Da da si teram 15 nedela. Ami pricina ne mi rekoja mozi nekoja zastarena krv. Samo mi rekoja ako e cista crvena krv plus bolki direktno na gak ama mene poke pati mi bese kako kafeav iscedok.
Здраво, крварење во 6та недела, исто како менструација еве скоро 5ти ден. На ехо не се гледа никаков ембрион, рекоа или вонматерична, ама и таму не можеа да видат, или веќе се исчистило со крварењето или пак е мн рано. Искуства некои слични на моите? Хцг резултат чекам во вторник.
Низ истото поминувам во моментот. Прокрварив на 6+3, пред тоа 3ца гинеколози не гледаа ништо во матка и се сомневаа во вонматерична. На неколку пати испитував и бета и не растеше правилно. Грижи еден куп. На првиот ден од крварење отидов на ГАК, тие успеа да видат сакус во матка кој одговараше на 5 г.н. кој очигледно не се развиваше правилно. Крварев 7 дена, по што на контрола ми рекоа дека бил целосен спонтан, матката е чиста. Бета и јас треба да испитам во вторник, да се види дали е симната. Не се грижи, меѓутоа ако имаш болки оди на дежурен... Викендов ако ти сопре крварењето може да направиш тест преку урина, да знаеш на што си додека испиташ хцг
Ве молам за итен одговор. 5 гестациска недела. Се' беше нормално еве сега имам некое лесно крварење. Што да правам? Гинеколог можам да видам дури во вторник после 14.00
Да си отидеш на ГАК и да не чекаш да се потресуваш. Рано е може нема да се види нешто многу ама нека ѕирнат и може ќе ти дадат утрогестани, вит ц и магнезиум
Невозможно е да стигнам денес во Скопје.... утре ќе ме види мојот гинеколог. Ако не е спонтан што може да е?
Мила рана бременост е, може да е имплантациско..лежи сега до утре ако немаш во близина дежурна болница и утре не чекај термин оди во 8. Скоро сите имавме крварење во бременост па еве туркаме второ трето тромесечие ама додека не те види доктор не можеш да знаеш што е.
Горе имаше пишано лесно крварење, затоа и така ти пишав. Вака не можеш да знаеш од што е додека не проверат. Кај мене во 6та недела имав крварење полна улошка црвена крв, отидов систина не видоа причина. Па во 8ма кафено, хематом, па 13та обилно крварење како циклус без причина. Ќе си видиш утре на доктор.
Дека нема баш оформен сак мислам рече. Ама и дека 5 недела е рано да се види. Мора да се испита бета хцг зс да се дознае одма дали е вонматерична. Ако е ќе се решава со таблети ако не е ќе се проба да се запре крварењето и можно е да истерам до крај. Вика има здебелен ендометриум но точката е малку мала за да се каже дека има бременост. Ми направија тест и покажа две црти