesteron depo. Pocnuva i mojata maka kade? Da odam posle 19 casot vo poliklinikata Cair, mislite ke me vratat?
Немаш некое медицинско лице во фамилија да те боцне дома да не се мачиш? Носи ги извештаите со тебе може ќе ти дозволат јас немам искуство..дома сама се боцкам или мајка ми бидејќи е медицинска сестра.
E toa e losoto nemam nikoj ama sepak zavrsiv rabota vo edna ambulanta me bocnaja plus besplatno. Sepak ima dobri luge.