Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крварење за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од elenileni, 29 март 2010.

  1. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Минатата недела имав кафена сукрвица на бришење, ми ставија инекција и да одмарам. Првиот ден ја снема сукрвицата еве сега пак имам кафено на бришење. Прогестеронот на една недела ми рекоа, пијам и утрогестан 3 х 1.Имам мало хематомче. 7ма недела сум слушнав срценце бебето е ок. Кога ви ја снема сукрвицата скрос??Имам како болки у препони и колкови..
     
  2. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Кај мене исто беше мал хематом, но крварење имав до 14та недела, поточно сукрвица, бев на строго мирување но сукрвица си имаше, потоа и кога исчезна хематомот имав на два пати крварење кое што не можеа да утврдат од каде е, така да си лежев некаде до 20та недела, со прогестерон депо секоја недела. Потоа малку се опуштив, почнав да шетам но умерено, сепак и психички стравот е преголем, но повеќе одмор.Така да ти препорачувам да си лежиш барем во овие критични недели, барем до 12та недела, после скринингот е подруго.
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ..јас сум со прво и успешно ин витро 6+1 сум и ноќеска ми се појави крварење и болки, исто ми се случи и пред 1 недела, бев во болница лежев една вечер таму крварењето траеше 3-4 часа и се смири,утредента ме пуштија дома и ми кажаа да си продолжам со истата терапија.. ноќеска истата ситуација отидов во ре Медика ме прегледаа си имаше срцева акција ми кажаа дека плодот одговарал на 6недела и 5 дена ..ме боцнаа прогестерон депо и ме пуштија дома и рекоа дополнително Дабростон да земам 3×1 ..болките се смирија но крварењето остана .. по неколку капки на влошката а при бришење си има свежа крв, докторот рече да одмарам и да продолжам со терапијата.. некоја со слично искуство..?
    Од терапија земам амп.пролутекс, естрофем 3×2, кринон гел и Аспирин и клексани но тие секако ќе ги прекинам ..
     
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Аспиринот не ви го прекинаа? Не знам која е процедурата за инвитро но аспиринот пречесто прави крварење и веднаш го прекинуваат во цакви случаи. Мене во 6та недела ми го прекинаа поради обилно крварење а клексани примам сеуште но имам мутации, за тоа ќе ви кажат дали треба.
     
    На A.a.gj му/ѝ се допаѓа ова.
  5. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Првото крварење ми беше минатиот понеделник од тогаш ми прекинаа и Аспирин и клексани и се смири крварењето, овој вторник значи после 1 недела бев на контрола се беше во ред, и докторот рече да ги продолжам и Аспирин и клексани уште 2 недели до следна контрола и ете ноќеска пак болки и крварење.. незнам дали е од тоа,јас не се напив Аспирин сабајле на своја рака .. па ќе се слушнам пак со докторот да прашам за клексаните.. мутации јас не сум испитувала мислам дека превентивно ги даваат ..
    Кај тебе колку време траеше крварењето?
     
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Сите 4 крварења ми траеја по 3 4 ч а сукрвица одпосле до 10денови (кафено, не свежа крв)
     
    На A.a.gj му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Вака жени, ми кажаа дека хематомот шо го видел специјалистот всушност било гестависка кеса, фактички близнсчиња ама ете не се развило. Најверојатно од тоа иам кафена лигавица, не ми е завршена ама барем еднаш у денот ја имам. Како безбоен исцефок ама и по нешто кафено. Ми кажаа дека бебето супер де развива за таа недела. Сега ме плаши до кога ке имам сукрвица.. Имате ли искуство вакво? Примам утрогестан 3х1, прогедтерон депо 1 неделно, витамин ц и магнетранс прашокот. Плус премама пијам. И одмарам.
     
  8. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.699
    Пол:
    Женски
    Jas progesteron depo primav na 4 Ili 5 dena I strogo miruvanje. ke pomine samo trpenije.
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. minipani

    minipani Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2023
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Zdravo,
    Nepolna 6ta nedela sum i prvpat sum bremena i sum mnogu isplasena. Dali e normalno da imam kafravi iscedoci? :?:
     
    На A.a.gj му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Здраво,посети доктор веднаш .. и јас имав крварење на почетокот но фала му на Бога се е во ред, си слушнавме и срценце,ќе ти дадат терапија за поддршка и ќе мора да мируваш многу.
     
