Здравоо, вие што примавте прогестерон депо еднаш неделно, зарсди сукрвица, до кога ги примавте? Цела бременост или?
Мислам дека се примаат цело прво тромесечие. Мене сеуште ме боцкаат, а нареден преглед ми е тек во втората недела од јануари па тогаш би знаела повеќе.
Мене во Систина мо рекоа дека нема штета да се примаат до касни 20ти недели, поткрепа е за плодот во секој случај
Zdravo, pred 2 dena imav krvarenje vo bledo rozeva boja. Maticnata mi dade utrogestan od 200mg 2x1 dnevno vaginaleti i mi preporacha strogo da miruvam. Megjutoa vchera imav sabajleto crvena krv, ne premnogu ama i na gakjite imashe. Ispanichiv i zaminav vo sistina kade me pregledaa i mi kazhaa seka e se vo red so plodot i sum 6 nedela i 3 dena. Mi stavija progesteron depo inekcija i mi dadoja dabroston tableti da pijam 2x1 dnevno. Vchera nemav krvarenje epten malku rozevko, no sabajlevo povtorno crvena krv i na gakjite. Preplashena sum bidejki mi e prva bremenost. Kolku vreme ste krvarele?
Само мирувај лежи и станување до wc, и мене ми е прва бременост од 5та недела до 12та недела неколку пати крварев, во 9та и ептен обилно чиста црвена крв потоа до крај на 12та кафен исцедок цело време. Од докторите од систина советот беше легни и одмарај, станување само до вц. Сега веќе влегов во 14та сеуште мирувам но се е смирено. Смири се и психички мене ова ми беше најтешкиот дел и се ќе биде во ред Прогестерон депо и утрогестан, ц вит и магнезиум.
Девојки како сте? Имам едно прашање, малце сум уплашена... Ми касни веќе 15-16 дена, направив тест 2 убави покажани линии.. ПОЗИТИВЕН.. Огромна среќна Веќе 4-5 дена имав кафеав секрет, а денес веќе имам повеќе кафеаво дури и како крв. Што се дешава... Btw. закажана сум на гинеколог во четврток, ама дотогаш не ми се чека, мие страв што се дешава.. Некој со слично искуство? Совет? Можно е да се испуштив? Последниот циклус ми заврши на 23.11
Јас мислам да се јавиш веднаш на доктор да те прагледаат,немора да значи дека е нешто страшно мислам дека ако не дај боже си имала спонтан ќе биде обилно крварење. Сепак ако си во можност оди уште денес на преглед, макар и на приватно,Систина,Ре Медика, било каде.. или јави се веднаш кај матичната мора да те прими во таква состојба ..да си бидеш мирна,да не бидеш под стрес до четврток а и сигурно ќе ти дадат веднаш да почнеш со терапија за поддршка.
Ништо мила, сега си идам од гинеколог, нема срцева реакција... Ми дадоја упут за на болница за чистење.... Плачам Како оди тоа? Што се дешава... Покрај сите случки во битолската болница ми е страв да одам.... 6недела и 3 дена сум била веќе
Жал ми е .. не очекував ваков резултат .. ако ти е страв,побарај уште едно мислење за секој случај .. плодност ти е во Битола,обрати се таму .. навистина незнам што да ти кажам .. а зарем не е премногу рано? Па срце некои слушаат дури во 8 недела.. нека кажат по искусните мислење .. а се виде ли нешто на ехо ..?
I kaj mene bese taka, nemase srceva reakcija,duri ni plod ne se gledase, mi dadoa i upat za cistenje. Ama sreka poslusav i drug sovet, pocekav. Tek vo 8ma nedela vidoa plod i srceva reakcija. Sega sum skoro 29ta nedela. Ova e moeto iskustvo.... A drugo se gleda li na eho?
И јас мислам така ... Јас во 6 недела (сега сум веќе 12та) имав крварење обилно, со ин витро сум .. од тогаш на 10 дена еднаш обавезно имам по некоја капка кафеав исцедок ама имам и мало хематомче, примам терапија утрогестан и прогестерон депо, мирувам,лежам цело време .. срце слушнавме во 6 недела и некој ден ама имам примери каде што слушнале во 8 недела .. јас мислам членката да побара и друго мислење..
А плодчето колку мм е? Јас во 6та недела + 2,3 дена слушнав срцева со третово, 5.5мм беше и едвај му фати срценце (рече матичната дека тек се активирало). Бев наредна недела на 7+4, веќе 11.9мм пораснато и срценцето уште поубаво се слушна. Едит: Најдов баш еве од првото документ, каде по менструација 6+5 сум била, а плод одговарал на 5+5, сеуште без срцева, ама било 3.8мм. На наредна контрола веќе имаше... Барај уште едно мислење..
Девојки еве ме, ова мислење ми беше кажано од матичен гинеколог.. Сеуште имам благо крварење онака. После ќе одам во Плодност на второ мислење да видиме таму што ќе кажат. На ехо рече дека не се гледа ништо и дека назад ми била матката, а големината била мала за 6тата недела моја. Не се сеќавам точно како рече, ме пресече со муабетоот.
Не брзај никако! Кај мене во 8ма недела се чу срце толку рана недела ако не дај боже не се фати убаво плодот сам ќе се исчисти. Отиди и до плодност утре чуј и таму мислење јас мислам да не избрзуваш за чистење, што толку форсираат гребење чепкање на рани недели........ па таа матка допрва треба да раѓа бре