  11. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Јас имав таков случај, спонтан на еден близнак во 7ма недела, крварев до 12та, кафеаво, по малку.
     
  12. Krismare

    Krismare Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Devojki vtora bremenos 11 nedela prokrvarev zaradi odlepuvanje na placentata terapija utrogestan I progesteron nekoja so iskustvo deka se pominalo vo red mi treba podrska pozitivna
     
  13. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми имаше одлепување на плацента и тоа уште порано, лежеше до 4 или 5ти месец, а после без проблеми. На крај ја породија со царски, оти ептен го надмина терминот :)
     
    На Krismare му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madmozel84

    Madmozel84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, 5 недела и 5 дена од бременост, вчера имав кафеав исцедок во мала количина и тоа дента откатко бев на ехо каде ми е констатирана уредна бременост, ја информирав докторкката ми рече без паника, доколку продолжи и денес да ја контактирам со цел да ми препише терапија. По тоа што читам некои од вас добиваат терапија одма, дали мислите дека треба да барам второ мислење или да инсистирам терапија заради предопрежност. Инаку сум 39 години, прва бременост по природен пат. Совет некој би ми помогнал.
     
  15. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Да си побараш терапија за поддршка и да полежиш некој ден,може е само моментално од прегледот но подобро биди си претпазлива деновиве
     
    Последна измена: 6 декември 2023
    На Madmozel84 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Маша2024

    Маша2024 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Сакам да ве прашам вие што имате крварење, дали веднаш после терапијата односно утрогестан вагиналети ви престанало, или тоа потрајало неколку дена?
    Имав крварење во Понеделникот, посетен доктор и добиена терапија утрогестан вагиналети, но одвреме на време повторно се појавува крварењето, пример вчера втората половина од денот немаше воопшто ништо, сабајлево станувам има, примам терапија после 3 часа е сведено на минимум. Бремена сум 5 недели.
     
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Сукрвица може да трае до 10 денови ако е нова свежо црвена консултирај доктор повторно
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Sakav cisto da sporedam dali imal nekoj slicna situacija kako mojata. Od pocetok na bremenosta celo vreme sum so krvarenje ili sukrvica kafena, dijagnosticiran i subhorijalen hematom koj poleka se namaluva, krvarenjeto prvo temno kafeno vo 5tanedela, posle vo 7ma povtorno, potoa mnogu obilno krvarenje vo 9ta nedela koe traese den ipol, vecerta koga se sluci bukvalno kako da nemase kraj celite helanki do dole bea so krv.

    Bebeto uspea da se izbori, so srceva reakcija odlicna celo vreme, vo sistina doktorite nemaa zborovi.

    Terapija dadena utrogestan 2pati dnevno vaginalno i progesteron depo inekcija sekoi 7dena, strikkno miruvanje vo krevet, stanuvanje samo do wc.

    Veke sum 13ta nedela, seuste si ima kafen iscedok, nekoi denovi se namaluva skroz, nekoi e kako bordo kafeno potemno no celo vreme e tuka.
    Bebeto si raste normalno, prenatelen test so low risk rezultat, skrining ok.

    na skriningot dijagnosticirani i dva miomi edniot 3cm drugiot 4cm. ( edniot si go imav i pred bremenost bese 2cm ne precese za bremenost nadvoresno postaven, vtoriot formiran vo bremenost)

    Prva bremenost e i prirodna, ne znam veke sto da mislam i zosto se slucuva ova, vlegov vo 4ti meseci a uste ne mozam da se izraduvam kako sto treba.
    Ke mi znaci da spodeli nekoj iskustvo ako e vo slicna situacija ili pominal niz ova.
     
  19. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.699
    Пол:
    Женски
    Mene mi pukna hematom vo 23 nedela isto subhorjalen od terapija primav utrogestan na osum casa I progesteron depo na cetiri dena I magnezijum citraten za brzo se povlece krvarenjeto no jas si ja prodolziv terapijata isto do kraj. Ne znam zosto ne ti kazale deka koga I'ma krvarenje utrogestanot ne se koristi vaginalno nego oralno. Pobaraj si drugo mislenje moze ti treba korekcija vo terapijata.
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски

    Да секако, додека имаше активно крварење утрогестснот го пиев, сега кога е кафено како исцедок по малку или сукрвица докторката вика дека е подобро вагинално зошто со пиење според неа и последни остражувања ефектот е многу мал скоро никаков